Бесплатни прегледи за рана детекција на рак на кожа во Гевгелија - Канал 5

Бесплатни прегледи за рана детекција на рак на кожа во Гевгелија

Во рамки на европската кампања за рана детекција на рак на кожата, како една од најзастапените форми на рак во светот, утре и задутре од 13 до 15 часот во Општата болница во Гевгелија ќе се вршат бесплатни дермоскопски прегледи.

Бесплатни прегледи за рана детекција на рак на кожа во Гевгелија

-Ракот на кожата, кој најчесто е предизвикан од прекумерно небезбедно изложување на сонце, може да има добра прогноза и висок процент на излекување, но за жал свеста за неговите симптоми моментно е ниска и претставува ризик за можностите за витално рано откривање, рече докторката Софија Гугова од амбулантата за кожни и венерични болести при Општата болница во Гевгелија.

Посочи дека гевгелиската болница се приклучила на кампањата за бесплатни дермоскопки прегледи и совети за заштита од сонцето, од причина што токму тие се клучни за превенција, рана детекција на меланомот и негово лекување.

Ракот на кожата најчесто се јавува кај луѓе над 50 годишна возраст што не значи дека и другите не треба да бидат засегнати, вели Гугова и додава дека меланомот е меѓу шесте најраспространети типови на карцином и еден меѓу дваесетте најчести причинители за смрт од рак, според заедничката изјава на Европката академија и на македонското здружение на дерматовенеролози.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младеновска: Клековски призна: „Црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар - оставка веднаш!

Министерот за здравство Сашо Клековски  призна дека „црвените светла“ се запалиле со задоцнување во Гостивар.

Младеновска: Клековски призна: „Црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар - оставка веднаш!

Клековски призна дека институциите задоцниле, ама не затоа што сакаше да ја каже вистината туку затоа што не може да ја сокрие непособноста.

Во болницата во Гостивар веќе помош побарале над 4.000 граѓаните, се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна.

Ова признание на Клековски не ја намалува вината, туку ја потврдува. Ова е признание за целосен колапс на системот под водство на Мицкоски и неговата криминална организација.

Колку време му требаше на Клековски да признае дека задоцнија со реакција, дека потфрлија во тоа што е основна обврска на секоја Влада - да се грижи и да ги штити граѓаните?

22 дена Гостиварчани пиеле загадена вода - илјадници граѓани се разболеа.

Денови поминаа откако прогласија епидемија и дека водата е неисправна во повеќе населени места.

Денови поминаа откако уште во 6 други градови и населени места водата е исто така загадена.

Денови откако белата пена почна да тече низ Лепенец и Вардар. Денови откако институциите велеа дека ќе дојдат „за пет дена“ да ја проверат водата.

Кога веќе призна за Гостивар, Клековски треба да признае и за водата во Болницата за белодробни болести во Лешок, наместо да ги извртува фактите и да предизвикува катастрофа.

Анализата во Лешок е направена од Центарот за јавно здравје во Тетово, согласно Националната годишна програма. Резултатот е пратен до Агенцијата за храна и до Министерството за здравство.

Прашањето е дали постапиле овие институции кога го добиле резултатот или повторно црвените светла задоцниле? Дали се известени пациентите, персоналот, дали се презеле мерки за нивна заштита?

Или и во овој случај ќе се чека да поминат денови, па откако ќе ескалира проблемот ќе слушаме признавања дека системот затаил?

Опасни се изјавите на Клековски со кои сака да го релативизира проблемот.

Вели диспанзери имало во Лешок, а како се одржува хигиената во болницата? Со каква вода медицинскиот персонал ги мие рацете?

Со каква вода се одржува личната хигиена на пациентите што се хоспитализирани?

Ниту едно признание нема да ги заштити граѓаните ако по него не следуваат оставки и одговорност.

Признанието на Клековски не дојде од совест.

Дојде затоа што веќе секој граѓанин со свои очи ја виде вистината - оваа власт им го загрози здравјето, ја отру државата.

И сега, кога конечно признаа, кој ќе одговара за задоцнетите реакции, за загрозеното здравје на граѓаните?

Мицкоски? Клековски?

Граѓаните немаат ништо од ова признание за црвените светла. Не се виновни црвените светла, туку луѓето што носат одлуки. А одговорност сè уште никој не ја презема.

Мора да има целосно утврдување на одговорноста, оставки од Клековски, Андоновска, Миланов и итни контроли и анализи на квалитетот на водата во целата држава, рече Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат

Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира.

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат

Венко Филипче и актуелното раководство на СДС немајќи идеи што да прават ги користат актуелните настани за добивање само политички поени на нивна сметка.

И скандалот во Гостивар каде токму тие со нивните партиски другари од ДУИ и Арбен Таравари се локална власт, наместо да ги погледнат своите редови и конкретно сега да побараат одговорност од градоначалникот, тие шират лаги и делат лекции.

Колку за илустрација, деновиве излегоа и со информација дека и водата во Валандово не била безбедна за пиење. Но, вонредните анализи покажаа нешто сосема спротивно од тврдењето на СДС.

И не само тоа се виде и колку СДС кога биле власт во Валандово не работеле, односно дека во тој период не се правеле ниту редовните анализи на квалитетот на водата кои се прават два пати годишно.

Им порачуваме на СДС да бидат мирни, бидејќи во моментов надлежните си ги реализираат соодветно активностите, а за тоа говорат и фактите.

Бројката на граѓани во Гостивар, кои бараат лекарска помош во здравствените установи се намалува, а деновиве граѓаните ќе имаат и технички исправна вода или вода која може да се користи за миење, санитарни потреби и одржување на домаќинствата. Кон крајот на следната недела пак, според проценки на надлежните треба да имаат и вода со соодветен квалитет за пиење.

Тоа што е важно за граѓаните е дека се прават максимални напорни за стабилизиање на ситуацијата во Гостивар, а тоа што СДС се јавува со прес конференции на кои дели совети, а често и лаже треба да разберат дека е на штета на нив.

Рејтинг не се прави со лаги!, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Скопје се сеќава…

На денешен ден, пред 63 години, во 5 часот и 17 минути, времето за Скопје застана.

Ѓорѓиевски: Скопје се сеќава…

За само неколку секунди беа згаснати повеќе од илјада човечки животи, разурнати домови и разделени семејства.

Зад секоја бројка остана нечие дете, родител, сопруг, пријател, нечиј цел свет.

Денес, со длабока почит, се поклонуваме пред споменот на жртвите.

Нивната болка е вградена во темелите на нашиот град, а обврската да не ги заборавиме е вечна.

Но, од правот, урнатините и солзите се роди надеж.

Светот му подаде рака на Скопје, а градот, како феникс од пепелта, повторно се издигна и стана симбол на човечноста и светската солидарност.

Скопје повторно беше изградено со љубов, храброст и подадени раце од целиот свет.

Денес, наша должност е да продолжиме таму каде што застанаа генерациите пред нас - да го чуваме, унапредуваме и градиме со визија, одговорност и љубов кон секој негов дел.

Да создадеме современо, безбедно и достоинствено Скопје, град што ќе го почитува своето минато, но храбро ќе ја гради својата иднина.

Затоа што најголемата почит кон оние што ги загубивме е да создадеме град достоен за нивниот спомен и за генерациите што доаѓаат.

Скопје памети. Скопје тагува.

Но Скопје никогаш не престанува да живее, да се обновува и да чекори напред.

Нека е вечен споменот на жртвите од катастрофалниот земјотрес.

Нека живее Скопје - градот на солидарноста, надежта и непокорот, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер