Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
2МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЗдравјеБесплатната вакцинација против сезонски грип почнува утреСтанува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27.000 вакцини се од „Mylon Abot", а 1.000 вакцини од „Sanofi". Бесплатно вакцинирање против сезонски грип со кое се опфатени постари лица на возраст над 65 години, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години и хронично болни, почнува утре во центрите за јавно здравје, каде ќе се одвива во две смени, како и во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петров и во Чаир, каде ќе се одвива во периодот од 14 до 18 часот. Бесплатното вакцинирање против сезонски грип во Центарот за јавно здравје – Скопје ќе се одвива и во сабота од 7 до 14 часот. Станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27.000 вакцини се од „Mylon Abot", а 1.000 вакцини од „Sanofi". Бесплатното вакцинирање против сезонски грип денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со директорите на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока ја посети Поликлиниката Букурешт. – За оваа сезона набавивме 28.000 вакцини од кои 27.000 се за возрасни, а 1.000 се за деца. Потребно е секој кој е заинтересиран и влегува во една од овие групи да закаже преглед преку системот „МојТермин" кај матичниот лекар и бесплатното вакцинирање ќе се спроведе во еден од трите пунктови во рамките на Здравствениот дом Скопје, во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петрови и во Чаир. Дополнително на овој број набавени се уште 20.000 вакцини во рамки на центрите за јавно здравје, каде кој било граѓанин може комерцијално да ја купи вакцината и да биде вакциниран, рече Филипче. Апелираше да се вакцинираат сите кои влегуваат во овие ризични групи, поради тоа што станува збор за модерна четиривалетна вакцини која ги покрива сите можни причинители на грипот кој според епидемиолошките карактеристики се очекува да владее во регионот и во нашата земја. – Ова претставува ефикасна заштита посебно за хронично болните и постарите лица. Ова е втора година во која Министерството за здравство одвојува посебна сума средства за да обезбедиме вакцина за заштита од грип, додаде Филипче. Директорот на Здравствениот дом – Скопје, Виктор Исјановски рече дека трите поликлиники каде вакцинацијата ќе се одвива од понеделник до петок од 14 до 18 часот и ќе бидат покриени со екипи од превентивната заштита. – Од денеска „МојТермин" е отворен и има закажувања и од утре екипите ќе почнат со работа. Точната бројка вакцини е меѓу 2.500 и 2.800. Овие тимови ќе бидат дополнително платени, додаде Исјановски. Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека проценката за количината вакцини против грип била направена врз основа на интересот од минатата година и сметаат дека ќе биде доволна. – Најавена е една донација вакцини од Центарот за истражување во САД преку една нивна фондација и ако е потребно ќе стигнат во нашата земја. Сметам дека нема воопшто простор да се плашиме дали ќе има или нема да има вакцини. Во однос на интересот во текот на вчерашниот ден околу 6.000 луѓе се пријавија да ја примат вакцината, истакна Филипче. Одговарајќи на новинарско прашање тој потенцира дека ако се наметне потреба секое лице кое е неподвижно и спаѓа во ризичните групи на што ќе укаже матичниот лекар, може да се јави на телефонскиот број 194 во Службата за Итна медицинска помош, кои ќе организираат негов транспорт до местото каде се врши вакцинацијата. – Нема да има вакцинирање на друго место освен во пунктовите и во центрите за јавно здравје, додаде Филипче./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини повторно се соблече И покрај негативните коментари на социјалните мрежи, холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот. Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување. Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка. View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите. Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата: Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки. „Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“. Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните. Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен. Изглед што потсетува на раните 2000-ти. Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПутин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 денаРускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори. „Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите. -Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС. Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена. Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија. Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог. „Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков. Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook