Бесими: Зголемувањето на минималната плата e системско и одржливо решение

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека зголемувањето на минималната плата не значи само еднократен пораст на минималната плата, туку дека се предлага едно системско и одржливо решение преку новата методологија за усогласување на минималецот.

-Зголемувањето на минималната плата од 15.200 денари на 18.000 денари е еднократно зголемување на минималната плата со цел да се зголеми учеството на минималната во просечната плата. Но, она што е клучно е дека станува збор за системско решение преку новата методологија за усогласување на минималната плата со 50 проценти од порастот на просечната плата и 50 проценти од процентот на индексот на живеење, истакна Бесими во интервју за „Агенда 35" на МРТ.

Се очекува, вели Бесими, тоа да влијае на зголемување на продуктивноста, како и на конкурентноста на економијата. Ова, смета тој, е мерка којашто се надополнува на мерките што се преземаат за поддршка на стопанството, зајакнувањето на човечкиот капитал и конкуреноста, а со тоа и на стапките на раст.

Годинава, главни предизвици кои ќе влијаат на проекциите на раст, според Бесими, се енергетската криза и цените на европските пазари.

– Како и за време на пандемијата, кога креиравме и реализиравме пакети за поддршка придонесувајќи падот на БДП да биде ублажен за 4,2 проценти во 2020 година, реагиравме проактивно и во однос на енергетската криза. За да нема застои и да се обезбеди редовно снабдување на електрична енергија и цената на регулираниот пазар да биде ублажена, во ноември и декември 2021 година се обезбедени 90 милиони евра и во текот на оваа година околу 80 милиони евра. Дополнително една од мерките беше и намалувањето на ДДВ за електрична енергија, потоа пониската цена која ја понуди ЕСМ од цената на чинење, за да нема поголем раст на цената на електричната енергија кај домаќинствата. Друга мерка е и поддршката на ранливите категории кои добиваат поддршка за електрична енергија и опфаќа над 35.000 домаќинства и 9.000 пензионери, како и мерката за енергетска сиромаштија што се спроведува откако по прогласување на енергетската криза, потенцира Бесими.

Вели дека во кризен период треба да се реагира веднаш и ургентно за да се спаси економијата и да се ублажат ефектите, а на среден рок да се постават темелите на фискалната одржливост.

– Тоа го направивме минатата година во Буџетот во 2021 година каде дадовме една петгодишна рамка. Буџетскиот дефицит од 8,2 проценти во 2020 година, во 2021 година го намаливме на 5,4 проценти, а беше проектиран на 6,3 проценти. Оваа година имаме проекција на буџетскиот дефицит од 4,3 проценти и со проекција до 2026 година да се сведе на ниво од 2,2 проценти. Тоа значи дека помал буџетски дефицит со повисоки стапки на раст ќе придонесе кон намалување на јавниот долг. Притоа на среден рок проектиравме забрзување на економскиот раст. Ако во 2021 година очекувавме 4,1 проценти (или повеќе), во 2022 година проектираме раст од 4,6 проценти и истиот во наредните години да надмине 5 проценти на годишно ниво, посочи Бесими во интеврјуто

Потрошил 14.000 евра за да стане куче, а сега повторно шокира со новиот кучешки костум (ВИДЕО)

Претходно пишувавме за Јапонец, кој се крие зад прекарот Токо.

Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за куче, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.

Сега тој повторно го шокира светот, откако претстави хиперреалистичен костим на маламут од Алјаска што му овозможува да прави „нови трикови“.

Потсетуваме, Јапонците ангажираа експерти од компанијата „Цепет“ на кои им биле потребни 40 дена за реализација на проектот.

Му дале импресивен костим на овчарско куче со густо крзно и анатомски исправни екстремитети, но неговата глава била „најслабиот“ елемент.

Сега Токо претстави нова инвестиција, а костимот од Alaskan Malamute изгледа импресивно, со можност за движење на опашката и устата, пренесува Oddity Central.

Тој признава дека ја крие својата страст од пријателите, семејството и колегите на работа, плашејќи се од суд, но не планира наскоро да се откаже од хобито.

Ако ништо друго, се чини дека тој е сѐ повеќе и повеќе опседнат со кучешкиот живот секој ден.

„Жешката“ полицајка која му играше во скут на шефот доби отказ, но не за снимката (ВИДЕО)

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое таа танцува во скутот на тогашниот шеф.

Оттогаш поминаа три години, а жената сега е отпуштена - од други причини, објави Дејли Стар.

По жешкото видео од забавата, Вера продолжи да работи во службата, а нејзиниот шеф бил префрлен на ново работно место.

Сепак, иако не добила отказ, по две години од егзотичното танцување, Вера била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне кога бил запрен поради возење во пијана состојба.

Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси затоа што го фатиле, велејќи дека „не ја завршиле добро работата“.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа боса втрчала во станицата и врескала дека е полицајка.

Таа барала да ѝ кажат зошто мажот е уапсен.

Истрагата покажала дека полицајците направиле сѐ по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.

„Тато, згрешив, се срамам што те посрамотив тебе и семејството“, му рекла Вера на својот татко и додала дека сѐ „требало да биде шега“.

„Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек, извини“, рекла поранешната полицајка.

Во куќата на нацистички лидер се пронајдени човечки остатоци- сите немаат шаки и стопала

Група аматерски истражувачи пронашле коски од пет луѓе во куќа која некогаш му припаѓала на еден од најблиските соработници на Хитлер - Херман Геринг.

Остатоците се пронајдени во трошна зграда во близина на поранешното седиште на Адолф Хитлер, Волчјо дувло, во денешна Полска, пренесува Der Spiegel.

Во густо пошумена област покриена со бункери, националсоцијалистите изградиле добро обезбеден квази-мал град за нивното раководство - вклучувајќи кино, чајџилница и противвоздушни станици.

Речиси 80 години подоцна, Волчицата била обрасната со плевел и природата ги „голтнала“ куќите, а се верувало дека урнатините на куќата што некогаш ја користел Геринг биле добро истражени. Меѓутоа, кога археолози аматери од Полска и Германија почнале да бараат под дрвениот под, ископале човечки череп на длабочина од десет сантиметри.

Веднаш повикале полиција, но немало докази дека таму е извршено неодамнешно злосторство. Тогаш тимот истражувачи, предводен од Октавијан Бартошевски, почнал да копа понатаму. Како што пишува Der Spiegel, пронајдени се останките на уште три лица, тинејџер и бебе.

„Можеби се работи за семејството кое било погребано во куќата на Геринг, пишува Der Spiegel.

Засега не е јасно чии се посмртните останки. Можно е дека остатоците веќе биле таму за време на изградбата на куќата, како што знаел фелдмаршалот Рајх. Меѓутоа, можно е и овие луѓе да дошле во Волчицата по завршувањето на Втората светска војна.

Полското јавно обвинителство сега сака да утврди дали масовното убиство има врска со нацистите.

Она што ги загрижува сите е тоа што на сите скелети им недостасуваат шаки и стопала. Постои можност коските да изгниле во текот на децениите, но и некој да им ги отсекол екстремитетите.

притисни ентер