Бешлиоска: Во земјава недостасуваат 6 000 медицински сестри, состојбата мора итно да се менува - Канал 5

Бешлиоска: Во земјава недостасуваат 6 000 медицински сестри, состојбата мора итно да се менува

Во земјава недостигаат околу 6 000 медицински сестри, поради што од Унијата на здруженијата на медицински сестри, апелираат отворање на конкурси за вработување на ваков кадар. 

Бешлиоска: Во земјава недостасуваат 6 000 медицински сестри, состојбата мора итно да се менува

Македонија се соочува со дефицит од медицински персонал. Околу 6.000 медицински сестри недостасуваат во македонското здравство, велат од Унијата на здруженија на медицински сестри. Според нив, главната причина за недостатокот е поради тоа што како што велат, не се вреднувал нивиот труд за време на студирањето, а студентите кои се стекнуваат со диплома за медицински сестри, по завршувањето на образованието не добиваат лиценца за работа.

Ако сестрите завршуваат и се квалификуваат како високи стручни, а во болниците не им го признаваат образованието, како сакаме да има медицински сестри? И како сакаме да не заминуваат? Тие сега не заминуваат само во странство и во приватните клиники – заминуваат од професијата.

Бешлиоска додава дека за да се надмине ваквата ситуација е потребно да се направат измени и дополнувања на законот за здравствена заштита и да има постојано огласи за вработувања. Според неа, недостатокот на кадар не се должи само на платите, туку и на работната средина.

Значи не може да испраќате сестри континуирано во пензија, да имате отсуства породилни, а за нив да не добивате замени континуирани. Не може да бидат централизирани работите за финансиски согласности.

Сестрите се што се образуваат да ги следуваат образовните квалификации во болниците, да добијат лицнеци, да имаат одговорности, да одговараат за тоа што го работат.

Платите се на трето место како причина поради која го напуштаат. Што ако имате вие платени медицински сестри, а немате признаено образование?

Одлив на здравствен кадар во други земји има и во сите земји од регионот, но и во земјите на ЕУ, пренесува Европската новинска редакција. Во Бугарија недостигаат речиси 17.000 медицински сестри, а во Хрватска бројката е околу 4 илјади. Во меѓувреме, Во Германија 20% од медицинските сестри се странци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Охрид се огласи по повод притворот на Кристијан Корабоски

Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела.

ОЈО Охрид се огласи по повод притворот на Кристијан Корабоски

Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела - Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста.

При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена.

Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди.

Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката, соопшти Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара

Повторно е приведен Кристијан Корабоски, 31, годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 – годишна девојка, Сара Ѓорѓиоска.

Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара

Повторно е приведен Кристијан Корабоски, 31 – годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 – годишна девојка, Сара Ѓорѓиоска, и неофицијално полусвесна ја исфлил пред маркет од автомобилот. Според информациите од истрагата, приведувањето на насилникот се должи на новонастанати околности, меѓу кои е и изјавата пред обвинител попладнево на претепаната девојка. Воедно, според изворите на Канал 5 се очекува Корабоски да заврши и во притвор, откако првично, по барање на обвинителството, доби само мерки на претпазливост. Што се однесува до тоа дали ќе има преквалификација на делото нанесени „тешки телесни повредени“ во потешко дело како „обид за убиство“, републичкиот обвинител Ненад Савески, рече дека ќе зависи од доказите кои се прибираат.

„Доколку би одговорил на вашето прашање, да утврдам јас правна квалификација, тоа би се свело на мое шпекулирање, бидејќи правната квалификација произлегува од сето она што ќе се собере на истражната постапка.“

„Собери ги сите познаници, да го прикроиеме нештово и да се одслободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“ – е разговорот кој го слушнала Сара во автомобилот помеѓу насилникот и неговиот татко, инспектор во УЈП, според обвинувањата на нејзината мајка која ги изнесе на социјалните мрежи. Таа обвинува и дека се правеле обиди за прикривање на случајот преку неговите родители, нагласувајќи дека негова мајка е Љубинка Корабоска, поранешна – претседателка на антикорупциска. Дополнително, според тврдењата, и неговата тетка се јавувала во болницата каде што е сместена за да влијае врз медицинскиот извештај и да се прикаже дека имала полесни повреди. Савески кажа дека се истражуваат и овие наводи.

Братот на Сара, Димитар, за Канал 5 вели дека како семејство имале долга ноќ, стравувајќи за неговата сестра оти осомничениот бил пуштен. Дополнително, сподели и дел од она што Сара го поминала ноќта.

„Сара најпрво кажа дека настанало од што почнал да вози брзо. Сара кога се освестила малку, слушнала како прашува напаѓачот како да се спаси од делото, ни кажа дека го зела телефонот да бара помош и рекле да молчи оти ќе биде убиена. Го зела од дечкото телефонот, затоа што нејзиниот веќе бил уништен. Цела ноќ никој не спиеше, сестра ми ми вика дека секој звук што го слуша, стравува дека некој ќе влезе, и ние подолг период останавме пред болницата и мораше да сме тука во близина.“

Според семејството на Ѓорѓиоска, насилникот дивеел возејќи со огромна брзина, воедно, не ја пуштал Сара да го напушти возилото, во кое таа барала прекин на нивната врска. Набргу следел и физичкиот напад од Корабоски, за кој полицијата портврди дека бил под дејство на алкохол, измерени му биле 1,29 промили, па и за возењето во алкохолизирана состојба, потврдија од СВР, ќе добие кривична пријава.

Во меѓувреме, според информациите, пуштен е таткото на Ѓорѓиоска, кој беше приведен по пријавата на мајката на осомничениот, оти по претепувањето на неговата ќерка, според пријавеното, телефонски им се јавил и им се заканувал на целото семејство. За него според најавите, исто така ќе има постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево време со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Утре сончево време со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

8 Попова Шапка, Ѓуриште, 9 Тетово, 10 Лазарополе, 11 Крушево, Зајчев Рид, 12 Крива Паланка, Скопје Петровец, 13 Струмица, 14 Претор, Гевгелија, Демир Капија, Велес, 15 Прилеп, Штип, 16 Охрид, Кавадарци, Виница, Берово, 18 Битола.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

10 Лазарополе, 8 Пожаране, 4 Попова Шапка, Крушево, 2 Тетово, Велес, 1 Прилеп, Охрид.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот наместа ќе има повремени локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе престанат.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од среда ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а во среда и четврток во западните делови повремено силен ветер од јужен правец (над 80 km/h).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер