Беше прогласена за најубава актерка во Турција, ја запознавме како Ѓумуш и ни се враќа во турската хит серија „Сарајот на Серџе“ (видео) - Канал 5

Беше прогласена за најубава актерка во Турција, ја запознавме како Ѓумуш и ни се враќа во турската хит серија „Сарајот на Серџе“ (видео)

Турските серии веќе одамна не освоија, но колку знаете за вистинскиот живот на нивните актери?

Веројатно не толку многу, па затоа ќе ви ја претставиме турската ѕвезда Сонѓул Оден која ја паметиме по улогата на Ѓумуш, а сега повторо ќе ја гледаме на малите екрани со главната улога во хит серијата „Сарајот на Серџе“.
Сонѓул Оден е турска актерка родена на 12.02.1979 година во Дијабакир. Иако е родена во Дијабакир, градот на југоисток на Турција, речиси веднаш се преселила во Анкара, каде го поминува детството. Тоа што е интересно во нејзината биографија, е дека му припаѓа на народот Заза од иранската јазична група, а кои се вкупно ги има најмногу два милиони. Од секогаш сонувала да стане актерка, а соништата и ги остварила дипломирајќи на Турската академија на драмски уметности.
Како што обично сите турски имиња имаат значење, така има и името Сонѓул. Имено, Сонѓул во превод означува врста на цветот на розата а со оглед на нејзината несекојдневна убавина со која природата ја надарила набрзо станала позната по прекарот „Розата на Турција“.
YouTube video

Иако нашата публика имала можност да ја гледа на малите екрани, Сонѓул во Турција најпрво е позната како театарска актерка со оглед на тоа дека одиграла голем број впечатливи улоги во театарот. Исто така, во текот на кариерата успеала и како модел, снимајќи за некои од најпознати светски брендови. Во 2014 година склопила договор со престижната германска козметичка куќа “Schwarzkopf” и ги рекламираше нивните бои за коса Palett, а рекламните спотови со Сонѓул беа емитувани во 33 земји до светот.
Глумела во неколку филмови со познати турски актерски ѕвезди како што се Халит Ергенч, Џансу Дере и Езги Асароглу. Голем љубител е на мачките, а нејзиниот миленик има невобиачено име –Екрем.
Улогата во серијата „Ѓумуш и ај донесе славата, дел е и од турската верзија на „Очајни домаќинки“, а со улогата на Серџе во новата хит серија која ќе можете да ја гледате од понеделник во петок во 17:00 часот на Канал 5 повторно ќе се вљубите во оваа прекрасна актерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Курти низ задниот влез го напушти собранието поради демонстрантите за ОВК, го изведе обезбедувањето (ВИДЕО)

Премиерот на Косово, Албин Курти, вечерва ја напушти зградата на парламентот низ задниот излез, бидејќи пред парламентот сè уште беа собрани поддржувачи на ОВК.

Курти низ задниот влез го напушти собранието поради демонстрантите за ОВК, го изведе обезбедувањето (ВИДЕО)

Курти го напушти парламентот низ задниот излез, во придружба на обезбедувањето, објави Косово-онлајн.

Претходно, Курти и Хамза одржаа состанок, откако косовското собрание ги усвои измените на Законот за специјализирани совети во прво читање, но тој заврши без договор.

Курти го замоли Хамза прво да гласа за претседателот, а потоа да продолжи со гласање за Законот за специјализирани совети во второ читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тинејџер остана без дланка за време на судирите со полицијата во Франција (ВИДЕО)

Петнаесетгодишно момче остана без дланка во судирите меѓу средношколците и полицијата за време на интервенцијата за растурање на демонстрациите во северна Франција, соопшти локален функционер. 

Тинејџер остана без дланка за време на судирите со полицијата во Франција (ВИДЕО)

Инцидентот се случи денеска, еден ден пред националниот протест организиран од ученичките синдикати поради недоволното финансирање, пренатрупаните училишта и лошите услови во образовните установи.

Локалните медиуми објавија дека 15-годишниот тинејџер ја загубил дланката и дел од подлактницата откако активирал полициска шок-бомба во градот Ленс, која потоа експлодирала, додека протестите на учениците влегувале во третата недела.

YouTube video

Шест месеци пред изборите за наследник на претседателот Емануел Макрон, неговата влада и крајно десничарското национално Собрание, предводено од водечкиот претседателски кандидат Марин Ле Пен, ги обвинија пратениците и градоначалниците од крајно левичарската партија „Непокорна Франција“ за поттикнување на протестите, што партијата го негира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина и Германија потпишаа договори вредни 8,5 милијарди евра

Украина и Германија потпишаа петнаесет договори во вредност од 8,5 милијарди евра, објави претседателот Володимир Зеленски денеска на Телеграм.

Зеленски: Украина и Германија потпишаа договори вредни 8,5 милијарди евра

Украина и Германија потпишаа петнаесет договори во вредност од 8,5 милијарди евра, објави претседателот Володимир Зеленски денес на Телеграм, заблагодарувајќи им се на Германија за нејзината поддршка и на германскиот канцелар Фридрих Мерц за неговата посета.

„Важни договори меѓу Украина и Германија што ќе ги зајакнат двете земји и нашите индустрии. Петнаесет договори, договори во вредност од 8,5 милијарди евра. Области на борба против беспилотни летала - пресретнувачи и мали ракети, радари, NRC, артилерија, ќе работиме колку што е можно повеќе на воздушната одбрана и зголемување на производството на ракети за системите Патриот во Германија. ФРЕЈА. Поддршка за енергетскиот сектор“, рече тој, пренесува Укринформ.

Според Зеленски, Германија ѝ помага на Украина за време на оваа војна.

„Сега Украина испраќа одбранбени и други нарачки, кои ќе им ги обезбедиме на компаниите во Германија. Ова ќе биде сериозен придонес. Ви благодарам, Фридрих, за посетата. Ви благодарам на Германија за поддршката“, додаде тој.

Како што објави Укринформ, Украина тестира мала ракета Ника и заеднички брз SPYS дрон со Германија за пресретнување на руски млазни беспилотни летала.

Зеленски вчера, на заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Киев, изјави дека Украина и Германија потпишале 15 договори и документи за безбедносна соработка, производство на оружје и набавка на оружје од германската индустрија, со вкупна вредност од над 8,5 милијарди евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер