СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота
1СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
2Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота
Шоу бизБеше кралица на Холивуд, се додека ќерка и не го уби нејзиниот љубовник!Лана Тарнер беше кралица на Холивуд а нејзиниот живот беше повозбудлив од секој холивудски филм...Лана Тарнер била случајно забележана во продавница за сокови од познат холивудски издавач. Имала само 16 години но нејзината убавина го восхитила издавачот на „Hollywood Reporter“ кој ја упатил кон Зепо Маркс, главниот холивудски агент во тоа време. Почнала нејзината успешна кариера, убавицата станала крлаица на Холивуд. Кариерата и се разнишала под притисок на телевизиската конкуренција во 1956 година. Лана тогш имала 35 години. Во тешките денови го запознала згодниот Џон Стил, кој всушност бил озлогласениот мафијаш Џони Стомпанато, позната фигура во мафијашкото подземје на Лос Анџелес. Лана се вљубила во него. Нивната врска била бурна и страсна, со насилни епизоди кога Стампанато ќе се почувствувал љубоморен. Кога Лана снимала филм со младиот и згоден Шон Конери, мафијашот поудел од љубомора, Стампанато се соочил со него токму на снимање на сцена за филмот и му вперил пиштол во главата! И можеби Конери ќе загинел, ако не реагирал веднаш! Легендата вели дека Конери му ја свиткал раката на Стампанато се додека пиштолот не му паднал, а потоа повикал полиција и сето тоа се одвивало пред камери. Никој не ја видел таа снимка, но Стампанато потоа бил депортиран од Велика Британија. Во Америка Лана и Стампанато повторно биле заедно. Нејзината кариера одела по нагорна линија, а таа била номинирана за Оскар за улогата во „Пејтон Плејс“. Кога му рекла на љубовникот дека на церемонијата нема да оди со него, туку со нејзината мајка и 14 годишната ќерка Шерил Крејн, го налутила. Тој бил свесен дека Лана се оддалечува од него, а таа дека мора да ја раскине врската со мафијашот ако сака да ја развива кариерата. На 4 април 1958 Стампанато отишол во домот на Тарнер каде биле и нејзината мајка и ќерка. И се заканувал на актерката дека ќе и го пресече лицето за да и ја уништи кариерата, а потоа и деа ќе ја бие. Кавгата која доаѓала од спалната соба ја слушнала нејзината ќерка. се плашела дека нејзината мајка а потоа и таа и баба и ќе бидат убиени. Го зела ножот и тропнала на вратата во спалната соба на мајка и. Отворил Стампанато. Има повеќе верзии што се случило тогаш. Некои тврдат дека Шерил била вљубена во љубовникот на мајка си и затоа го убила, девојката тврдела дека тој случајно се пробол на ножот кој го држела. Како и да е, мафијашот паднал во локва крв. Додека траело судењето, Шон Конери се криел, бидејќи мафијашката дружина на Стампанато ја поврзувала неговата смрт со наводната афера која Тарнер ја имала со Конери. Дури имало и шпекулации дека Конери го убил мафијашот а потоа убиството било припишано на 14 годишната ќерка на Тарнер бидејќи знаеле дека таа нема да биде осудена. По една година Тарнер го снимила последниот свој голем филм „Imitation of Life“. Ќерка и го прознала убиството и била ослободена. Сега е агент за недвижнини и новелист, има 72 години... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштијаСамо за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари. Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 илјади денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа. Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата. Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија. Наместо да ги зголеми платите арамијата размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници а Мицкоски над 100.000. Ова сурова реалност е одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни. Скопје, 21.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранцускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во саботаВо пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата.Во пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата во некои градови за време на немирите и насилствата од минатиот викенд. Откако вчера беше воведен полициски час во неколку критични области зафатени од минатонеделниот хаос, ноќва ширум Франција поминала мирно, велат властите. Во меѓувреме, досегашната проценета материјална штета од немирите и грабежите особено во Париз, Марсеј и Лион, се проценува на милијарда евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаОбвинителите бараат итно одлучување за намалените платиСоветот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат Уставниот суд итно да одлучи за намалувањето на коефициентите за пресметка на нивните плати.Во заедничко соопштение изразуваат сериозна загриженост поради осуммесечното непостапување по поднесените иницијативи.Тие ги оспоруваат измените на законите со кои платите на јавните обвинители и членовите на советот беа намалени во три наврати. Како аргумент го посочуваат и решението на Уставниот суд од 24 декември 2025 година, со кое беше поведена постапка за оценување на уставноста на законските измени.Во него судот изразил сомнеж дека намалувањето на коефициентите може да ја доведе во прашање уставно загарантираната самостојност и независност на Јавното обвинителство.Од јавнообвинителската фела предупредуваат дека одложувањето на одлуката создава диспаритет меѓу судската и јавнообвинителската функција.Според нив, намалувањето на платите е спротивно на европските стандарди за владеење на правото.Предупредуваат и на можен одлив на обвинителски кадар, што би можело да го загрози нормалното функционирање на Обвинителството. Како дополнителни проблеми ги наведуваат ниските плати, недостигот од кадар, ограничениот буџет и несоодветните услови за работа.Сметаат дека ваквата состојба директно може да се одрази врз остварувањето на правата и заштитата на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22