3Николоски: Започнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
Клековски: „Клексан“ со уште два лека против згрутчување на крвта може да го земате со рецепт од аптека
1Клековски: „Клексан“ со уште два лека против згрутчување на крвта може да го земате со рецепт од аптека
3Кучињата трагачи од целиот свет играат клучна улога во потрагата по преживеани во Венецуела, едно од нив успеа да спаси 25 луѓе.
СветБесент: САД не воведоа царини за Русија и Белорусија бидејќи се под санкцииАмериканскиот министер за финансии Скот Бесент денеска изјави дека САД не воведуваат царини за увоз на стоки од Русија и Белорусија, бидејќи производите од овие земји не се испорачуваат на американскиот пазар.„САД не тргуваат со Русија и Белорусија бидејќи тие се под санкции“, рече тој во изјава за Фокс њуз. Американскиот портал забележува дека САД сè уште тргуваат повеќе со Русија отколку со некои од земјите на списокот на царини, што синоќа ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, како што се Маурициус или Брунеи. Тагови: Доналд Трамп САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКлековски: „Клексан“ со уште два лека против згрутчување на крвта може да го земате со рецепт од аптека„Клексан“ со уште два лека против згрутчување на крвта може да го земате со рецепт од аптека, без рефундација во ФЗОМ како што беше досега.Од пред една недела, „клексан“ е на позитивната листа на лекови заедно со уште два лека против згрутчување на крвта и пациентите може да го подигнуваат од аптеките со рецепт од специјалист, и за него повеќе нема да има рефундација од Фондот за здравство. -Антикоагулансите беа достапни со рефундација. Отсега па натаму ќе бидат достапни на позитивната листа со рецепт. Тие се од 1.100 до 2.700 денари зависно од дозажата, а сега ќе бидат достапни за партиципација од 160 до 240 денари и еден од брендовите ќе биде без доплата. Третиот антикоагуланс „ривоксабан“ е за првпат на позитивната листа. Тој беше меѓу 2.000 и 2.200 денари, а сега ќе е достапен за партиципација од 160 денари. Во почетниот период доплатата за него ќе биде од 105 до 505 денари зависно од дозажата и бројот на таблети. Од 1 јануари 2027 овој лек ќе биде достапен без доплата само со партиципација – информираше Клековски. Заедно со „клексанот“ (еноксапарин), на позитивната листа друштво ќе му прават и антикоагулансите „надропарин“ и „ривороксабан“. За тие пациенти што купиле „клексан“ после 1 јули (во периодот од 1 до 15 јули), Фондот за здравство ќе врши рефундации на парите само за овој период, за да не бидат оштетени. Директорот на Фондот за здравство во заминување Сашо Клековски, информираше дека ова ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап. Клековски ги повика сите пациенти што нема да најдат лек од позитивната листа во аптеките веднаш да ја пријават аптеката во Фондот на мејлот. – Сè што е на позитивна листа мора да се издава на рецепт. Фармацевтските куќи велат дека некои аптеки не порачале доволни количини, но очекувам снабдувањето да се стабилизира. Пациентите не смеат да бидат вратени ако имаат рецепт. Сите три лека мора да ги издаде специјалист или гинеколог, ортопед, невролог, трансфузиолог, нема ограничување додека се држат до индикационите подрачја што се достапни – информираше Клековски. Директорот на Фондот за здравство во заминување, кој наскоро со реконструкцијата на Владата ќе стане прв човек на Министерството за здравство, вели дека трите антикоагуланси на позитивната листа ќе значат заштеда за граѓаните и олеснет пристап.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаМладите се врвен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕМладите се врвен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, образованието добива рекордни инвестиции и поголем буџет за поддршка на младитеНаместо да се пикаат по сокаци и ќошеви на партијата и пуштаат голобради деца со сомнително минато да зборуваат за образованието, доволен податок за тоа што ВМРО-ДПМНЕ има направено за образованието е тоа што по 7 години власт на СДС и ДУИ и максимална запоставеност, за прв пат уште во јуни има бесплатни учебници за сите ученици од септември. Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел Буџетот за наука од 380 милиони денари во 2024 го зголемивме на 773 милиони денари во 2026. Буџетот за високото образование во 2022 беше помалку од 3 милијарди денари, во 2026 за универзитетите има 8 милијарди денари. Стручното образование е унапредено, а дуалното системски уредено и регулирано со закон. Вклучени се 1000 компании во практична подготовка на учениците и отворени се 7 регионални центри за стручно образование и обука, а наскоро ќе се отвори и осмиот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ драстично ја зголеми поддршката за учениците со посебни образовни потреби, ангажирајќи 1350 образовни асистенти во основното и за прв пат 150 во средното образование. За да ги поддржиме младите кои сакаат да одат по патот на науката, и да ги задржиме тука, ги изменивме условите за стипендирање на студии на најдобрите 100 светски универзитети. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, затоа што тие се иднината на Македонија. Доделени беа 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома. Ги подобривме условите за образование и воспитание. Вложени се 70 милиони евра во образовната инфраструктура, по 35 милиони одвоија МОН и Владата за над 90 инфраструктурни проекти. Тоа што Македонија забрзува СДС, ДУИ и Левица ги прави несреќни, но тоа е концепт кој го подржуваат граѓаните и се додека е така Македонија ќе оди напред. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден започна со реконструкција на Домот на култура во н.м МралиноОпштина Илинден започна со реконструкција и санација на Домот на култура во населеното место Мралино, во рамките на програмата за обновување на домовите на култура на територијата на општината.Проектот предвидува комплетна обнова на кровната конструкција, поставување нов пластифициран лим, како и монтажа на нови хоризонтални и вертикални олуци, со што ќе се обезбеди долготрајна заштита на објектот. Предвидено е поставување нови ПВЦ врати и прозорци, поставување нови плочки на надворешните скали и терасата, како и поставување на заштитна ограда. Градежните активности опфаќаат и санација на фасадата. А во внатрешноста на објектот ќе се изведе поставување гипс-картон со глетување и молерисување на ѕидните површини, како и целосно внатрешно осветлување, со што просториите ќе добијат современ и функционален изглед. При увидот на објектот, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека обновата на домовите на култура има за цел да придонесе за развој на културниот живот во локалните заедници, обезбедувајќи современи простори за културни настани, дружење и активно учество на граѓаните. Финансиските средства за реконструкција на домовите на култура се обезбедени од буџетот на Општина Илинден, при што во изминатиот период беа реконструирни домовите на култура во Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци, а во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција и на останатите домови на култура на територија на општината. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook