САД се повлекуваат од планот за намалување на употребата на јаглен во земјите во развој - Канал 5

САД се повлекуваат од планот за намалување на употребата на јаглен во земјите во развој

Откако претседателот Доналд Трамп се врати на функцијата во јануари, Вашингтон ја намали странската помош и се залага за употреба на фосилни горива.

САД се повлекуваат од планот за намалување на употребата на јаглен во земјите во развој

Соединетите Американски Држави се повлекуваат од Партнерството за транзиција на праведна енергија (JETP), според кое побогатите земји се обидуваат да им помогнат на земјите во развој да преминат од јаглен кон почисти извори на енергија, рекоа неколку извори во клучните земји-учеснички.

Во Виетнам, двајца странски претставници запознаени со ова прашање изјавија дека САД се повлекуваат од JETР во таа земја, а еден рече дека САД се повлекуваат од сите програми на JETP, вклучително и во Индонезија.

Друг информиран извор рече дека САД се повлекле од JETP во Индонезија и Јужна Африка.

„САД не информираа за нивното повлекување“, рече друг јужноафрикански извор од донаторската група.

„И натаму постојат значајни финансиски срредства и Меѓународната партнерска група останува целосно посветена на поддршката на Јужна Африка во постигнувањето на нејзината праведна енергетска транзиција преку партнерство“, рече изворот.

Откако претседателот Доналд Трамп се врати на функцијата во јануари, Вашингтон ја намали странската помош и се залага за употреба на фосилни горива.

Американските ветувања за Индонезија и Виетнам изнесуваат повеќе од три милијарди американски долари, главно во форма на комерцијални заеми, а за Јужна Африка 1,063 милијарди долари од вкупно 11,6 милијарди долари колку што и е ветено на таа земја./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишниот скопјанец кој ги запали возилата пред бугарската амбасада во Скопје.

ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада

На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот.

Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката. – велат од Обвинителството

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд

Во текот на денешниот ден среда, 17 јуни територијата на Македонија ќе биде под влијание на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина. 

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд

Во ваква ситуација, денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија локално атмосферските процеси ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Токму поради ваквата ситуација апелирам кај граѓаните за поголема внимателност во случај на појава на невреме, силен ветер и на силни електрични празнења.

И во делови од Скопскиот регион денес среда, 17 јуни ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, а во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот денес ќе се искачи до 30 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хет-трик на Меси за историја на стартот на Аргентина на СП2026

Бранителот на тронот Аргентина со лесна победа над Алжир  со хет трикот на волшебникот Лео Меси за историја го започна настапот на 23 Светски фудбалски шампионат 

Хет-трик на Меси за историја на стартот на Аргентина на СП2026

Аргентина на убедлив начин ја почна одбраната на светската титула, откако славеше со 3:0 против Алжир, а во центарот на вниманието повторно беше легендарниот Лионел Меси.

Триесет и осумгодишниот капитен постигна хет-трик и го израмни рекордот на Германецот Мирослав Клозе како најдобар стрелец во историјата на светските првенства со вкупно 16 погодоци.

На другите две средби од утринската мундијалска програма Халанд ја водеше Норвешка до сигурна победа над Ирак од 4-1 , а Австрија беше подобра од Јордан со 3-1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер