Бериша: Одлуката на Апелација донесена во кабинетот на Рама има за цел уништување на ДП - Канал 5

Бериша: Одлуката на Апелација донесена во кабинетот на Рама има за цел уништување на ДП

Одлуката на Апелација донесена во кабинетот на Рама има за цел уништување на ДП и политичкиот плурализам

Бериша: Одлуката на Апелација донесена во кабинетот на Рама има за цел уништување на ДП

Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократската партија, Сали Бериша, реагираше по одлуката на Апелација, која го врати во првостепениот суд прашањето за печатот и логото на оваа партија, со што нив може да ги користи крилото предводено од Енкелед Алибеај.

Тој обвини дека „одлуката е донесена претходно во кабинетот на Еди Рама" чија цел е „ликвидација на албанската опозиција и политичкиот плурализам во Албанија“.

- Тројца судии во невиден процес против плурализмот ја прочитаа одлуката подготвена пред извесно време во кабинетот на Еди Рама, со која беа запознаени и одредени амбасадори, акредитирани во Тирана. Денеска сме во време на вистинско тестирање и имам најголема доверба дека албанските демократи се решени да го заштитат плурализмот во Албанија и Демократската партија по секоја цена, рече меѓу другото Бериша.

Имам голема верба, додаде, дека како што ги „надминавме на нај легитимен, нај одлучен начин сите замки, обиди за наше уништување, ќе ја надминеме секоја пречка и тешкотија"

- ДП денес е помоќна партија од кога било, деновиве ќе ги собере своите форуми и врз основа на овој непријателски, уништувачки став што го објави наркодржавата и Еди Рама, ќе ги преземе сите соодветни одлуки да ја продолжи својата мисија со најмоќниот начин, најави Бериша.

Со поништување на одлуката правото да се регистрира за локалните избори на 14 мај има ДП предводена од Енкелед Алибеај, кој по оставката на Љуљзим Баша на 21 март минатата година, е вршител на должноста претседател на партијата.

Бериша и неговите приврзаници насилно влегоа во седиштето на партијата кое и сега го користат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер