Бериша: На 11 мај се одвојуваме од режим што нè осиромаши во изминатите 10 години - Канал 5

Бериша: На 11 мај се одвојуваме од режим што нè осиромаши во изминатите 10 години

Лидерот на опозициската Демократска партија(ДП), која ја предводи изборната коалиција „Алијанса за величествена Албанија, Сали Бериша, денеска порача дека „на 11 мај, албанските граѓани се одвојуваат од режимот.

Бериша: На 11 мај се одвојуваме од режим што нè осиромаши во изминатите 10 години

Лидерот на опозициската Демократска партија(ДП), која ја предводи изборната коалиција „Алијанса за величествена Албанија, Сали Бериша, денеска порача дека „на 11 мај, албанските граѓани се одвојуваат од режимот, кој за 10 години ги осиромаши на најстрашен начин“.

Неговата изјава уследи по вчерашната порака на неговиот опонент, лидерот на Социјалистичката партија, Еди Рама, дека „на 11 мај Албанците ќе одат на средба со историјата за да се утврди силата на Албанија во преговарачкиот процес со ЕУ и оти е повеќе од убеден дека ќе го дадат гласот за тоа“.

- На 11 мај, Албанците каде и да се, во Албанија и надвор од неа, ќе се спасат од второто големо зло што ги снајде во изминатите 34 години, како ниеден друг народ во Европа и во светот. Се одвојуваме од режим, кој ги опустоши повеќе од која било друга окупација во нашата историја. Од 2007 до 2014 година, бројот на граѓани во Република Албанија се зголемуваше од година во година, но сега бројот на жителите е сè помал, поради нарко државата, која не води грижа за нив, па ја напуштаат земјата, рече Бериша.

На изборен митинг во градот Бурел, Бериша обвини дека при изградбата на патишта биле украдени милиони јавни пари, правејќи споредба на потрошени средства за изградбата на автопатот Кукс-Тирана, изграден од демократската влада и автопатот „Патот на Арбр“, од Тирана до преминот „Блато“, на албанско–македонската граница кај Дебар, чија изградба чинела 11 милиони евра по километар.

Тој наброи и други инфраструктурни објекти, во кои „функционерите се потонати во корупција“.

И Рама и Бериша очекуваат победа на изборите, што ќе се одржат на 11 мај, едниот е убеден дека ќе го обезбеди четвртиот последователен мандат, другиот дека ќе се врати на власт, што ја изгуби на изборите во 2013 година.

Опозициската изборна коалиција „Алијанса за величествена Албанија“, ја сочинуваат 25 политички партии, меѓу нив и Партијата на слободата на поранешниот претседател на државата, Илир Мета.

Социјалистите на изборите во коалиција се единствено со партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, чиј лидер, Васил Стерјовски, е единствен кандидат Македонец на изборите. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер