Бериша на изборен митинг во Тирана: Се издигнавме како феникс за да одиме до победа - Канал 5

Бериша на изборен митинг во Тирана: Се издигнавме како феникс за да одиме до победа

На официјалниот почеток на изборната кампања за парламентарните избори на 11 мај,  синоќа изборен митинг одржа опозициската изборна коалиција "Алијанса за величествена Албанија" предводена од Демократската партија на Сали Бериша.

Бериша на изборен митинг во Тирана: Се издигнавме како феникс за да одиме до победа

Коалицијата ја сочинуваат уште 25 помали политички партии, меѓу кои и Партијата на слободата, на Илир Мета, Републиканската на Фатмир Медиу, како и партијата на грчкото малцинство, Партија за заштита на човековите права на Вангел Дуле.

Од плоштадот „Мајка Тереза" во Тирана, Бериша во обраќањето меѓу другото му порача на својот опонент Еди Рама дека „доколку го допре гласот на Албанците, нема да постои место над земја за да живее".

Тој, исто така, побара од премиерот да си замине со гласовите на 11 мај, бидејќи според Бериша, тој им нанел најголема штета на Албанија и Албанците.

-Една недела низ Европа го заковаа Еди Рама, ја заковаа наркодржавата. Побараа слободно даден глас. И јас му велам на Еди Рама не го допирајте гласот, бидејќи апсолутно нема да имате место над земјата. Заминете со гласовите на Албанците, затоа што и нанесовте голема штета на оваа држава, порача Бериша.

Тој додаде дека Рама си заминува со срам како најголемо зло по Енвер Хоџа во историјата на Албанците.

-Ги поздравувам сите социјалисти кои решија да ни се придружат. Ги поздравувам сите Албанци за да ја претвориме од Албанија на болка, во мирна Албанија, од Албанија на разочарувањето во Албанија на мирот и напредокот. Се издигнавме како феникс за да одиме до победа која ќе ја донесеме сите заедно, Албанците тука и оние во дијаспората, нагласи тој.

Нагласи дека „Албанија е Албанија на вашата душа, на вашата љубов кон неа, љубов кон семејството. Таа е вашата татковина".

-Мои пријатели, ова е многу посебна ноќ затоа што вечерва дојдовме овде да ја започнеме нашата битка, битката за победа, битката за величествена Албанија, битка во која Албанија повторно се издига за подобар живот на сите, за младите да останат тука, рече тој.

Бериша на митингот пристигна во придружба на Крис Ла Цивита, кој ја води кампањата на опозицијата. Беа дочекани со овации од приврзаниците, кои носеа знамиња на Албанија, Америка и Европската Унија.

Во говорот Цивита користеше исти обвинувања како и опозицијата, велејќи дека „со Рама и владата земјата минала 12 години полни со неуспеси".

Поранешниот советник на Трамп, кој ја водеше и неговата кампања, изјави дека социјалистите, исто како и во Америка, нема да можат да ја замолчат опозицијата и ги повика присутните да гласаат за Бериша доколку сакаат враќање на надежта.

-Кој е подготвен да ја направи Албанија величествена? Во 2024 година во САД, социјалистите се обидоа да го затворат Трамп, но не успеаја. Во 2025 година, овде во Албанија, социјалистите сакаат да ја стават во затвор опозиција и ќе пропаднат. Зошто? Затоа што немаат што да кажат за последните 12 години, 12 години криминал, 12 години дрога. Поминаа 12 години економски неуспех. Зошто да гласате за партија која ги предизвикала сите проблеми. Гласајте за Бериша. Вратете ја надежта, порача Ла Цивита.

Ако Бериша синоќа ја почна трката за враќање на власт, денеска социјалистите на Еди Рама на плоштадот "Скендербег" ја почнуваат за освојување последователен четврт мандат.

Социјалистите на овие избори настапуваат под слоганот "Албанија во 2030 во ЕУ - единствено со Еди и СП". Во коалиција е единствено со партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ), на Васил Стерјовски.

Ова се 11-ти парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои учествуваат 11 политички партии и коалиции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер