Бердих успешен во првото коло на Ролан Гарос - Канал 5

Бердих успешен во првото коло на Ролан Гарос

Томаш Бердих (4.носител) без поголеми проблеми успеа да слави победа во мечот од 1.коло на Грен слемот Ролан Гарос.

Бердих успешен во првото коло на Ролан Гарос
Тој беше подобар Јошихито Нишиока со 3:0 во сетови (6:0; 7:5 и 6:3). Пласман во второто коло обезбеди и Фабио Фоњини кој со 3:0 го победи Тацума Ито.

Првата пречка ја мина и Мартин Клижан, на досега завршените мечеви кај мажите.

Во женска конкуренција неизвесен беше мечот меѓу Ализ Корне и Роберта Винчи,а победа од 2:1 во сетови постигна Корне.

Од фаворитките Карла Суарез Наваро и Сабине Лисцки без проблеми со 2:0 изборија пласман во следната рунда.

Попладнево на програма е мечот од 1.коло на ланската шампионка Марија Шарапова против Каја Канепи. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бензиите поскапуваат за еден денар, дизелот за 2,5 денари

За 2,5 денари поскапува дизелот, а за 1 денар бензините.

Бензиите поскапуваат за еден денар, дизелот за 2,5 денари

РКЕ ги соопшти новите цени на нафтените деривати, според кои од вечерва на полноќ, малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 82,50 денари, додека бензините еуросупер 95 и 98 ќе се точат по 85,70, односно 87,50 денари за литар. Според заменик министерот за економија Марјан Ристески, мерките за намалување на акцизите на горивата кои до неодамна беа во сила го дале соодветниот ефект, а новото, како што посочува благо поскапување, доаѓа заради движењето на цените на светските берзи..

Во меѓувреме, утре се очекува Државниот завод за статистика да ги објави и податоците за јунската инфлација. Премиерот Мицкоски претходно изјави дека очекува инфлацијата да биде пониска од изминатите месеци, откако во април изнесуваше 5,7%, а во мај се намали на 4,8%. Ристески потсетува и дека деновиве ќе биде готова и анализата на цените на 700 основни прехрамбени производи, по што ќе бидат познати и следните чекори на Владата за заштита на животниот стандард на граѓаните..

- Чекаме да компетната анализа излезе овие денови, па да видиме врз основа на таа комплетна анализа дали понатаму кои мерки и какви мерки ќе преземеме како Влада и како министерство за економија и труд, бидејки главната цел на оваа Влада е пред се заштита на животниот стандард на граѓаните, меѓутоа и со едни не да речам аналитички мерки, неизразени мерки или политиканство како што претходно правела опозицијата, да не и направиме преголема штета на ионака кревката економија во Македонија. - Марјан Ристески – заменик министер за Економија

Додека од власта велат дека Македонија останува земја со најниски цени на горивата во регионот, од опозицијата реагираат дека Владата не подготвила мерки за заштита на граѓаните од нов ценовен удар..Од СДСМ сметаат дека поскапувањето на цената на горивата може да повлече и повисоки трошоци за транспорт, храна и други производи.

-Вистината е дека оваа Влада за две години го донесе народот до дното на сиромаштија. Се покажува дека немаат ниту план, ниту желба за заштита на економијата и животниот стандард на граѓаните. Последиците од неспособната ВМРО граѓаните секој ден ги чувствуваат на бензинските пумпи, во маркетите и во своите празни паричници. – стои меѓудругото во реакцијата на СДСМ

Во соседна Грција пак, Владата со големите трговски синџири и производители на храна се договори во текот на летото да нема нови поскапувања. Договорот опфаќа околу 2000 производи чии цени веќе беа намалени за околу 6%, за време на мерката за ограничување на профитот која траеше до 30 јуни..Од септември, според најавите, ќе следува и нов пакет мерки за намалување на трошоците на живот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра

Автопатот ќе го гради градежната компанија Гранит со рок на комплетирање од четири години.

Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра

За изградбата на автопатот, денеска во Владата договор потпишаа ЈП Државни Патишта и Европската банка за обнова и развој, а целта е државава да ја искористи својата стратешка геоположба како раскрсница на два важни Европски коридори - 8 и 10, што е особено значајно за развојот на македонската економија – потенцираат од Владата.

-Наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат шест автопатски делници. Покрај оваа којашто треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делницата којашто треба да ги поврзе и Тетово и Гостивар, Гостивар со местото Букојчани, го завршуваме делот од автопатот Кичево-Охрид, потоа Прилеп-Битола, и наскоро очекувам да биде завршена и процедурата којашто треба да го поврзе Букојчани со Кичево. Заедно со оваа автопатска делница, очекувам овие 6 автопатски делници во еден момент да се реализираат. Тоа ќе биде голема додадена вредност за македонската економија.- Христијан Мицкоски, претседател на Влада

-Изградба на автопатско решение кое што треба да оди по Трансевропската рута 6 која ќе ги поврзе Скопје и Приштина и да продолжи понатака на Запад до Тирана и Драч и исто така северозападно да продолжи со поврзување со Бар преку што за Скопје се отвара уште едно пристаниште, уште една можност за трговија, бизнис и развој на туризмот.- Александар Николовски, министер за транспорт и врски

Автопатот ќе го гради градежната компанија Гранит со рок на комплетирање од четири години, а финсиските средства доаѓаат од Инвестициската рамка на ЕУ и ЕБОР, информираа од ЈПДП.

-Парите за грантот се од рамката за инвестиции на ЕУ за Западен Балкан, грантот е 30,8 милиони евра а кредитот т.е заемот е 167,6 милиони евра (од ЕБОР). - Коце Трајановски, директор на ЈП Државни патишта

-Горди сме што имаме 41 милион евра во грантови што вклучува 37 милиони евра за изградба и надзор и заедно со заемот од ЕБОР и националниот придонес, оваа инвестиција од повеќе од 235 милиони евра е еден од најважните проекти за транспорт на земјата.- Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија

Со целосната изградба на овој автопат значително ќе се намали и времето на патување од Скопје до Црна Гора, но и целокупно значително ќе ја подобри и регионалната поврзаност на Западен Балкан, посочи евроамбасадорот во земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари

На 05.07.2026 во 15:20 часот во село Долно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.О.(61) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари

Тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој зафатил нива, помошна просторија, бандера и инвентар од викенд куќа, сопственост на 42-годишната М.Т од Велес. При обид да го изгасне пожарот, А.О се здобил со повреди. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. А.О. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер