Бензема потпиша за Ал Итихад, познати се детали од договорот

Карим Бензема (35) по 14 години го напушти Реал Мадрид и вчера вечер потпиша договор со саудискиот шампион Ал Итихад.

Фабрицио Романо открива дека Французинот потпишал до јуни 2025 година и дека има опција да продолжи за една година. Дополнително, платата на Бензен ќе биде околу 200 милиони евра по сезона, а во таа бројка се вклучени и бројни комерцијални придобивки.

Бензема во вторник ќе го одработи последниот прес во Мадрид, по што ќе отпатува за Саудиска Арабија. Бензема е актуелен освојувач на „Златната топка“ и втор стрелец во историјата на Реал Мадрид со 353 гола. Тоа го направи на 647 натпревари, со што беше петти на вечната листа на играчи на Реал со најмногу настапи за клубот.

„Кариерата на Карим Бензема во Реал Мадрид беше пример за вистинско однесување и професионализам и ги претставуваше вредностите на нашиот клуб. Бензема го заслужи правото сам да одлучува за својата иднина“, се вели во соопштението на Реал и продолжува:

„Мадридистас и сите навивачи ширум светот уживаа во неговиот магичен и уникатен фудбал што го направи една од најголемите легенди на нашиот клуб и светскиот фудбал. Реал Мадрид е и секогаш ќе биде негов дом, а ние му посакуваме сѐ најдобро на него и на целото негово семејство во оваа нова фаза од животот“.

Европската Комисија ќе обезбеди помош од 500.000 евра за Нагорно Карабах

Европската комисија ќе обезбеди хуманитарна помош од 500.000 евра за поддршка на населението погодено од воените операции во Нагорно Карабах.

Во соопштението на ЕК се наведува дека помошта од ЕУ е наменета за жртвите да ги задоволат нивните основни потреби. Вонредното финансирање е како додаток на хуманитарната помош од 1,17 милиони евра што ЕУ ја посвети на почетокот на годинава за решавање на кризата во Нагорно Карабах, се наведува во соопштението за медиумите, а пренесува порталот „Ерменија Ајкор“.

„Ескалацијата на конфликтот во Нагорно-Карабах имаше сериозни последици за цивилното население. Како одговор, ЕУ обезбедува дополнителни 500.000 евра итна хуманитарна помош за поддршка на раселените лица. Ние внимателно ја следиме ситуацијата на терен и сме подготвен да понудиме дополнителна помош“, изјави еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич.

Тој ги повика сите страни во конфликтот да обезбедат непосреден и непречен пристап до хуманитарните организации. ЕУ е во близок контакт со хуманитарните партнери на терен и е подготвена да одговори на новите хуманитарни потреби во случај на натамошна ескалација, се заклучува во соопштението на ЕУ, која обезбеди повеќе од 21 милион евра хуманитарна помош за Ерменија и Азербејџан од ескалацијата на конфликтот во 2020 година.

По новиот бран конфликти, вчера беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу азербејџанските вооружени сили и ерменските трупи во отцепениот регион Нагорно-Карабах, населен главно со Ерменци.

Договорот беше постигнат со посредство на рускиот мировен контингент, откако официјален Баку започна „антитерористичка операција“ во Нагорно-Карабах за да го врати уставниот поредок во областа контролирана од ерменските сепаратисти.

Поенти „Само Вистина“

Вечерва во Само Вистина дебатираа пратениците Павле Трајанов од ДС, Ненад Коциќ од СДСМ и Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ. Со нив разговараше Андријана Лазова. 

Трајанов: Амнестија има цел да поминат уставните измени. Сите фракции во партиите пропаднале, тој што не ја слуша матицата, нема просперитет. Законот за амнестија е подготвен по теркот за аболиција на Ѓорѓе Иванов, на ист начин. Најмал проблем е внесувањето на Бугарите во уставот, прашањето е покомплексно. Три работи се клучни за нас: Бугарија да ги признае правата на Македонците, да имаме реципроцитет, Советот на ЕУ да донесе одлука дека македонскиот јазик ќе биде официјален службен јазик по приемот и ако Советот на ЕУ не може да ја промени рамката да донесе одлука дека историските прашања нема да бидат основа за блокада од Бугарија. Да не беше отпорот на јавноста ќе имаше и нови барања. Прво треба да заврши скринингот, нема да се отвораат кластери во 2024 година, таа година нема ништо да се случи.

Коциќ: Партија што му направила споменик на Симеон Радев ќе не брани од бугарски диктат? Антиевропското крило тесно соработува со Софија. Ајде да ги изгласаме измените, доколку утре некој не уценува, ќе ги отповикаме. Ние самите се блокираме како држава, не е изолација, туку е само изолација. Амнестија за криминалците нема да има, не за тие што ќе бидат осудени. Според официјалниот попис Бугарите се 3506, провокации се од страна на Бугарија тврдењата дека има 120 илјади Бугари во Македонија. Треба Македонија да им ја оставиме на младите, а не во балканската кал заедно со Косово и БиХ.

Јаревски: Ова е самоуништување, дали на Бугарите ќе им следува место во меѓуетничката комисија? Не е само влазот во Преамбулата, следува место и во комитетот на меѓуетничките заедници, значи им следат сите работи по Бадентер, значи вработувања, канална телевизија со своја програма каде ќе слуѓаме дека Гоце бил Бугар. Интересот на Македонците со СДСМ и ДУИ е загрозен, се докажавте како трговци со националните интереси. СДСМ дозволивте работа на историска комисија, на историски личности и приказни да бидат фактор за напредок кон ЕУ.Зошто Владата не реагира на типичната асимилација на Македонците во Албанија?

Ретка банкнота од 10.000 долари е продадена на аукција за 480.000 долари

Ретка банкнота од десет илјади американски долари од периодот по колапсот на Њујоршката берза пред сто години е продадена за 480.000 долари на аукција, објави Си-Ен-Ен.

Банкнотата, издадена во 1934 година, е оценета дека е со исклучителен квалитет, според аукциската куќа Херитиџ со седиште во Далас.

Банкнотата од Бостон, на која се наоѓа ликот на тогашниот секретар за финансии на претседателот Линколн, Салмон П. Чејс, беше ѕвезда на аукцијата на банкноти и минатиот петок е продадена за рекордна цена.

„Банкнотите со големи деноминации отсекогаш го привлекувале интересот на колекционерите од секаков вид“, рече Дастин Џонстон од Heritage Auctions во соопштението за печатот. 10.000 долари стојат само зад златниот сертификат од 100.000 долари издаден во 1934 година, а од 18-те примероци оценети од експерти, овој примерок имал речиси највисока оценка.

Највисоката цена за која претходно била продадена банкнота од 10.000 долари од 1934 година била 384.000 долари во септември 2020 година, изјави портпаролот на аукциската куќа, додавајќи дека продажбата „поставила рекорд за банкнота од 1934 година“.

Банкнотата од 10.000 долари била најголемата деноминација досега во оптек, бидејќи банкнотата од 100.000 долари се користела само за пренос на средства меѓу банките, според веб-страницата на Музејот на американските финансии. Оваа банкнота, која е ставена на аукција, никогаш не била во оптек, велат од Heritage Auctions.

Банкнотата од 100 долари е највисоката деноминација во САД од 1969 година, откако биле укинати банкнотите од 500 долари и поголеми.

притисни ентер