Бен Афлек и Џенифер Лопез ги подготвиле документите за развод - Канал 5

Бен Афлек и Џенифер Лопез ги подготвиле документите за развод

 Џенифер Лопез и Бен Афлек се пред развод, односно документите за развод се финализирани, но сѐ уште не се доставени, потврдија неколку извори блиски на двојката за „Дејли мејл“ (Daily Mail).

Бен Афлек и Џенифер Лопез ги подготвиле документите за развод

„Тие ја направија документацијата пред еден месец, но го чекаат вистинското време да го објават тоа. Џенифер и Бен ќе дадат заедничка изјава за тоа дека се бореле за нивната врска, но не успеале. Не можат да дојдат до компромис. Она што претходно го имаа, исчезна и тие го прифатија тоа“, вели изворот.

Инаку, Бен купил замок од 20,5 милиони долари неколку дена откако двојата го ставила својот дом во населбата Беверли Хилс на продажба. Ова наводно уште повеќе ја налутило Џенифер. Двојката последен пат беше фотографирана заедно на 30 март. Оттогаш, тие го минуваат своето време одвоено - Џенифер патува, а Бен е во Лос Анџелес. Дури и втората годишнина од бракот ја минале на различни места.

Светските медиуми веќе некое време пишуваат за сѐ поизвесниот развод на славната двојка. Гласините се засилија по наводите дека пејачката и глумецот ја продаваат вилата што заедно ја купија пред една година, потсетува „Индекс“.

Џенифер претходно ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на нејзиниот нов филм „Атлас" во мај. Потоа двојката беше видена заедно на кошаркарски натпревар на синот на Бен, Семјуел, каде што повторно привлекоа внимание со своето однесување. Латинопејачката го прослави својот роденден на крајот на јули, но без Афлек на забавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. 

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

САД се залагаат за дипломатско решение на војната меѓу Украина и Русија, но без дијалог со Москва шансите за мирно решение се многу мали, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф по средбата со украинскиот претседател Зеленски во Киев.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со Зеленски и Трамп. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека клучните прашања, вклучително и територијалните, можат да бидат решени само на состанок на највисоко политичко ниво. Виткоф заедно со другиот специјален пратеник кушнер претходно беа на средби со Путин во Москва, но не беше постигнат опиплив напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер