Осум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и попредвидлив пристапен процес
Власта и опозицијата ги продолжија обвинувањата кој е виновен за немањето консензус за Изборниот законик
1Осум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и попредвидлив пристапен процес
2Власта и опозицијата ги продолжија обвинувањата кој е виновен за немањето консензус за Изборниот законик
Шоу бизБен Афлек и Џеј Ло имаат проблеми поради продажбата на вилата од 68 милиони долари (ВИДЕО)Бен Афлек и Џенифер Лопез не можат да се договорат за една работа по нивниот развод.Афлек сака да ја намали цената на нивната вила вредна 68 милиони долари, која се наоѓа на продажба, но на пејачката изгледа тоа не ѝ се допаѓа. Вилата е ставена на продажба пред девет месеци, но добро упатени извори тврдат дека се уште никој не покажал интерес за неа. Агентите за недвижности наводно им рекле на поранешните сопружници дека мора да ја намалат цената за најмалку 15%, со што Бен навидум се согласил, но Лопез наводно се уште се држи до првичната цена. Лопез и Афлек претходно тајно се обидоа да го продадат својот поранешен заеднички дом, но откако тоа не успеа, тие официјално го ставија на продажба. ТМЗ пренесува дека на крајот на септември минатата година добиле и прифатиле понуда од 64 милиони долари за вилата, но купувачите на крајот се откажале. Ја купиле во 2023 година за 60,8 милиони За потсетување, актерот и пејачката ја купија својата вила во јуни 2023 година за 60,8 милиони долари, а според извештаите, тие ја преплатиле. Куќата содржи 12 спални соби и дури 24 бањи и се простира на нешто повеќе од 4200 квадратни метри. Претходно, извори блиски до поранешниот пар изјавија дека ниту еден од нив не бил пресреќен во замокот. "Бен никогаш не ја сакал куќата. Таа е премногу далеку од неговите деца", истакнал изворот во јуни минатата година. Лопез наводно чувствувала дека имотот е „преголем за неа“. По објавувањето на разводот, пејачката се преселила во куќа вредна 18 милиони долари во близина на Лос Анџелес, додека Афлек веќе купил имот од 20 милиони долари во Пацифик Палисадес.Тагови: Бен Афлек Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
МакедонијаОсум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и попредвидлив пристапен процесОсум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и попредвидлив пристапен процес за земјите-кандидати, со јасно дефинирани правила и временска рамка за нивното членство. Во документот, зад кој стојат Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Италија, Словачка и Словенија, се нагласува дека процесот мора да остане заснован на заслуги, при што секоја држава ќе напредува според сопствените реформи. Истовремено, се предупредува дека воведувањето нови политички предуслови и постојаното менување на правилата во текот на преговорите ја поткопуваат довербата во процесот на проширување. -Избегнување на непотребни нови пречки. Континуираното додавање нови барања, политички предуслови или дополнителни институционални пречки во текот на пристапниот процес ги демотивира земјите-кандидати, ја поткопува кредибилноста на европската перспектива и го ослабува влијанието на Унијата во соседството. - Нон-Пејпер. Дополнително, во документот се предлага и воведување на заштитни клаузули со кои ЕУ би обезбедила и по евентуално членство на земја-кандидат, да се следи спроведувањето на обврзувачките меѓународни договори кои биле составен дел од пристапниот процес, особено во делот на добрососедските односи. Сепак, според авторите, ваквите одредби не би воведувале нови барања и услови, туку би гарантирале исполнување на веќе преземените обврски. -Заштитните клаузули, кога е соодветно, би можеле да се приспособат за да обезбедат продолжување на спроведувањето, и по пристапувањето, на обврзувачките меѓународни договори што претставувале суштински дел од пристапниот процес на една земја-кандидат, особено во контекст на добрососедските односи. Таквите одредби не би создавале нови обврски, туку би ги зајакнале обврските што веќе биле составен дел од условите за пристапување-- Нон-Пејпер. Новиот нон-пејпер доаѓа еден месец по француско – германската иницијатива со која Макрон и Мерц од самитот ЕУ –Западен Балкан во Тиват предложија нов модел за постепена интеграција во Унијата. Во документот, покрај постепено вклучување во одделни политики и во заедничкиот европски пазар пред полноправно членство на земјите-кандидатки, се предлагаше и воведување на процес на интеграција врз основа на јасно дефинирани етапи и преодни фази. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВласта и опозицијата ги продолжија обвинувањата кој е виновен за немањето консензус за Изборниот законикИ по недонесувањето на измените во Изборниот законик, власта и опозицијата продолжија со меѓусебните препукувања кој бил виновен за тоа и кој го кочи европскиот пат. Од СДСМ обвинуваат дека земјава губи милиони евра од ЕУ, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Македонија останува лидер во реформската агенда и сепак ќе добие најмногу средства од Планот за раст. Обинуваат дека СДСМ, ДУИ и Левица одбрале го блокираат напредокот на државта и да го опструираат законот и покрај тоа што имало простор за консензус и подготвеност од власта да се прифатат сите нивни барања. „СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик. Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии“- Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ пак обвинуваат дека не се губат само европски пари, туку и иднината на граѓаните и стратешката цел на државата, поради како што велат политиката на излоација од страна на власта. „Вистинската цена не се 4,2 милиони евра, вистинската цена се милијарди евра изгубени европски фондови, пропуштени инвестиции и украдена европска иднина за Македонија. ВМРО-ОКГ намерно го туркаше Изборниот законик со спорни одредби за изборна гражба преку гласовите од дијаспората, за да создаде привид дека опозицијата го блокира европскиот пат“- Кети Штерјова, СДСМ. Од Левица пак посочуваат дека ниту кај ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај СДСМ не постоела политичка воља за донесување на нов Изборен законик. Сметаат дека тоа им одговарало и на двете парти кои според постојниот закон ќе поделеле 10 милиони евра за политичко рекламирање. Донесувањето на измените во Изборниот законик пропадна по неколку неуспешни обиди партите да се договорат околку начинот на гласање на дијаспората. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измениЕврокомесарката за проширување Марта Кос уште еднаш ја повика Македонија да ги спроведе уставните измени но и да гради „доверба„ со сите земји членки на Унијата. Како што потенцираше Кос, државава е една од трите првенци во спроведување на реформската агенда, меѓутоа, без уставни измени, овој напредок не може да се преслика во моментумот за проширување. -Ова бара лидерство и градење доверба со сите наши 27 земји-членки. И ова беше мојата порака минатата недела во Македонија. Кој е тука од Македонија? Добредојдовте. Земја која брзо напредува во реформите на планот за раст и е една од најдобрите во оваа област, но треба да ги донесе договорените уставни измени за да може да внесе иста динамика во преговорите за проширување,- - Марта Кос, еврокомесарка за проширување . Откако вчера заврши крајниот рок за реформите од јунскиот грејс период, Македонија реализираше девет од десетте планирани чекори а изостана реформскиот Изборен законик чија финансиска вредност изнесуваше 4,2 милиони евра. Иако финалната оценка од ЕК за успешноста и квалитетот на завршените реформи се очекува во септември, од Министерството за европски прашања посочија дека заедно со тековниот извештаен период, очекуваат исполнување на вкупно 19 реформски чекори, по што би се исплатиле околу 100 милиони евра од Планот за раст. Досега, државава има исполнето 22 од предвидените 136 реформски чекори по што се ослободени 142 милиони евра од алоцираните 750 милиони евра за државава преку Планот за раст. Како резултат на реформскиот неуспех на останатите кандидатки, официјален Брисел најави дополнително распределување на средства кон Македонија, Албанија и Црна Гора како земји со најголем реформски напредок, а колкав износ би добила државава ќе се знае кон крајот на месецов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08