Фото: Елегантната и грациозна Џенифер Лопез - Канал 5

Фото: Елегантната и грациозна Џенифер Лопез

Холивуд деновиве е епицентарот на луксузот и елеганцијата, бидејќи бројни ѕвезди се собраа на ексклузивната забава на CAA пред доделувањето на Оскарите во „The Living Room“ во Лос Анџелес. 

Фото: Елегантната и грациозна Џенифер Лопез

Меѓу присутните беа и Парис Џексон и Ана Кендрик, но никој не можеше да ја засени елегантната светска музичка ѕвезда Џенифер Лопез, која уште еднаш докажа дека е апсолутна кралица на црвениот тепих.

На 55-годишна возраст, латино дивата не престанува да импресионира со својот беспрекорен стил и софистицирана модна визија. Овој пат таа со својот златен моден избор го подигна гламурот на сосема ново ниво и ги остави сите без здив.

За оваа специјална пригода, Џеј Ло избра долг метално-златен фустан на Том Форд која одлично ја следи линијата на нејзиното совршено тело и ја истакнува женската силуета.

Треперливата ткаенина на најубав начин ја рефлектираше светлината, додека грлото додаде допир на софистицираност и елеганција. Иако целосно затворен напред, фустанот имаше неочекуван секси детал – длабоко отворен грб, кој додаде доза на драма и сензуалност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина

Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.

Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина

Во Кривичниот суд денеска од почеток почна судењето за предметот „Онкологија 2“, кое се води против поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.

Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но почнува од почеток поради промена на судија член на судечкиот совет. Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. Застапник на обвинението е Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, која на почетокот на денешното рочиште изјави дека останува на веќе изнесените воведни зборови пред судот.

Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цената на бензините се зголемува за 2 денари по литар, дизелот поскап за 1 денар

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Цената на бензините се зголемува за 2 денари по литар, дизелот поскап за 1 денар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55% во однос на одлуката од 26.10.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 0,793%, кај дизелот има зголемување за 0,409%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,695% и кај мазутот има зголемување од 2,546%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4400%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 3.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 110,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 55,573 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,300 ден/кг и сега ќе изнесува 55,573 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.11.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца загинати во пожар во магацин во Трст (ВИДЕО)

Маж и жена загинаа во пожар што избувна во напуштен магацин во sтарото пристаниште во Трст. Противпожарните екипи ги пронајдоа телата на првиот кат од трикатниот објект.

 Двајца загинати во пожар во магацин во Трст (ВИДЕО)

Првичните сознанија укажуваат на тоа дека пожарот настанал откако група мигранти запалиле оган внатре во објектот. Додека пламените јазици се ширеле, поголемиот дел од групата успеал да побегне, но две лица останале заробени внатре.

Пожарникарите влегле во зградата опремени со апарати за дишење за да го изгаснат пожарот и да ги пребараат просториите. За време на интервенцијата, се урнала дрвена подна конструкција, но ниту еден пожарникар не бил повреден.

Надлежните сè уште не го соопштиле идентитетот на жртвите, ниту пак ги потврдиле точните околности под кои тие настрадале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер