3Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети
Шоу бизБен Афлек ги загрижи фановите на најновите снимки (ФОТО)Папараците неодамна го снимија Бен Афлек на улиците на Лос Анџелес, а неговата појава ги загрижи обожавателите ширум светот.Тој бил фатен додека возел автомобил со цигара во рацете, а изгледал многу вознемирен. Многумина веднаш забележаа дека изгледа прилично запуштено, со долга несредена брада која во последно време многу ја покажува во јавноста. Некои обожаватели тврдат дека тешко се снашол со разводот со Џенифер Лопез и дека распадот на таа љубов го „скршил“. Други мислат дека тој моментално поминува низ средовечна криза и дека неговиот изглед нема никаква врска со нивниот развод. Бен веќе неколку пати се лекуваше од алкохолизам, а минатата година Џенифер лансираше сопствен бренд на алкохолен пијалок наречен Делола, кој е инспириран од италијанскиот брег. Извори блиски до парот тврдат дека тоа многу го налутило Афлек, кој сметал дека неговата сега веќе поранешна сопруга не го поддржала во неговото закрепнување од зависност. Тој, исто така, неодамна предизвика загриженост во јавноста бидејќи се појавија фотографии на кои се гледа како славниот актер го напушта центарот за рехабилитација во Калифорнија, поради што многумина помислија дека повторно почнал да пие. Некои странски медиуми шпекулираа дека тој дошол само за да им даде поддршка на луѓето кои се борат со разни зависности. Прво одлучи да оди на рехабилитација во 2001 година, а во март 2017 година Афлек објави дека го завршил лекувањето од зависност. „Завршив со лекувањето, се соочив со тоа во минатото и ќе продолжам да се соочувам“, напиша тогаш тој на својот Фејсбук. „Сакам да го живеам животот во потполност и да бидам најдобриот татко што можам да бидам. Сакам моите деца да знаат дека не е срам да добивате помош кога ви е потребна и да бидам извор на сила за секој на кој му треба помош, но се плашам да го направам првиот чекор. Имам среќа што ја имам љубовта на семејството и пријателите.“ На крајот на август 2018 година, по наговор на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, тој повторно заврши во центар за рехабилитација. Неколку дена пред интервенцијата, на интернет се појавија фотографии на кои се гледаат големи кутии со алкохол, вклучувајќи виски и пиво, се испорачани на неговата адреса. Ова наводно ѝ го скршило срцето на Џенифер, која решила да му помогне. Иако неговата зависност датира одамна, во една од своите најконтроверзни изјави, Афлек ја обвини неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер дека е причина за неговата зависност од алкохол. За време на интервјуто со Хауард Стерн, актерот изјави: „Дел од причината зошто почнав да пијам беше затоа што се чувствував заробен. Мислев: „Не можам да побегнам од моите деца, но не сум среќен, што да правам ? Би пиел шише виски и би заспал на каучот, што не беше добро решение“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЌерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝЌерката на поранешната холивудскат брачна двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ: Судот ја одобри промената на името. Таа поднесе барање за промена на името во јули, неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за одлуката. Вивиен, 18-годишната ќерка на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, официјално повеќе нема да го носи презимето на својот татко. Суд во Лос Анџелес во понеделникот го одобри нејзиното барање за промена на името, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six). Судијката Вирџинија Кини од Вишиот суд на округот Лос Анџелес ја одобри промената на нејзиното име од Вивиен Маршелин Џоли-Пит во Вивиен Маршелин Џоли. Нејзиниот адвокат, Питер Кенет Левин, присуствуваше на рочиштето преку видеоповик. Таа поднесе барање за промена на името во јули, само неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за оваа одлука. Таа го користи презимето Џоли веќе повеќе од две години. Ова име стоеше и во програмата за бродвејскиот мјузикл „Аутсајдери“ (The Outsiders) од 2024 година – проект на кој таа соработуваше со својата мајка. Вивиен не е првото дете на славниот пар кое одлучи да се откаже од презимето на својот татко. Шајло, Медокс и Захара веќе го сторија тоа преку судска постапка. Нивниот брат, Нокс, го изостави презимето Пит од својата средношколска диплома овој јуни, иако сè уште официјално не го променил. Бред Пит јавно не ги коментираше одлуките на своите деца во врска со нивното презиме. Анџелина Џоли и Бред Пит го финализираа разводот преку спогодба во декември 2024 година, по долг правен спор што започна во 2016 година.Тагови: Анџелина Џоли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитева со згрозување и осуда за изјавите на Петар БогојескиСо згрозување и длабоко неверување ги проследив изјавите на Петар Богојески за жените и наводната потреба од „машки надзор“.Ова се понижувачки, ретроградни и опасни сфаќања кои го навредуваат достоинството и директно удираат врз вредностите на едно демократско општество. Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда. Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудувам ваквите ставови. Нашата заложба за „За една повеќе“ е токму спротивното од сè што слушнавме. За една жена повеќе која ќе добие можност, која ќе биде почитувана, која ќе биде слободна да одлучува, да создава, да води и да успева. Ова е прашање на елементарни цивилизациски вредности. Нема место за вакви сфаќања и нема простор за молк, ниту за релативизирање. Слободата на говорот е темелна демократска вредност, но медиумската видливост не е право на секој што посегнува по навреда и понижување. Вреди да се размисли дали и во колкава мера на ваквите ставови треба да им се отстапува простор, особено кога со нив се поткопува достоинството. Линк од фб објава: https://www.facebook.com/share/1DnQsFuTjX/?mibextid=wwXIfr Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМНТ го отвора 22. Меѓународен фестивал на актерот во НикшиќМакедонскиот народен театар на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ 2026, кој ќе се одржи од 5 до 10 ноември под слоганот „Да играме со срце“.МНТ ќе гостува со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, со која ќе започне шестдневната фестивалска програма посветена на актерската уметност и современите театарски остварувања. Во претставата играат: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска. Покрај Македонскиот народен театар, на фестивалот ќе учествуваат и Центарот за култура -Тиват, Звездара театар и Народно позориште од Белград и Народно позориште на Република Српска од Бања Лука. Фестивалската програма ќе заврши на 10 ноември со доделување на наградите и изведба на претстава во чест на наградените. По изведбата на претставата на МНТ, ќе се одржи разговор со актерската екипа, каде што публиката и новинарите од Никшиќ ќе имаат можност за директна средба и дискусија со нив. Учеството на Македонскиот народен театар на фестивалот во Никшиќ е можност за меѓународна промоција на сопствената продукција и за непосредна средба со регионалната театарска публика.Тагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter