Белгискиот Уставен суд привремено го укина спроведувањето на новите мерки на Владата за контрола на миграцијата - Канал 5

Белгискиот Уставен суд привремено го укина спроведувањето на новите мерки на Владата за контрола на миграцијата

Белгискиот Уставен суд привремено го укина спроведувањето на новите мерки на Владата за контрола на миграцијата, објавија локалните медиуми.

Белгискиот Уставен суд привремено го укина спроведувањето на новите мерки на Владата за контрола на миграцијата

Се забележува дека белгискиот суд побарал мислење од Судот на правдата на ЕУ за некои од неодамна воведените измени.

Во средината на минатата година, Белгија воведе неколку ограничувања поврзани со можноста за добивање меѓународна заштита. Владата одлучи да не ги разгледува барањата од баратели на азил кои веќе поднеле барања во други земји од ЕУ. Зголемени беа условите за таканареченото собирање на семејства, кога на странец на кој му е одобрен азил му се дава право во земјата домаќин да покани свои роднини.

Уставниот суд ќе побара мислење од европските судии за мерката, која се однесува на одбивање на разгледување на барање за азил кога слично барање е поднесено во друга земја од ЕУ. Се очекува и мислењето на Европскиот суд на правдата за ограничувањата за семејно обединување. Белгиските уставни судии ја укинаа одлуката за одбивање на финансиска помош на барателите на азил кои не се во можност да најдат место во прифатните центри. Конечната одлука за мерката се очекува за три месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делови од Драчево и Влае денеска без струја

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (29 јуни) без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информираат од ЕВН Македонија.

Делови од Драчево и Влае денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– Улицата Герника бр.8 и бр.10 Драчево, општина Кисела Вода, од 5:00 до 13:00 часот;

– Улицата Иван Хаџиниколов бр.3 и бр.5 Драчево, општина Кисела Вода, од 5:00 до 13:00 часот;

– Улицата Вангел Дину и дел од непарни броеви на улицата Франц Прешерн, населба Влае, општина Карпош, од 9:00 до 13:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026: Канада прв осминафиналист

Ко-домаќинот на 23 светски фудбалски шампионат Канада е во осминафиналето!

СП2026: Канада прв осминафиналист

Канадските фудбалери се првите учесници во осминафиналето на Светското првенство, откако на отворањето на нокаут фазата на Мундијалот ја елиминираа Јужна Африка со резултат 1:0 (0:0).

Еден од домаќините на Светското првенство оствари историски успех со гол во судиското продолжение, постигнат од Стивен Јусташи.

YouTube video

Во битката за четвртфиналето, екипата на Џеси Марч ќе игра против подобриот тим од дуелот Холандија-Мароко, кој ќе се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник од 03:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литванскиот министер за надоврешни работи во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска во министерството ќе има средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.

Литванскиот министер за надоврешни работи во посета на Македонија

Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, соработката во рамките на НАТО, како и поддршката од Литванија за европската интеграција на Македонија.

Во рамките на посетата е предвидена тет-а-тет средба со министерот Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер