Белгискиот Принц Јоаким е казнет со 10.400 евра заради кршење на мерката за карантин

28 годишниот белгискиот Принц Јоаким, кој се зарази со коронавирус откако присуствуваше на забава во Шпанија, е казнет со 10.400 евра заради кршење на мерката за карантин.

Тој е казнет бидејќи по пристигнувањето во Шпанија на 24 мај не го испочитувал 14-дневниот карантин, туку два дена подоцна присуствувал на забава во Кордоба.

Иако се извинил за своето однесување, принцот Јоаким ќе мора да ја плати казната, која ќе се намали за 50 отсто доколку ја плати во рок од 15 дена.

Принцот Јоаким е внук на белгискиот Крал Филип и е десетти во редот за наследување на тронот.

ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во бездна на Шара

Две лица со „квадрицикл“ попладнето излетале од патот Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“ во бездна, при што се здобиле со повреди.

Две лица со „квадрицикл“ попладнето излетале од патот Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“ во бездна, при што се здобиле со повреди, а по интервенција на надлежните институции веќе се преземени од тим на Итна медицинска помош, информира Центарот за управување со кризи.

Несреќата била пријавена попладне во 16.06 часот на Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК. Преку конференциска врска со Полициска станица Попова Шапка е добиено известување дека на патниот правец Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“, две лица со „квадрицикл“ излетале од патот во провалија. Со нив имало уште едно лице со „квадрицикл“, но не можело да ги види ниту да ги слушне откако излетале.

Од ЦУК истакбнуваат дека веднаш беа извршени повеќе комуникациски координативни дејста од ЦУК, согласно барањата од терен и можностите.

-Во 16:50 часот, од ПС Попова Шапка известија дека со лицата се стапило во контакт, дека се живи но имале повреди и оти се извлечени за да може возило на Итна медицинска помош да ги преземе. Според последните известувања до ЦУК, лицата се веќе преземени од Итна медицинска помош и со медицинското возилото се на пат кон болница, се наведува во информацијата од ЦУК.

Сопругата на Зеленски во посета на Белград- ја дочека сопругата на Вучиќ

Сопругата на претседателот на Украина, Олена Зеленска е во билатерална посета на Белград, која ја започна со обиколка на градската библиотека во Белград во друштво на сопругата на претседателот на Србија, Тамара Вучиќ.

Во библиотеката на град Белград, Зеленска го посети археолошкиот локалитет со изложбата „Римска сала“, како и „Украинската полица“, катче од библиотеката со украински книги што е основана под нејзин патронат, објави Телеграф.

Таа имала можност да ги види и белградските четири евангелија од 16 век, првата книга отпечатена во Белград.

Градската библиотека во Белград на сопругите на претседателите на Србија и Украина им подари членски книшки и им додели монографии издадени по повод 90-годишното работење на институцијата.

Тамара Вучиќ и Олена Зеленска ги посетија паркот Калемегдан и белградската тврдина.

За време на посетата, сопругата на претседателот на Украина слушнала малку повеќе за историјата на Белград, за белградскиот Виктор, Споменикот на благодарноста на Франција и други симболи на главниот град на Србија.

Зеленска имаше можност да слуша аудио водич за тврдината, што од април е достапен на украински.

Во присуство на сопругите на претседателите на Србија и Украина, во Ректоратот на Универзитетот во Белград беше потпишан договор за научна, образовна и културна соработка меѓу Универзитетот во Белград и Националниот универзитет во Киев „Тарас Шевченко“.

Договорот го потпишаа ректорот на белградскиот универзитет Владан Ѓокиќ и проректорот за научна и педагошка работа на Националниот универзитет „Тарас Шевченко“, Ксенија Смирнова.

На обиколката присуствуваа министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и амбасадорот на Украина во Белград, Володимир Толкач.

Италијанка снимила мистериозен објект над својата куќа, многумина веруваат дека е НЛО (ФОТО)

Чуден објект налик на НЛО е забележан на небото над мирен град во Италија, што предизвикало збунетост кај локалното население.

Ана Ајда Гуида фотографирала од својот балкон во Селе ди Булгерија, во италијанската област Катанија кога времето нагло се променило. Сончевиот ден станал облачен, а Ана брзо ја зграпчила камерата за да го овековечи моментот, објави Мирор.

Меѓутоа, подоцна, додека ги прегледувала нејзините фотографии, забележала нешто необично - темен, тркалезен предмет како лебди меѓу облаците.

Збунета од фотографиите ги сподели на социјалните мрежи, а тие предизвикаа низа шпекулации.

„Во моментот на фотографирањето ништо не видов ниту слушнав. Подоцна го видов овој предмет, кој толку многу ме заинтригира што морав да ги прашам пријателите на Фејсбук што е тоа“, напишала Ана.

Фотографиите предизвикаа големо внимание на социјалните мрежи, а луѓето шпекулираа што би можело да биде.

Некои рекоа дека можеби станува збор за дрон, додека други зборуваа за можноста за вонземски посетители, спомнувајќи НЛО.

притисни ентер