По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
1По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
ФудбалБелгиски фудбалер доживеал ужас - полицајци го извлекле од авион и го претепале (ВИДЕО)Белгискиот фудбалер и поранешен репрезентативец до 21 година, Стефан Омеонга доживеа страшно искуство на самиот Божиќ.Полицијата го извлекла од авионот во Рим пред летот за Тел Авив, го фрлиле на земја и го претепале, а потоа без медицинска помош го оставиле да чека со часови без храна и вода. Омеонга игра за израелскиот второлигаш Бнеи Сахнин и отпатувал за да се приклучи на тимот. Но, поради наводните проблеми со неговите документи, тој бил насилно извлечен од авионот, а неговата приказна потсетува на оние што често им се случуваа на американските црнци во контакт со локалната полиција. Овој 28-годишен играч од средниот ред го опиша целиот настан на својот Инстаграм профил, заедно со видео од инцидентот и додаде дека еден од полицајците дури и го пријавил за наводните повреди што му ги нанел при апсењето. „На 25 декември бев жртва на полициска бруталност. За време на летот меѓу Рим и Тел Авив, откако се качив во авионот и седнав на моето место, стјуардот ми пријде поради наводен проблем со моите документи и ме замоли да го напуштам авион. Убеден во исправноста на моите документи, мирно прашав што е проблемот. Беше повикана полиција, ми ставија лисици и насилно ме извадија од авионот. Надвор од авионот, далеку од очите на сведоците, полицајците насилно ме фрлија на земја и ме претепаа, а еден од нив со коленото ми ја притисна главата. Ме одведоа во полициска кола со лисици, како да сум криминалец. Пристигна и брза помош, но бев во шок и не можев да им одговорам на болничарите. Наскоро слушнав преку полициското радио: „Одби лекарска помош, сѐ е во ред“. Тоа беше сосема погрешно, побарав да ме однесат во итната медицинска помош бидејќи се плашев што ќе ми направи полицијата. Потоа ме сместија во сива соба, без храна и вода и ме оставија во состојба на целосно понижување неколку часа. Откако бев пуштен, дознав дека полицаецот поднел пријава против мене поради повреди што наводно ги добил при апсењето иако имав лисици. Понатаму, до ден денес не сум добил оправдување за моето апсење. Како човечко суштество и како татко не можам да толерирам каква било форма на дискриминација. Ова апсење е само видливиот врв на ледениот брег. Многу луѓе кои личат на мене не можат да најдат работа, домување, не можат да го играат спортот што го сакаат само затоа што се црнци. Мора да бидеме обединети и да го кренеме гласот за да ги едуцираме оние околу нас - нашите колеги, соседи и пријатели - за овој проблем што го труе нашето општество и го кочи нашиот напредок. Мир“, напиша револтираниот фудбалер. View this post on Instagram A post shared by Omgs (@stephane.omeonga) Омеонга кариерата ја започна во Андерлехт, потоа играше за италијански Авелино, Џенова и Пескара, шкотскиот Хибернијан и Ливингстон, белгискиот Серкл Бриж, а од 2023 година е во Бнеи Сахнин. Тој забележал 22 настапи во Серија А во Џенова.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во КумановоТемелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава. СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар. „Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка. Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP). Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаБосанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – СкопјеПолициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Вчера (10.10.2026) во 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook