3Тричлена банда Бугари извршиле најголема измама во историјата на Британија, тешка 53 милиони фунти- депортирани се
Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
1Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
3БМВ го криел 21 година автомобилот што никогаш не го продал- има V12 мотор и е долг 5,5 метри (ВИДЕО)
СветБелгијците бираат европски, федерални и регионални пратеници Белгијците денеска излегуваат на гласање за да изберат членови на Европскиот парламент, на Федералниот парламент на Белгија и на парламентите на регионите Брисел, Валонија и Фландрија.Белгијците денеска излегуваат на гласање за да изберат членови на Европскиот парламент, на Федералниот парламент на Белгија и на парламентите на регионите Брисел, Валонија и Фландрија, додека припадниците на германското малцинство ќе избираат и пратеници во Парламентот на германофонската заедница. Гласањето во Белгија е задолжително за сите оние белгиски државјани со наполнети 16 години кои согласно законот ги исполнуваат условите за стекнување на гласачко право. За неисполнување на оваа законска обврска следи парична казна. На европско ниво ќе бидат избрани 22 европратеници од полуотворени листи според пропорционален систем без изборен праг во три изборни единици наречени „изборни колеџи“, а распределбата на мандатите е според Д’Онтовиот модел. Изборните единици не се по географски, туку по етничко-јазичен принцип и бројот на пратеници што се избираат во нив зависи од големината на етничката заедница. Така, холандско јазичниот изборен колеџ дава 13 европратеници, француско јазичниот – 8, а германско јазичниот колеџ еден мандат. На овие избори Белгија доби уште едно дополнителен мандат во според со 2019 година согласно најновите податоци за бројноста на населението и тој е додаден во „холандскиот“ колеџ. Покрај Белгијците, право на глас на европските избори имаат и државјаните на другите држави на ЕУ кои живеат во Белгија. Ова се десетти директни избори за членови на Европскиот парламент што се одржуваат во Белгија, а први на кои покрај сите полнолетни граѓани право на глас имаат и жителите на земјата на возраст од 16 и 17 години. Право за учество на европските избори имаат кандидатски листи што ќе бидат поддржани од најмалку петмина членови на Федералниот парламент – на Претставничкиот дом или Сенатот или доколку соберат потписи за поддршка од граѓаните - по најмалку 5000 потписи за кандидирање во „холандскиот“ и „францускиот“ колеџ и по најмалку 200 во „германскиот“ изборен колеџ. Во „холандскиот“ изборен колеџ се поднесени девет кандидатски листи, во „францускиот“ – седум, а во „германскиот“ – шест листи. Според анкетите на јавното мислење, во „холандскиот“ колеџ најмногу гласови се предвидува да освои ултра националистичката и десно популистичка партија Фламански избор (ВБ), која е членка на европската екстремно десничарска група Идентитет и демократија (ИД), пред националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА), што е дел од десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР). Меѓутоа, поради карактеристиките на Д’Онтовиот модел се предвидува двете партии да добијат по тројца европратеници. Натаму следуваат либералната партија Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД), дел од групата „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) и социјалдемократската партија Напред (Воројт), членка на европската Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД), на кои им се предвидуваат по два мандати, додека по еден европратеник се очекува да освојат партиите Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ), дел од Европската народна партија (ЕПП), Зелените, членка на европските Зелени и Работничката партија на Белгија (ПВДА/ПТБ), кој и припаѓа на европската група Левица. Во „францускиот“ табор се очекува да победи Социјалистичката партија (ПС) од групата СД, пред членката на РЕ, Реформско движење (МР) и Работничката партија на Белгија (ПВДА/ПТБ), кои би добиле по два мандати. По еден европратеник им се предвидува на зелената партија Еколо и демохристијанската партија Посветените (ЛЕ), кој е дел од ЕПП. Европратеникот од „германскиот“ колеџ се очекува да го даде членката на ЕПП, Христијанско-социјалната партија (ЦСП). Доколку се остварат ваквите прогнози Белгија ќе „делегира“ по четворица европратеници во СД и либералната РЕ, по тројца во ИД, ЕЦР, ЕПП и Левицата и два пратеника во групата на Зелените. На парламентарните избори се бираат 150 членови на Долниот дом на Федералниот парламент – Претставничкиот дом, со мандат од пет години. Членовите во Претставничкиот дом се бираат според пропорционален модел во 11 изборни единици, кои даваат од 4 до 24 пратеници во зависност од нивната големина. Од вкупниот број изборни единици, по пет изборни единици се во холандофонскиот регион Фландрија, од каде доаѓаат 87 пратеници, и во франкофонскиот регион Валонија со 47 пратенички места, а една изборна единици со 16 мандати е регионот на Брисел. Во сите 253 франкофонски општини во Валонија и во 141 општина во Фландрија гласањето се врши само на класичен начин на хартиени гласачки ливчиња на избирачки места, додека во 159 фламански општини, во деветте германофонски општини во Валонија и во сите 19 општини на Брисел се спроведува електронско гласање. За парламентарните избори се поднесени вкупно 35 изборни листи, кои се поделени по етничка и регионална основа. Според анкетите на јавното мислење, најмногу пратеници, односно 26, би требало да освои фламанската ВБ, пред втората фламанска десничарска партија Н-ВА на која и се предвидуваат 20 мандати и себелгиската наднационална ПВДА/ПТБ со 19 или 20 места. Валонското либерално МР се очекува да освои 18 мандати, пред двете социјалдемократски партии – валонската ПС со 16 до 18 пратеници и фламанската Воројт со 11 или 12 места. Натаму следуваат двете демохристијански партии – валонската ЛЕ со 10 или 11 мандати и фламанската ЦДВ со 10 места, пред фламанската Опен ВЛД на актуелниот белгиски премиер Александер Де Кро, која се очекува да освои седум пратеници. Двете зелени партии Зелен и Еколо може да се надеваат на 5, односно 4 мандати, а еден пратеник се очекува да добие бриселската регионална либерална партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ). Доколку се остварат ваквите прогнози актуелната седумчлена владина коалиција, што ја сочинуваат ПС, МР, Опен ВЛД, ЦДВ, Еколо, Воројт и Зелените, би имала 72 или 73 пратеници, односно помалку од неопходните 76 места за мнозинство во Претставничкиот дом. Во такви услови се очекуваат нови долготрајни преговори за формирање на нова влада. По претходните избори во мај 2019 година, дури во март 2020 година или 296 дена по изборите беше формирана времена малцинска Влада предводена од Софи Вилмес, кој уште во октомври претходната година стана в.д. премиерка откако дотогашниот премиер Шарл Мишел ја презеде функцијата претседател на Советот на ЕУ. Актуелната Влада на Де Кро, пак, беше формирана во октомври 2020 година или 494 дена по одржувањето на изборите. Се очекува во преговорите за новата влада да бидат вклучени седумте досегашни владини партнери плус ЛЕ. Но, фламанските десничарски партии инсистираат на принципот владата да ја формираат победничките партии во двата етнички блока – фламанскиот и валонскиот, посочувајќи дека доколку тие бидат исклучени од идниот Кабинет, тогаш „две третини од фламанските гласачи нема да бидат претставени во таквата влада“. На трето ниво, Белгијците ќе бираат и регионални парламенти на Брисел, Валонија и Фландрија, како и 25-члениот Парламент на германската јазична заедница. На изборите за 79-члениот бриселски Регионален парламент се очекува да победи либералното МР со меѓу 22,9 и 23,3 отсто од гласовите, пред ПДВА/ПБТ со 19,8 проценти, ПС со меѓу 15 и 15,2 отсто и Еколо со меѓу 11,6 и 12,5 проценти. Натаму следуваат ЛЕ со 7,7 отсто, ДЕФИ со нешто над седум проценти, ВБ со околу пет отсто, Зелените со околу 4,5 и Н-ВА со нешто под четири проценти. Останатите партии би освоиле по два отсто од гласовите. Во Валонија за 75-члениот Парламент се очекува неизвесна битка меѓу ПС и МР на кои им се прогнозираат по околу 23 отсто од гласовите, пред ЛЕ со околу 18 проценти и ПВДА/ПБТ со меѓу 14,5 и 16 отсто. Натаму следува Еколо со меѓу осум и девет проценти и ДЕФИ со нешто над четири отсто, додека сите останати листи би добиле меѓу седум и девет проценти. На изборите за 124-члениот Парламент на Фландрија се предвидува победа на ВБ со меѓу 25,8 и 27,2 отсто, пред Н-ВА со меѓу 19,6 и 21 проценти и Воројт со меѓу 13 и 15,6 отсто. На четвртото место се очекува да се најде ЦДВ со меѓу 12 и 12,3 проценти од гласовите, пред ПВДА/ПБТ со меѓу 8,9 и 10,2 отсто, Опен ВЛД со меѓу седум и 9,2 и Зелените со меѓу 6,1 и 6,9 проценти од гласовите. Останатите листи се превидува да добијат меѓу два и 2,8 проценти од гласовите. Доколку се остварат ваквите резултати, тие сериозно би можеле да ги загрозат идните политички кариери на премиерот Де Кро, но и на лидерот на Н-ВА, Барт Де Вевер, чија партија беше водечка во фламанскиот блок во изминатите неколку изборни циклуси од 2010 година. Инаку, право на глас на изборите имаат и околу 420.000 полнолетни Белгијци кои живеат во странство, од кои за гласање се пријавиле околу 255.000. Тие го остварија своето гласачко право во белгиските дипломатско-конзуларни претставништва во странство во средата во периодот од 13 до 19 часот. Кога станува збор за Белгијците што живеат во некоја земја членка на ЕУ, тие имаа право да гласаат и на изборите за белгиски членови во Европскиот парламент, како и на изборите за европратеници од државата во која живеат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
СудбинаСмртоносно количество кокаин е пронајден во бебешка цуцла- осудени се мајката и нејзиниот партнер Мајка е затворена, заедно со нејзиниот партнер, по смртта на нејзината двегодишна ќерка, во чие шише за млеко е пронајдено дека содржи „смртоносна количина“ кокаин!Итните служби биле повикани на адреса во Билингам во април 2024 година, по извештаите дека девојчето, Лајла Хеч, престанало да дише, објави Би-Би-Си. Нејзината мајка, 22-годишната Џоди Хеч, и нејзиниот партнер, 30-годишниот Дејли Матис, првично ги негираа двете обвиненија за злоупотреба на деца во кои биле вклучени Лајла и друго дете. Тие го сменија своето признание на вина на Крунскиот суд во Тиссајд и беа осудени во понеделник. Mom and drug-dealer boyfriend learn fate after toddler dies from drinking cocaine-laced milk https://t.co/QrE02BgFuI https://t.co/I5KLiG860C — New York Post (@nypost) November 17, 2026 Токсиколошкиот извештај покажал дека смртоносна количина кокаин е пронајдена во шишето за млеко на детето, а дрогата е пронајдена и во нејзината крв, желудочната содржина и прамените коса. Главниот детектив инспектор Крис Прингл од полицијата во Кливленд изјави дека во куќата е пронајдена голема количина дрога, како и канабис. Двојката се изјасни за виновна за поседување дрога од класа А со намера за дистрибуција. Џоди Хеч, исто така, се изјасни за виновна за вмешаност во дистрибуција на дрога од класа Б и беше осудена на пет години и четири месеци затвор. Матис, кој беше осуден и за посебно кривично дело насилно однесување во врска со нападот во септември, беше осуден на 13 години затвор. Прингл рече дека дрогата пронајдена во куќата била „лесно достапна за мали деца“, што ја прави „екстремно опасна средина“.Тагови: кокаин Мајката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
ЕвропаСанчез е пред изборен пораз- европската левица останува без еден од најсилните адутиСè поверојатниот изборен пораз на шпанскиот премиер Педро Санчез на претстојните избори би претставувал нов удар за европската левица, која би останала без еден од своите најгласни претставници во Европскиот совет.Вонредните избори во Шпанија, закажани за 29 ноември, би можеле дополнително да ги променат политичките односи меѓу европските лидери, а со тоа и односот на силите на состаноците на кои се одлучува за идниот правец на Европската унија. Според резултатите од анкетите, победата на шпанските конзервативци е се поизвесна, што значи дека бројот на социјалистичките лидери во Европскиот совет би можел дополнително да се намали. Изборите во Италија, Франција и Полска во 2027 година би можеле дополнително да ја ослабат европската левица и да доведат до фактот дека проевропските прогресивни и либерално-левичарски партии во Европскиот совет остануваат во посебно малцинство. „Една од последните преостанати левичарски влади во Европската унија... Звучи како остаток од минатото“, му рече еден дипломат на ЕУ за известувачот. Кој останува меѓу европските социјалисти? Доколку Санчез загуби на изборите, меѓу социјалистичките и социјалдемократските лидери во Европскиот совет, главно ќе останат данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Малта Роберт Абела. И двете доаѓаат од помалите земји-членки на ЕУ, а нивните политички ставови не мора да се совпаѓаат со разбирањето на Санчез за социјализмот. Социјалист е и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Евроскептичната група на европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) во моментов има двајца претставници во Европскиот совет - италијанската премиерка Џорџија Мелони и белгискиот премиер Барт Де Вевер. Летонскиот премиер Андрис Кулбергс е независен, но неговата владина коалиција вклучува и партии поврзани со ЕЦР. Поранешниот чешки премиер Петар Фијала, кој припаѓаше на ЕЦР, беше заменет со Андреј Бабиш, чија партија АНО е член на екстремно десничарската група Патриоти за Европа (PfE). Умерената, проевропска десница, собрана околу Европската народна партија (ЕПП), има 12 лидери во Европскиот совет, како и претседател на Европската комисија. „Јазот би бил огромен“, рече Хавиер Карбонел, политички аналитичар во Центарот за европска политика (EPC) со седиште во Брисел. „Фредериксен не се смета за водечка фигура меѓу социјалистите во остатокот од Европа на начин на кој, до одреден степен, беше Санчез“, додаде тој. Карбонел верува дека заминувањето на Санчез би можело да поттикне поширока дискусија меѓу европските социјалисти за насоката во која тие треба да се развиваат, особено затоа што ниту поумерен ниту изразито левичарски пристап во моментов не им носи изборен успех. Големи разлики околу миграцијата „Фредериксен, дали таа навистина е социјалист? праша друг дипломат на ЕУ, потсетувајќи на честите несогласувања меѓу Данска и Шпанија во Европскиот совет, особено кога станува збор за миграциската политика. Данската премиерка неодамна, заедно со италијанската премиерка Џорџија Мелони и полскиот премиер Доналд Туск, го критикуваа Санчез за неговата политика на легализирање на статусот на стотици илјади мигранти. Фредериксен се залага за многу построга миграциска политика од шпанскиот премиер. Неодамна ги поддржа плановите за формирање центри за мигранти кои не се членки на ЕУ во Руанда, со поддршка од Германија, Австрија, Грција и Холандија. Шпанија, заедно со Франција, постојано се спротивставуваа на ваквите предлози. „Не би го дефинирала Фредериксен како социјалдемократ“, изјави за порталот „Репортер“ Хана Јалул, истакната членка на шпанските социјалисти во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. „Ако можете да испратите кој било мигрант во Руанда, без да ги земете предвид нивните човекови права, нивната животна ситуација или нивните лични околности, тоа е целосно неприфатлив расизам“, додаде таа. Санчез често се судираше со Трамп Санчез и даде на европската левица препознатлив политички профил, особено со неговите ставови за Кина, Блискиот Исток и односите со Соединетите Американски Држави. Неговата влада беше поотворена за соработка со Кина и се спротивстави на одредени потези на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Во април оваа година Санчез ја посети Кина по четврти пат во последните три години, со цел зајакнување на економските и дипломатските односи со Пекинг. Шпанија стана една од најотворените членки на ЕУ за соработка со Кина, а Санчез постојано ја повикува Европа да се вклучи во поинтензивен дијалог со Пекинг. Таквата политика не секогаш наидува на одобрување на другите европски лидери, а за време на неговиот втор мандат, Санчез постојано се судри со американската администрација. Тој се спротивстави на зголемувањето на средствата за војската на пет проценти од БДП, што го бара НАТО, им забрани на американските авиони да користат заеднички воени бази и шпански воздушен простор и отворено се спротивстави на, како што рече, „нелегалната и неправедна војна“ во Иран. Ова дополнително ја зацврсти неговата позиција како еден од најпрепознатливите претставници на меѓународната левица. Тагови: Левица Педро Санчез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаГо запрел автомобилот за да ѝ помогне на сопругата која се задушувала, па го казниле со 125 евра- но, тука не бил крајот на макитеПензиониран машиновозач бил бесен откако бил казнет затоа што го запрел својот автомобил пред железничката станица во Рочестер на двојна црвена линија. Тој тврди дека го сторил тоа за да ѝ помогне на сопругата која се давела. Иако се обидел да објасни зошто морал да застане, казната му била зголемена на 105 фунти (околу 125 евра), кои на крајот ги платил. „Не дојдов да земам никого“ Џејмс Брајс, 69, застанал пред железничката станица, која е во зона со ограничен сообраќај. Тој рекол дека морал да ѝ помогне на сопругата. Тврди дека застанал веднаш по 6 часот наутро, кога немало други возила на патот, и дека не вознемирувал никого. „Не дојдов да земам никого, а никој не излегол од вагонот - што мислеле, зошто застанав? Секој би го направил она што го направив јас во медицинска итна ситуација. 300 луѓе умираат од задушување секоја година. Бев таму три или четири минути, не повеќе“, рекол тој. Само три дена подоцна, на 5 август, тој доби казна од 70 фунти, со можност да плати намалена казна од 35 фунти ако го стори тоа во рок од две недели. Брајс очекуваше властите да ги разберат околностите на запирањето на неговиот автомобил. „Помислив: „Добро, не е важно, само ќе објаснам што се случило“, верувајќи дека ќе разберат“, рече тој. ‘I was fined £105 for stopping the car while my wife choked, but they ignored my appeal’ #Kent https://t.co/CuUpfDhmsB — KENT (@DailyKENT) November 17, 2026 Тој тврди дека немало одговор Сепак, обидот да се жали преку веб-страницата на локалната самоуправа Медвеј не успеа, па затоа испрати писмо по пошта, објаснувајќи што се случило. Тој тврди дека не добил одговор, но на крајот на август добил ново известување со кое казната се зголемила на 105 фунти. Затоа решил лично да достави друго писмо до локалната самоуправа во Чатам, Кент. Сепак, тој рече дека не добил одговор до 5 ноември. Плашејќи се од понатамошни дејствија, на крајот ја платил побараната сума. Потоа Брајс контактирал со KentOnline, каде што рекол дека се чувствувал „измамен“ бидејќи локалната самоуправа брзо ја издала казната, но не одговорила на неговите обиди да ја оспори. „Доколку ми рекоа: „Разбираме зошто го направивте тоа, но тоа не е доволно добра причина“, ќе ја прифатев и ќе ги платев 35-те фунти - но толку многу ја одолговлекуваа што казната достигна 105 фунти“, рече тој. Додаде дека се прашува колку луѓе се откажуваат од обидите да ја оспорат казната и едноставно ја плаќаат. Администрацијата му ги врати платените пари Откако медиумите контактираа со локалната самоуправа на Медвеј и побараа објаснување, се случи нов пресврт. Веќе следниот ден, Брајс повторно се јави во редакцијата и рече дека му се вратени сите 105 фунти. Сепак, како што изјави, не бил однапред информиран за плаќањето, ниту добил никакво објаснување зошто парите се вратени. Додаде дека би сакал да добие барем некаков одговор по сите негови обиди да контактира со властите. Како одговор на прашањата од новинарите, локалната самоуправа на Медвеј изјави дека го добиле првото писмо на Брајс на 11 август, но дека неговата жалба е одбиена поради „недостаток на докази и активности забележани околу возилото“. Како што објаснија, му испратиле одговор на 26 август, или 21 ден откако била издадена првичната казна. Претставници на администрацијата, исто така, изјавија дека има проблем со формулацијата во известувањето за отфрлање на жалбата, поради што казната била поништена.Тагови: автомобилот сопругата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08