Ограничувањата во земјата во моментов дозволуваат да работат продавниците со храна, домашни потреби и градинарските центри, а повеќето граѓани работат од дома.
„Време е да се погледне во иднината“, рече премиерката Софи Вилмс на конференцијата за медиуми по седумчасовната расправа.
„Но, Ковид-19 не исчезна, вирусот е сè уште со нас и е опасен за населението. Императив е да се почитуваат безбедносните мерки во периодот додека се на сила“.
Вилмс рече дека Белгија ќе треба да изврши 25.000 до 35.000 тестови дневно за да се укине карантинот, а контактите со заразените ќе ги следи новиот тим од 2000 луѓе.
Повеќето деловни активности ќе се отворат на 4 мај. На отворено, граѓаните ќе можат да се сретнат две лица кои не живеат со нив додека одржуваат социјална дистанца.
Возрасните и децата на возраст под 12 години ќе треба да носат маски во јавниот превоз, а ќе се отворат и продавниците за облека.
Една недела подоцна, ќе можат да се отворат сите продавници под строги услови на социјална оддалеченост.
Во следната фаза од 18 мај, училиштата ќе ги отворат вратите за некои ученици, но ќе има максимум 10 деца на час. Граѓаните ќе можат да организираат помали собири дома, да посетуваат музеи и да одат на фризер.
Кафулињата, рестораните и некои туристички атракции нема да се отворат пред 8-ми јуни. Патувањето во странство повеќе од еден ден, исто така, нема да биде дозволено пред тој датум.
Постепеното олеснување на мерките за ограничување во Белгија делумно ги одразува активностите на нејзините соседи.
Холандија очекува да ги отвори основните училишта на 11-ти мај. Германија дозволи помалите продавници да се отворат и учениците ќе се упатат кон училиштата на 4 мај. Во Франција, карантинот ќе трае до 11-ти мај.
Белгија има население од 11,5 милиони луѓе. Во земјата има 44.229 заразени и 6679 жртви. Повеќе од половина од смртните случаи се случиле во старечки домови.