Белен: Немојте да ја изгубите целта од вид, Австрија е ваш сигурен партнер на патот кон ЕУ

Немојте да ја изгубите целта од вид, да работиме заедно, за скорешен прием на Македонија во ЕУ. 

Австрија останува ваш сигурен партнер, изјави австрискиот претседател Алексанадар Ван дер Белен на денешната заедничка прес - конференција во Скопје со неговиот домаќин шефот на државата Стево Пендаровски.

-Вие сте на вистинскиот пат и Австрија целосно ќе ве поддржува во тоа. Убедени сме дека ќе успеете да ја направите промената на Уставот и да продолжите по својот пат кон ЕУ. Австрија целосно ќе ве поддржува на тој пат, рече Белен.

Тој нагласи дека земјава со Охрискиот рамковен догор е пример во регионот во однос на етнички и религиски соживот, а за да продолжи процесот на проширување би било нужно да се промени Уставот. Во Австрија, вели, знаат дека промената на Уставот е нешто што политички предизвикува тензии, но, треба да се гледа напред, да се работи во правец на заедничка европска иднина.

-Знаеме дека вашиот пат кон ЕУ е тежок, дека фрустрацијата за времетраењето на процесот е разбирлива, но ве молиме немој да ја изгубите целта од вид. Хрватска покажа дека приемот е можен кога сите значајни политички сили влечат во ист правец. Да работиме заедно за скорешен примен на Северна Македонија. Јас можам да гарантирам дека Австија и во иднина ќе ви стои на располагање како сигурен партнер, вели Ван дер Белен

На новинарско прашање во однос на поддршката на уставните измени, тој истакна дека ќе одржи говор во Парламентот и ќе ги замоли сите пратенички групи да размислат што во спортивност се става на ризик. - Да не се драматизира овој чекор, вели Белен.

Претседателот Пендаровски истакна дека украинската криза може да ја поттикне интеграцијата на регионот во ЕУ, а како докажан пријател Австрија ја форсира политиката на проширување на ЕУ

-Австрија како докажан пријател на регионот има значајна улога во форсирањето на политиката на проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан, а во тие рамки, оваа посета на австрискиот претседател укажува и на важноста на нашата евроинтеграција, рече Пендаровски.

Двајцата се согласиле дека во отсуство на јасна европска перспектива, евроскептицизмот ќе продолжи да расте и сигурно ќе биде сигнал за некои други сили кои работат спротивно на европските вредности.

Посебен фокус во разговорите бил ставен и на интензивирањето на економската соработка.

Пендаровски посочи дека Австрија е наш значаен трговски партнер и прв странски инвеститор со вкупни инвестиции од близу една милијарда евра и со присуство на 54 активни австриски компании на македонскиот пазар.

-Во тој контекст ги поздравуваме и поддржуваме активностите на Македонско-австриската бизнис-асоцијација. Заеднички геостратегиски интерес е југоистокот на Европа да биде демократски и развиен за да биде мост за економска размена со растечките пазари на Азија, порача Пендаровски.

Ван дер Белен нагласи дека австриските инвестиции се најбројни во земјава, а фактот што со него дојдоа и претставници од 25 австриски компании сведочи за заинтересираноста за натамошно унапредување на економската соработка.

Следната година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи што се гледа како уште една можност за реафирмирање на македонско-австриското пријателство и соработка. /МИА

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер