Бекер: Надал е фаворит против Ѓоковиќ, кој е психички ослабнат

Борис Бекер, легендарниот тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, гостувал во Еуроспорт пред натпреварите од полуфиналето на Ролан Гарос.

Неговата задача е да ги рангира преостанатите тенисери од ждрепката. Германецот го постави Диего Шварцман на четвртото место, Стефанос Циципас на третото, а Надал на првото место пред Ѓоковиќ.

Многу гледачи и коментатори на социјалните мрежи беа изненадени од оваа одлука со оглед на тоа дека Бекер има многу добри односи со Ѓоковиќ, а тој тоа го објасни во програма во живо.

"За мене, број еден е очигледно Рафаел Надал. Но, беше јасно уште пред турнирот, тој секогаш беше фаворит. Тој победи 12 пати, одигра 100 натпревари на Ролан Гарос и победи 98 пати. Незамислива статистика. Тој покажа на турнирот дека е во брилијантна форма, а четвртфиналето против Јаник Синер го потврди тоа “, рече Бекер и додаде:

"Фасцинантно е како се натпреваруваше оваа година. Тој ги доби сите натпревари, освен дисквалификацијата во Њујорк. Прашањето е колку добро се опоравува од исцрпувачкото четвртфинале против Карен Буста? Рамото, грбот, лактот му беа повредени. И психата му е распукана. Сепак,верувам дека може да го искористи своето искуство во полуфиналето “.

Ким Кардашијан откри колку милиони заработиле од семејното ријалити шоу(ВИДЕО)

Ким Кардашијан се прослави преку шоуто Keeping Up With The Kardashians, а многу фанови неодамна беа изненадени од веста дека по 14 години популарното шоу згаснува.

"Никогаш не мислевме дека ќе снимаме втора сезона , а снимавме 20. Потребна ни е само пауза, едноставно е. Потребно ни е малку време да се прегрупираме", објасни Ким во едно интервју и неодамна му призна на Дејвид Летерман дека нејзината емисија повеќе не е примарен извор на приход.

Таа по тој повод рече дека заработува повеќе со еден спонзориран пост на социјалните мрежи отколку од целата сезона на шоуто.

„Без шоу немаше да бидеме тоа што сме денес и затоа продолживме, но, реално, можеме да објавиме нешто на социјалните мрежи и да заработиме повеќе отколку од целата сезона на шоуто“, рече Ким.

Според ТМЗ, кланот Кардашијан-Џенер во 2017 година потпишал договор за дополнителни пет сезони на шоуто за 150 милиони долари.

Нивната мајка, Крис Џенер, открила дека заработката се дели подеднакво меѓу сестрите и кога ќе одземете 10 проценти од заработката што Крис ја добива како нивен менаџер, тоа значи дека секој член на семејството добива околу 4,5 милиони долари по сезона.

Ким, инаку, се наоѓа на четвртото место на најплатените инфлуенсери во светот оваа година, а на страницата „Хоупер“, која секоја година го објавува списокот, се наведува дека Ким заработува дури 858 илјади долари по спонзорирано соопштение. Судејќи според тие податоци, Ким не заработува иста сума пари со еден пост како што заработува од една сезона, но не е далеку од вистината. Нејзината сестра Кајли заработува нешто помалку од еден милион долари по објава, нејзината цена е 986.000 долари.

Летерман ја праша кој заработува повеќе: таа или нејзиниот сопруг Канје Вест.

"Веројатно тој", рече Ким, додавајќи: "Нашата заработка е слична. Двајцата сме многу среќни што навистина добро се снаоѓаме и затоа сум многу благодарна".

Претходно овој месец, списанието Форбс објави дека богатството на Ким се проценува на 780 милиони долари.

Вучиќ: Ќе ги победиме мафијашите, тоа им го гарантирам

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и се обрати на јавноста преку Инстаграм со порака дека „државата ќе ја победи мафијата, без оглед на личните, политичките и какви било други последици“.

„Додека се боревме за подобар животен стандард, додека се боревме за Косово, за подобар здравствен систем за да можеме да лекуваме луѓе, некои во меѓувреме сметаа дека најисплатлива работа е да бидат мафијаши, да убиваат луѓе, да киднапираат наши граѓани, но ќе ги победиме, им гарантирам без оглед на личните, политичките и какви било други последици “, истакна Вучиќ во видеото.

Српскиот претседател рече дека „Србија во 2012, 2013 и 2014 година се бореше против тајкуните кои ја ограбуваа земјата и сакаа да ја уништат и кои успеаја во тоа“.

"Ја обновивме земјата. Денес, Србија е прва во Европа според стапката на раст, платите растат, пензиите растат, луѓето живеат подобро", заклучил Вучиќ.

Германец ги прскал луѓето со лут спреј ,зашто не одржувале дистанца

71-годишен Германец премногу сериозно го сфатил правилото за физичко растојание и ги прскал минувачите со спреј за самоодбрана базиран на лута пиперка, соопшти германската полиција.

Тој прво испрскал група џогери, а потоа и двајца велосипедисти во западниот град Ахен, се вели во полициското соопштение, додавајќи дека нападите биле извршени „без предупредување“.

Велосипедистите, брачна двојка на возраст од 51 и 49 години, успеале да го избегнат спрејот и застанале да повикаат полиција.

Човекот и рекол на полицијата дека нема друг начин да им покаже на другите да се придржуваат кон воспоставените мерки за борба против ширењето на коронавирусот.

Тој е обвинет за предизвикување сериозни повреди и опасно попречување на сообраќајот.

Ахен е еден од најголемите урбани центри во Германија кој во моментов е класифициран како област со висок ризик поради високата стапка на заразени.

притисни ентер