Бехтел и Енка со денови не одговора на прашањата на Канал 5 за спорните делови од договорот

Американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка веќе со денови  не одговора на прашањата на Канал 5 околу спорните делови од договорот кои се појавија во јавноста... 

Пет дена по испратените прашања од Канал 5 и бројните обиди за директен контакт со претставништвата на Бехтел и Енка, ниту од конзорциумот нема одговор за клучните дилеми за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10д... Освен за општите елементи околу почетокот на изградбата, и прашањето дали треба да се декласифицира тајниот договор кој отвори сомнежи во јавноста, побаравме појаснување дали е точно дека деновиве ќе добијат 53 милиони евра од буџетот на земјава по основ на пенали.

Дека ќе има енормни трансакции за неизменетиот закон за продолжување на работната недела на 60 часа, но и дополнителни авансни трошоци, тврди и денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Вели дека од договорните обврски пред три дена биле исплатени само две ставки од 117 милиони евра, но сумата до следната недела според него ќе порасне над 200 милиони евра.

„Од информации со кои располагаме има натегање помеѓу владата и фирмата изведувач околу банкарската гаранција кога ќе се договорат да бидат исплатени дополнителни 50 милиони евра по основ на авансно плаќање предвидено во тој договор. Таа бројка за недела дена ќе биде огромна, повеќе од 220—230 милиони евра, а се уште од проектот нема ни шајка некој заковано.

Дека се префрлени првите пари од Министерството за транспорт и врски до ЈПДП соопштија и од претпријатието од каде велат дека овие средства се наменети за мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот пред да се започне со градежни активности на четирите делници.. Министерот за транспорт и врски Бочварски во интервју за МИА изјави дека нема да се скрие ниту една исплата, а законските измени се потребни само поради побрза реализација на проектот, сепак без конкретен одговор дали давачките ќе се зголемат како што тврди ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа не е тајна и не е нешто што се крие за да се создава некаква нервоза во јавноста бидејќи и тоа може да се провери. Кон ЈПДП се исплатени средства од 117 милиони евра или во износ од 7,254 милијади денари. Оттаму, проектното одделение коешто е формирано во ЈПДП работи во директен контакт и комуникација со компанијата „Бехтел“. Не сметам дека треба да нагаѓаме колку ќе чини проектот после четири, пет или шест години во зависност од тоа по која законска регулатива ќе работиме.

Во однос на договорот со Бехтел и Енка, пред неколку дена со став се огласи и Амбасадата на САД, која иако кажа дека поддржуваат американски инвестиции во земјава, потенцираа дека американската Влада не презема никаква улога во договорот за автопатите.. Со став за порталот МКД се огласиле и од делегацијата на ЕУ... велат дека внимателно ги следат сите случувања, а потсетуваат и дека треба да се почитуваат обврските од Спогодбата за асоцијација и стабилизација, како и усогласувањето со правото на унијата во процесот на пристапни преговори...

Демири сака болницата во Лешок да ја спои со Клиничката болница во Тетово

Министерот за здравство Илир Демири сака болницата за белодробни заболувања во Лешок да ја спои со Клиничката болница во Тетово...

На ваквата одлука што ја најави министерот при неодамнешната посета на Тетово, остро се спотивставува медицинскиот персонал од специјализираната болница.

-Бараме да се донесат доктори специјалисти за да продолжи нормалното функционирање на болницата. Бараме барањето на министерот Демири, поврзано со нашата болница, итно да се поништи да не се најде на следната седница на Владата“, се вели во соопштението кое го испратија од болницата во Лешок.

Демири рече дека ако специјализираната болница не се земе под покровителство на тетовската болница таму без плата ќе останат 20 вработени.

Управен ги отфрли сите тужби на ДУИ - ќе дојде ли до промена на пратеничките мандати?

Ќе дојде ли до промена на пратеничките мандати во 5. и 6. изборна единица?

По маратонска расправа во текот на вчерашниот ден Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ против решенијата на ДИК за прегласување на парламентарните избори во седум избирачки места. Според пресметките на партиите, со прегласувањето најмногу може да загуби ДУИ, два пратеника – по еден во петката и шестката..

Во Изборната единица 6 ДИК прифати еден приговор за избирачко место во Желино. Таму најмногу гласови освои коалицијата Влен, вкупно 332, додека коалицијата преводена од ДУИ освоила 134 гласа, а СДСМ само 4.

Во шестка, Европскиот фронт освои 9 мандати наспротив 7 на Вреди, но доколку разликата на ова избирачко место се зголеми за дополнителни 80 гласа, тогаш резултатот ќе биде 8-8.

Во петката, поништено е гласањето во 6 избирачки места. Таму ВМРО ДПМНЕ доби 10 пратеници, Европски фронт 4 и СДСМ тројца, но по прегласувањето може да се случи СДСМ да освои еден повеќе, а има и опција коалицијата на ВМРО ДПМНЕ да добие еден или двајца пратеници во зависност од пресметката со Донтовиот модел кој може да биде пресуден а со оглед на ниската разлика во изборниот количник.

Од коалицијата „Вреди“ ја поздравија одлуката на Управниот суд, за која велат дека е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај.

-Ја поздравуваме одлуката на Управниот суд, која е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај. Оваа одлука уште еднаш докажува дека надежта за граѓаните во државата доаѓа, а манипулациите и криминалот на оваа хибридна моќ паѓаат.- Коалиција Вреди

Со поднесувањето на приговорите до ДИК и барањето за прегласување од Вреди и ВМРО ДПМНЕ, од ДУИ обвинуваа за изборен инжињеринг кој како што тврдат бил договорен по политички договор на опозицијата, во кој учествувал и СДСМ.

Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели

Променливото време со повремени врнежи дожд е погодно за појава на плевели, болести и штетници.

Поради тоа, земјоделците треба да посветат поголемо внимание за заштита на нивните посеви, препорачуваат агрометеоролозите од УХМР.

Доколку временските услови дозволуваат, може да се продолжи со другите агротехнички мерки. Се препорачува да се преземат и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, како и за расчистување и заштита на одводните канали за полесно одлевање на површинските води, велат агрометеоролозите.

-Променливото време со повремени врнежи дожд во изминатите денови, ги одржува земјоделските култури во активна состојба, со доволно влага во почвата, но и со услови на појава на плевели, болести и штетници заради големата релативна влажност на воздухот. При вакви временски услови, земјоделските производители треба да посветат поголемо внимание на заштита на нивните посеви од плевели, појава на болести и штетници, заради постоење оптимални услови за нивно ширење и развој, нагласуваат агрометеоролозите.

Тие оценуваат дека новите врнежи кои ги најавува УХМР, ќе ги дополнат вештачките акумулации кои беа со намалено ниво на вода.

притисни ентер