Бегал од полициска потера во украдено возило и се судрил со жена му

Американец кој управувал украден автомобил се судрил со жена си,  која исто така управувала украден автомобил.

Бизарна несреќа се случила во Њуберг, Орегон пред неколку дена, а двајцата биле уапсени по судирот.

Ренди Ли Купер (27) украл Toyota Cruiser Toyota Land, а откако некој ја пријавил кражбата, полицијата го лоцирала возилото и го следела. За жал на Купер, во обид да избега од полицијата се судрил со друго возило, за кое се покажа дека е украдено три недели порано.

Другиот автомобил, „Бјуик“, го управувала 25-годишната Кристин Никол Беге, кој се движел под дејство на алкохол и дрога. Што точно се случило, објасни полицијата на Фејсбук.

По судирот, Купер бил уапсен за неовластено користење моторно возило, обид да избега од полицијата, несовесно возење и други слични кривични дела. Беги била уапсена за возење под дејство на наркотици и неовластено користење моторно возило.

Полицаец ја коментирал објавата и напишал дека никој од нив досега не видел вакво нешто. „НДПД влезе во историјата“.

Реми во Севиља, Шпанија и Полска без победник

Фудбалерите на Шпанија и Полска одиграа без победник во второто коло од Групата Е на Европскот првенство. 

Избраниците на Луис Енрике не успеаја да ја оправаат улогата на фаворит на дуеот во Севиља против вечерва солидната Полска.

Црвената фурија го отвори резуласки мечот со голот на Мората во 25 минута. Шпанија со водство од 1-0 го заврши првото полуврее. Но, во вториот дел проработе најдобриот европски стрелец. Капитенот на Послака Роберт Левандовски со својот првенец на ЕУРО во 54 минута го израмни резулатот на 1-1 и не дозволи нов пораз на Полска на првенството. По 2 кола во групата Е , Шведска е на водечката позиција со 4 бодови пред Словачка со 3. Шпанија е трета со 2 бода а Полска е четврта со 1 бод.

За патниците во нокаут рундата ќеодлууваат натпреварите Шпанија - Словачка и Шведска Полска.

Автомобил паднал на железничка пруга во Градско, повредени пет лица

Во Градско попладнево околу 19 часот, автомобил што се движел во близина на бензиска пумпа паднал од патот на железничката пруга. Повредени се пет лица.

Како што информириа за МИА д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, началник на Брза Помош, повредените по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на велешката болница.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова изјави дека кај сите повредени биле констатирани помали телесни повреди, по што се пуштени на домашни лекување.

Триесет и шестгодишник од Велес паднал од цреша

Триесет и шестгодишен велешанец попладнево паднал од цреша и се здобил со фрактури на ребра.

Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес за МИА информира дека попладне околу 19 часот, бил примен пациент кој паднал од цреша. Тој се здобил со фрактура на повеќе ребра. Бил снимен и му е укажан прва помош.

Повредениот е оставен на опсервација во Хируршкото одделение во велешката општа болница

притисни ентер