Бебето нилски коњ од зоолошката во Мелбурн почна да плива

Ова е Оби, новиот член на зоолошката градина во Мелбурн.

Оби има 3 недели, и овој викенд првпат заплива, со мало помош од својата мајка.

Малиот Оби е дел од интернационална програма за размножување во заробеништво и кога ќе биде повозрасно ќе се бара партнерка за него.

Погледнете го ова “мало“ бебе како плива:

Хамас: Повикот на Израел за евакуација на Рафа ќе доведе до колапс на преговорите за примирје

Официјален претставник на Хамас за порталот Вала изјавил дека повикот на Израел до цивилите да евакуираат делови од Рафа пред потенцијална копнена офанзива ќе доведе до колапс на преговорите за договор за заложниците и примирје.

- Израелската одлука да започне евакуација на населението ќе ги запре преговорите за договорот, кои добро напредуваа и бевме блиску до договор, изјавил претставникот на исламистичката терористичка група за новинската страница Вала.

- Нетанјаху е во илузија дека заканата за инвазија врз Рафа ќе изврши притисок врз Хамас, но тоа само ќе доведе до колапс на преговорите, вели претставникот, пренесува Тајмс од Израел.

Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Педесет и седумгодишник од неготинското село Долни Дисан, синоќа во 22 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Неготино, поради бегство од казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“, каде издржувал затворска казна.

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Мегваер е надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер ќе биде надвор од терените поради повреда, објавија од прес-службата на клубот на социјалните мрежи.

Играчот ќе пропушти околу три недели, па повеќе нема да се појавува на теренот на преостанатите натпревари.

Оваа сезона фудбалерот одигра 22 натпревари за Манчестер јунајтед во англиското првенство, на кои постигна два гола и оствари две асистенции.

Вечер од 21 часот Манчестер јунајтед ќе се сретне со Кристал Палас на гостински терен.

притисни ентер