Голем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)
1Голем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)
ЖивотБазените – можност за разладување за скопјаниЖителите на главниот град кои летово нема да заминат на одмор ќе можат да се разладуваат во Олимпискиот базен „Центар", Аквапаркот, базенот во СЦ „Борис Трајковски", Воениот базен во Аеродром и базенот „Расадник".Надлежните од базените велат дека водата е најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди и оти има интерес од посетителите. Во ниеден од базените не е дозволено внесување храна, вода, пијалаци, затоа граѓаните треба со себе да си понесат дополнително повеќе пари. Во некои базени задолжитечно е носење капа за пливање. Олимписки базен „Центар" Раководителот на Олимпискиот базен „Центар", Мартин Маневски, за МИА изјави дека овој базен е со најдолго искуство во пливачките спортови во нашата држава. – Базенот работи преку целата година со константна температура на водата согласно правилниците на Светската пливачка федерација и Европската пливачка федерација за да овозможиме најдобри услови за нашите посетители. Работното време преку целата година е секој ден освен понеделник. Во летниот период работиме од 7:00 до 17:00 за рекреација (утринска и дневна), од 17:00 до 20:30 со школи за пливање и пливачки клубови и од 20:30 до 23:00 рекреација – ноќно капење, изјави Маневски. За време на дневната рекреација, која е популарна опција за граѓаните да се разладат во овие жешки скопски денови, работи и терасата, каде што имаме бесплатни лежалки и чадори за посетителите, а работи и шанкот со ладни пијалаци, сокови и храна. Маневски посочи дека ноќната рекреација е традиција за Олимпискиот базен „Центар" и е еден од ретките можеби и единствен што ја има оваа опција со одлични услови за нашите посетители. – Во летниот период работат и школите за пливање во нашите клубови со најдолго искуство во државата (Вардар, Работнички, Орион, Младост, Студент, Пингвин, Звезда, Лириа, Ноти, Вардар 2018, Делфин…) и се посетени најмногу од најмалите кои сакаат да научат правилно да пливаат и да почнат да градат здрави навики преку спортот, да се дружат, да развиваат натпреварувачки дух и правилно да се развиваат од најрана возраст, но имаме и групи за возрасни. Целата листа на клубови е достапна на www.olimpiskibazen.com.mk/skoli.html, додава Маневски. Тој нагласи дека квалитетот на водата е на највисоко можно ниво и таа е филтрирана електронски 24/7. Квалитетот се проверува секоја недела од страна на Центарот за јавно здравје „Скопје", а подовите на базенот се чистат со подводни роботи специјализирани за таа намена. – Хигиената се држи на највисок степен и претставува приоритет за нас, потенцира Маневски. Цената за дневна рекреативна влезница е 250 денари, а има и месечни припејд-картички, на пример пет влеза – 1.000 денари, осум влеза – 1.300 денари, 12 влеза – 1.600 денари и слично. Сите цени се достапни на www.olimpiskibazen.com.mk/info.html Аквапарк Аквапаркот оваа година повторно нуди интересни содржини за сите возрасти: десет атрактивни тобогани, базен со бранови, бумеранг, детски базен, како и ново детско катче за забава во песок. Тина Мицковска, одговорна за односи со јавност во Спортскиот центар „Борис Трајковски", за МИА изјави дека новитет е и полудневната карта, која ќе може да ја користат сите кои во текот на денот се на работа, а сакаат да се релаксираат во попладневните часови. – Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди и е единствена од таков тип во нашата држава. Првпат годинава има и детско катче – базенче исполнето со песок и реквизити за играње и забавување на плажа. Полудневните билети важат само преку недела, од понеделник до петок, додека, пак, за викенди картата е 300 денари, изјави Мицковска. Покрај стандардните содржини за капење и уживање, во текот на вечерните часови ќе се организираат и забави, а просторот ќе може да се изнајмува и за родендени, момински и ергенски вечери. Во рамки на Аквапаркот има и неколку шанкови, каде што посетителите можат да се освежат со пијалаци или, пак, да ручаат или да вечераат во ресторанот над Аквапаркот. Базен „Карпош" На базенот „Карпош" рекреативниот период е од 07:00 до 17:00 и од 21:00 до 23:00 часот од понеделник до петок. Во сабота и недела, пак, базените за рекреација работат од 07:00 до 23:00 часот. Во детскиот базен може да се прослави и спортско-рекреативен роденден за деца, со тренер и аниматори. Дневниот билет чини 200 денари, а месечниот 1.200 денари за период од 07:00 до 12:00. Пакетите за базен може да се комбинираат и со сауна, вежбалница и аеробик. Во рамки на базенот и тениските терени има кафуле, каде што посетителите можат да се освежуваат. Базенот „Карпош" поради големиот интерес летово ќе може да се користи секојдневно за рекреативно пливање од 8:00 до 23:00 часот. Задолжително е носење капа за пливање. Базен „Аеродром" Скопјани можат да се разладуваат и во базенот „Аеродром", односно во малиот и големиот базен. Посетителите можат да купат кафе или други пијалаци на барот покрај базенот или да одиграат партија одбојка на песок… На веб-страницата на базенот се наведува дека целиот комплекс е комплетно реновиран пред почетокот на летото во 2013 година. Воведен е систем за прецизно филтрирање на водата, а во рамки на базенот работи и стручен спасувач, кој се грижи за безбедноста на сите посетители… Базенот работи секој ден од 10 до 18 часот. На фејсбук-страницата на базенот е најавено дека поради високите температури се продолжува работното време до 19:30 часот. Ќе се градат 14 пливачки базени Граѓаните очекуваат изградба на 14 пливачки базени. Одлуката за градба на базените беше донесена на владина седница во април годинава, за што се обезбедени средства во износ од 30.000.000 денари. Базени ќе се градат во Чаир, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Штип, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Тетово, Кичево, а општините треба да предложат локација и да обезбедат одобрение за градба. Повеќе можности за разладување Граѓаните исто така имаат можност да посетат повеќе скопски населби и села каде што се лоцирани угостителски објекти што имаат базени и нудат разладување за своите гости. Оние што можат да си дозволат, можат да набават базени за своите дворови со различни димензии. Во центарот на градот, спасот од горештините децата Ромчиња често го гледат во градските фонтани. Оваа слика за нас станува секојдневие, додека туристите застануваат и гледаат со неверување. Оние што сакаат природа можат да уживаат во сенките на Градскиот парк, да ја посетат Матка, езерото „Треска", парк-шумата „Гази Баба", да одат на Водно. Што и да изберат граѓаните, неопходно е да ги почитуваат препораките од надлежните за заштита од топлото време./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканГолем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)Завршниот предизборен митинг на студентската листа „Студенти побеѓују“, под името „Победата повикува“, започна вечерва на плоштадот Славија во Белград.Во 18 часот, плоштадот веќе беше полн, а толпата палеше факели и светла на своите мобилни телефони и извикуваше „Вучиќ го нема“. „За 150 години, некој ќе каже: Промената започна тука!“ Говорите во Славија завршија со песната „Марш на Дрина“. Кандидатите ја напуштија сцената држејќи го Уставот на Србија. Slavija 3 dana do pobede! Studenti pobeđuju!3️⃣ https://t.co/0p4AFpiuTg — Kreni-Promeni (@KPromeni) October 22, 2026 „Нашите мандати ќе бидат во ваши раце, во рацете на народот. На 25 октомври, Србија победува! И знаете ли зошто? Затоа што студентите победуваат!“, рече првиот кандидат на листата, Илија Срдановиќ. Пред него, студентката Наталија Степановиќ рече дека тие можат да ги исполнат студентските барања „само со промена на владата“. Таа исто така рече дека за 150 години некој ќе каже: „Тие беа тука и промената започна тука!“ View this post on Instagram A post shared by Mašina (@masina.rs) Тагови: Белград Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
СветПрви снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)Првите снимки од земјотресот што го погоди кинескиот регион Тибет почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи, додека се очекуваат подетални информации за последиците од земјотресот.Според претходните извештаи, земјотресот го погодил подрачјето на округот Бакен во регионот Нагку, а неговите силни потреси предизвикале паника кај жителите, објави ДПА. ⚡️⚠️ #BreakingNews: The moment of the magnitude 7.0 earthquake in Tibet: https://t.co/OXxyVzKdm2 — #Inside_News (@insider_der) October 22, 2026 Според достапните информации, земјотресот имал магнитуда од 7,0 степени, а епицентарот бил на релативно мала длабочина, што може да го зголеми неговото влијание во околното подрачје. Сепак, во моментов нема сигурно потврдени податоци за бројот на можни жртви или обемот на материјалната штета. UPDATE: Footage captures shaking from a reported M7.0 earthquake in Baqing County, Nagqu, Tibet. China - Sismo - Terremoto - Temblor https://t.co/tyNYJmUjwx — GeoTechWar (@geotechwar) October 22, 2026 Надлежните служби ја следат ситуацијата, додека се очекуваат нови информации од терен. Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борбаВо чест на утрешниот државен празник, општинската зграда во Кавадарци е симболично осветлена во боите на македонското знаме.Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционери, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. Отсега, по повод секој државен празник, општинската зграда ќе свети во боите на македонското знаме, како симбол на почит кон нашата историја, традиција и национален идентитет. Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05