На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон
1На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон
3ВМРО-ДПМНЕ: Спортот е приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, инвестирани над 21 милион евра во спротски проекти
ФормулаБатон стави крај на професионалната кариераШампионот во Формула 1 од 2009 година, Џенсон Батон, објави дека се повлекува од трките, јави „Би-би-си“.На 8 ноември, 45-годишниот Батон ќе се натпреварува во трката „8 часа Бахреин“, што ќе биде неговата последна професионална трка. Батон се натпреваруваше во 306 трки во Формула 1, од кои победи во 15. Тој го освои шампионатот во 2009 година со тимот Браун. Возеше и за Вилијамс, Бенетон, Рено, БАР, Хонда и Мекларен. По пензионирањето од Формула 1 во 2016 година, Британецот продолжи да се натпреварува во разни трки на издржливост. /МИАТагови: Батон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДе ла Фуенте: „Игравме против една од најдобрите репрезентации, но победи најдобриот тим во светот“ Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, не ја криеше гордоста по големата победа на неговиот тим во мундијалското полуфиунале против Франција, истакнувајќи дека неговите играчи уште еднаш покажале зошто тој смета дека тие се најдобриот тим в. Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, не ја криеше гордоста по големата победа на неговиот тим во мундијалското полуфиунале против Франција, истакнувајќи дека неговите играчи уште еднаш покажале зошто тој смета дека тие се најдобриот тим во светот во моментов. Шпанија ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето на Светското првенство и се пласираше во финалето – второ во нејзината историја. „Пред речиси четири години започнавме со една идеја и останавме доследни на неа во текот на целиот тој период. Токму таа идеја нè доведе овде. Денес игравме против една од најдобрите репрезентации во светот, но наспроти себе тие ја имаа најдобрата екипа во светот. Во тоа е разликата“, изјави Де ла Фуенте. Шпанскиот стратег особено ги пофали своите играчи, нагласувајќи дека тие го заслужиле успехот со секојдневна работа и посветеност. „Овие играчи заслужуваат сè. Ден по ден покажуваат посветеност, солидарност, несебичност и огромен талент. Тие го прават она што е тешко да изгледа лесно“, рече Де ла Фуенте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВо град во Јапонија мечка влегува по куќи и ги празни фрижидеритеМечка во еден јапонски град провалува во куќи и ги празни фрижидерите. Најмногу сака слатки.Властите се во потрага по мечка која влегла во домот на постара двојка и им го ограбила фрижидерот. Се сомнева дека истото животно може да биде одговорно за 14 провали во јапонскиот град во текот на изминатите две недели. Во понеделник вечерта, 87-годишниот Мицуо Мацубара се сретнал лице в лице со голема азиска црна мечка откако отишол да истражи бучава што доаѓала од кујната. Фрижидерот бил отворен, а храната била расфрлана по подот. Неговата сопруга ја повикала полицијата. Досега се пријавени провали на пет локации во североисточниот град Шизукуиши, што ги навело властите да веруваат дека истата мечка може да е вклучена. Поставени се стапици во кафези, инсталирани се електрични огради околу често напаѓаните домови и воведени се патроли за да се предупредат жителите за опасноста, објавува „Гардијан“. „Невообичаено е мечка постојано да упаѓа на истото место. Можно е да станува збор за истото животно, поради што сакаме да го фатиме што е можно поскоро“, изјави Шихо Чида, експерт за мечки од Одделот за заштита на природата на префектурата Ивате, каде што се наоѓа градот Шизукуиши. Мечката била фатена како четири пати упаѓа во земјоделски објекти и краде храна за добиток на база на млеко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаНа покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „подемот на политичкиот тероризам“ во ВашингтонНа покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон.На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерски состанок посветен на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите“, соопштија од министерството. Во рамки на посетата на Вашингтон, на маргините на состанокот се очекува министерот Муцунски да оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник државен секретар за западна и централна Европа и јужна Европа во бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook