Министерство за енергетика: 30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен
2Министерство за енергетика: 30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен
Од Георгиевски и Релиќ до Ивановски, Нуров и Егоров: Македонскиот спорт во Таранто 2026 со искусни имиња и млади надежи
1Од Георгиевски и Релиќ до Ивановски, Нуров и Егоров: Македонскиот спорт во Таранто 2026 со искусни имиња и млади надежи
АвтомобилизамБатериите на новиот Лотус се полнат за помалку од пет минути (ФОТО)Еден од најголемите недостатоци на електричните автомобили денес е, покрај цената, и продолженото време на полнење.Производителите се обидуваат да го надминат ваквиот проблем со зголемување на моќта на полнење, но има и помал број на оние кои се водат од разумот. Пред сè, тука е Лотус, кој речиси никогаш не покажа моќ, а уште помалку маса. Лотус Елис е најдобар пример за спортист со минимални димензии и маса, што е и пример овде. Имено, дизајнот на овој електричен автомобил го потпишува Џулијан Томсом, авторот на претходно споменатиот Lotus Elise. Автомобилот сега е малку подолг и поширок, поставен е на бандажи од 19 инчи, а масата е ограничена на 1250 kg поради големата употреба на карбон. Компанијата зад проектот е Nyobolt, а тие, повторуваме, водени од разумот, не избраа голем теренец и го натоварија со огромни батерии. Наместо тоа, има мало купе со батерија од само 35 kWh, кое обезбедува автономија од 250 km. Ако мислите дека 250 км се малку, размислете уште еднаш. Имено, и минатата година полнењето на батеријата на овој автомобил траеше околу 6 минути. Годинава тие го спуштија тоа време на рекордни 4 минути и 37 секунди. Тоа додава домет од 195 километри, а според Nyobolt, тоа е двојно поголема брзина на полнење што е моментално достапна кај сериските возила. Доколку се сомневате во издржливоста на батеријата, знајте дека Nyobolt извршил над 4.000 полнења на батеријата, што е еквивалент на речиси милион поминати километри. Капацитетот паднал на 80 проценти. Овој автомобил моментално служи како технолошки демонстратор и не се знае дали некогаш ќе биде понуден на продажба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
КултураТеатарот КМД од Дубровник на 29 септември гостува во Македонскиот народен театарМакедонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“Македонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“, работена според драматизација на истоимениот роман на хрватската писателка Ивана Ловриќ Јовиќ. Гостувањето е уште една потврда за успешната соработка меѓу Македонскиот народен театар и Казалиште „Марин Држиќ“. Неодамна МНТ гостуваше во Дубровник со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, каде што ансамблот беше пречекан со исклучителна гостопримливост и одушевување од публиката. Сега имаме чест да им возвратиме со гостопримство и да ги пречекаме нашите драги пријатели на сцената на МНТ. „Види како Локрум мие заби“, во режија на Паоло Тишљариќ, е емотивна и длабоко интимна приказна која се одвива во текот на една ноќ – помеѓу моментот кога главната протагонистка ја дознава веста за смртта на својот татко и неизбежното соочување со загубата. Низ четири генерации жени од едно семејство, претставата ги истражува сеќавањата, тагата, љубовта и сложените семејни врски. Таа исто така говори и за начините како човекот се справува со болката и загубата. Претставата е копродукција на Казалиште „Марин Држиќ“ и Дубровничките летни игри, а драматизацијата ја потпишува Маријана Фумиќ. Во актерската екипа настапуваат Марија Шегвиќ / Ирена Тереза Прпиќ, Сандра Лончариќ, Миреј Станиќ, Ања Ѓуриновиќ, како и Перица Мартиновиќ, Ника Ласиќ, Борис Матиќ и Бојан Берибака. По премиерната изведба, претставата оствари бројни гостувања во Хрватска и странство, настапувајќи на значајни фестивали и сцени во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Турција. Македонскиот народен театар со особено задоволство ја продолжува меѓународната културна размена со еден од најзначајните хрватски театри. Ова гостување ќе биде уште една можност за зближување на уметниците и публиката преку театарската уметност. Билетите се пуштени во продажба преку веб-страницата www.mnt.mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерство за енергетика: 30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен, Министерството ги повикува граѓаните да ја искористат можностаМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци. Министерството потсетува дека рокот за поднесување на барањата е 31 октомври 2026 година, а сите заинтересирани граѓани кои ги исполнуваат условите имаат доволно време да ја искористат оваа можност. Со оваа мерка државата не само што им помага на семејствата да ги намалат сопствените трошоци за инвестиција, туку придонесува и за поголема енергетска ефикасност, користење почист енергенс и подобрување на квалитетот на животната средина. Право на финансиска поддршка имаат домаќинства кои во текот на 2026 година ќе извршат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства кои ќе набават котел на природен гас за објект што бил приклучен на системот заклучно со 1 јануари 2026 година. За едно домаќинство може да се поднесе едно барање. За оваа мерка се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се доделуваат согласно условите од јавниот повик. Средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до нивно исцрпување. Повеќе информации има на сајтот на министерството – https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-oglas-za-nadomestuvanje-na-del-od-trosocite-za-izvedba-na-priklucok-na-sistemot-za-distribucija-na-gas-vo-rsm-ili-za-nabavka-na-kotel-na-gas-na-izvrsen-priklucok-na-sistemot-za-distribucija-na-gas-oktomvri По завршувањето на рокот, комисија формирана од Министерството ќе ги разгледа доставените апликации, а финансиската поддршка ќе биде исплатена на сите корисници кои ги исполнуваат пропишаните услови. Министерството ги повикува сите граѓани кои планираат приклучување на природен гас или набавка на котел на гас да не ја пропуштат можноста за државна поддршка и навремено да ја поднесат потребната документација. Поддршката на граѓаните останува еден од приоритетите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Преку конкретни мерки и субвенции, Министерството продолжува да спроведува политики што носат директни придобивки за домаќинствата, ги намалуваат трошоците за енергија и го забрзуваат преминот кон поефикасни и поодржливи решенија за греење. Со почит, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЗдравјеСкопјанец се бори за живот,прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец Седумдесет и шестгодишен скопјанец кој не патувал во странство се бори за живот на респиратор откако го каснал домашен комарец заразен со западнонилска треска, информираше директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана.Осум регистрирани случаи на западнонилска треска во Македонија сами по себе не претставуваат причина за паника.но, тие се причина за внимание вели епидемиолот Драган Даниловски тој предупредува дека овие осум случаи не треба да се сфатат како вкупниот број заразени. „Ова е видливиот врв на една епидемиолошка санта мраз“, изјави Даниловски, укажувајќи дека зад секој потврден тежок случај може да стојат десетици, па и стотици лица кои биле заразени без да знаат, бидејќи кај нив инфекцијата поминала без симптоми или со лесна клиничка слика. Ова предупредување се темели на добро познати епидемиолошки карактеристики на вирусот Западен Нил. Според медицинските податоци, околу 80 проценти од заразените немаат никакви симптоми, додека кај приближно 20 проценти се развива полесна форма со температура, главоболка, болки во мускулите и малаксаност. помалку од еден процент развиваат тешка невроинвазивна форма, со менингитис или енцефалит, која најчесто бара болничко лекување. Регистрираните пациенти не ја претставуваат целосната слика за циркулацијата на вирусот, напротив, тие најчесто се првиот сигнал дека вирусот веќе извесно време е присутен во средината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter