Бартомеу не поднесува оставка, останува прв човек на Барселона

Иако Барселона вечерва најави прес-конференција на која Џозеп Марија Бартомеу требаше да се повлече од функцијата претседател на клубот, дописникот на ЕСПН, Мои Лоренс, објави дека Бартомеу ќе остане претседател на каталонскиот клуб.

Имено, се додека каталонската влада не донесе одлука за датумот на референдумот за останување на Бартомеу, тој ќе биде претседател и нема да поднесе оставка од својата позиција.

Референдумот е закажан за 1-ви и 2-ри ноември, а Бартомеу жестоко се спротивставува на тоа среде пандемијата на коронавирус. Неговиот мандат трае до март следната година, но доколку членовите на клубот гласаат за негова недоверба, тој ќе мора да си замине порано.

Фото: Меси во дресот на Марадона се прости од својот идол

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона во дуелот од 11 коло во Примера убедливо со 4-0 ја совлада Осасуна.

Мечот на Ноу Камп го одбележа капитенот на Барса, аргентинскиот волшебник Лионел Меси.

Меси го постигна последниот гол за Барселона во 73 минута и голот го прослави во дресот на својот идол Марадона.

Меси го соблече дресот на Барселона и во дресот на Њуелс првиот клуб на Диего Армандо Марадона со број 10 се прости од својот починат идол.

Светскиот шампион Хамилтон најбрз на „огненото“ Гран при во Бахреин

Возачот на Мерцедес Луис Хаилтон е победник на Големата награда на Бахреин од шампионатот во Формула 1.

Трката во Бахреин мина во знакот на инцидентот во кои експлодира болидот на Себастијан Грожан, кој за среќа остана скоро неповреден излегувајќи од запаленото возило.

Актуелниот шампион Хамилтон продолжува со доминацијата во Ф1 циркусот и сигурно чекори кон петтата последователна титула во шампионатот.

Хамитон стигна до 95 победа во кариерата со која ја зголемува предноста од легендарниот Михаел Шумахер, кој застана на 91 триумф.

На победничкиот подиум во Бахреин покрај победникот Луис Хамилтон се искачија и возачите на Ред Бул Макс Верстапен и Александер Албон.

По еден месец, позната е причината за смртта на Шон Конери

Причината за смртта на Сер Шон Конери е потврдена скоро еден месец откако познатиот актер почина на 90-годишна возраст.

Легендарниот Џејмс Бонд починал во својот дом на Бахамите. Тој починал во сон, а причина за смртта е пневмонија, респираторна слабост, старост и атријална фибрилација - неправилно чукање на срцето.

Сопругата на Шон, Мишелин Рокебрун претходно раскажа дека актерот починал мирно во сон, опкружен со семејството.

"Таквиот живот не беше за него. Тој не можеше да се изрази во последно време. Барем почина во сон, беше многу мирно. Цело време бев со него и тој само заспа. Така сакаше да биде", рече таа за Дејли Меил.

притисни ентер