Барселона во офанзива, Лапорта купува четворица играчи - Канал 5

Барселона во офанзива, Лапорта купува четворица играчи

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, најави голема активност во летниот преоден рок, а тоа се однесува на купување на играчи.

Барселона во офанзива, Лапорта купува четворица играчи

Лапорта очигледно не го загрижува фактот што Барселона едвај се врати во параметрите на финансискиот фер-плеј и што на клубот до неодамна му се закануваше банкрот бидејќи во 2021 година беше во вкупен дефицит од 1,2 милијарди евра.

Зборувајќи за јавноста, Лапорта откри: „Ова лето носиме лево крило, стопер, напаѓач и евентуално играч од средниот ред, во зависност од понудата на пазарот. Во нападот ни недостига уште едно парче за комплетирање на сложувалката, но мора да знаеме дека нашите ресурси се ограничени.Абде Езалзули и Нико Гонзалес ќе се вратат од позајмици од Осасуна и Валенсија во првиот тим бидејќи им се допаѓаат на тренерите.Покрај тоа, најавувам дека ќе го продолжиме договорот со капитенот Серхио Бускетс. "

Лапорта може вака да се надева бидејќи во последните две години отпишувајќи голем број капиталци, најплатените играчи како Меси, Гризман, Кутињо, Пјаниќ и други, ѝ овозможи на Барселона да потроши околу 656 милиони евра за плати на играчите. До неодамна, според тие трошоци, беше во минус за 144 милиони евра. Сепак, очигледно е дека со продажбата и ослободувањето на голем број играчи заштедил 800 милиони евра.

Барселона оди кон титулата во Шпанија бидејќи по 24. коло во Ла Лига има дури девет бода повеќе од Реал, актуелниот шампион и единствен конкурент за титулата. Во споредба со него има убава предност во Купот на кралот. Во првиот полуфинален меч таа на негов терен победи со 1:0.

Сепак, во Европа доживеа двоен дебакл. Веќе испадна од Лигата на шампионите во групата, а од Лигата на Европа во плеј-офот за нокаут фазата. Со летната офанзива на пазарот, Лапорта сака да го исполни она што го најави кога се ослободи од товарот на Барселона со платите: повторно да ги освои не само шпанските трофеи, туку и Лигата на шампионите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Врмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер