Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер
2Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
РакометБарселона прв полуфиналист во ракометната Лига на шампиониЕкипата на Барселона е првиот полуфиналист во ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција.Каталонскиот тим за кој настапува капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, убедливо го доби реванш дуелот од четвртфиналето против ППД Загреб. Барселона која и во првиот меч во Загреб забележа победа со 25:23, попладнево пред својата публика на супериорен начин го надигра хрватскиот првак со конечни 43:21. Кој ќе и се приклучи на Барселона на завршниот „Фајнал фор ’’ турнирот во Келн на 30 и 31мај, ќе дознаеме утре, по одигрувањето на преостанатите три реванш четвртфинални мечеви. Македонскиот вицепрвак Вардар во Полска, против Киелце ќе треба да надополни негатива од два гола, по скопскиот пораз од 22:20. Два гола негатива има и германскиот Кил во дуелот против унгарската екипа ПИК Сегед (29:31), а најнеизвесно се очекува да биде на дуелот Веспрем – ПСЖ, бидејќи првата средба во Париз заврши без победник 24:24. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМомче пронајдено во Беринговото Море: Пловело на превртен чамец речиси три дена (ВИДЕО)15-годишно момче преживеа речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед починале. Тој беше спасен од екипажот на рибарски брод во близина на островот Сент Лоренс, кој припаѓа на Алјаска и се наоѓа во Беринговото Море, недалеку од рускиот брег, пишува АП. Тројцата млади мажи тргнале со брод во петокот од островот Сент Лоренс и требало да се вратат до недела наутро. Кога не се појавиле, нивното семејство ги пријавило како исчезнати во недела навечер. Крајбрежната стража на САД започна потрага следниот ден со авиони и хеликоптери. Момчето на крајот беше пронајдено од екипажот на рибарскиот брод „Нортвест Експлорер“, додека сè уште беше на превртениот чамец. Властите не ги објавија имињата на тројцата млади мажи. New video shows the rescue of a 15-year-old boy who was the lone survivor of a fishing boat that overturned in frigid waters near St. Lawrence Island. WATCH ➡ https://t.co/XNvVVy8NNy pic.twitter.com/VMasraCst8 — Alaska's News Source (@AKNewsNow) September 10, 2026 Еден од воздушните екипажи го забележа преживеаното момче на трупот на превртениот чамец во понеделник. Тие спуштија сплав за спасување и залихи за него, а потоа контактираа со блискиот рибарски брод, „Нортвест Експлорер“. Видеото од спасувањето го прикажува екипажот како фрла јаже кон момчето и го влече неговиот чамец сè додека не успеале да го подигнат на безбедно место. The captain of a research and fishing vessel off Alaska's western coast recounts the rescue of a 15-year-old boy who was stranded on the top of his overturned vessel, having waited for days after an incident that left his brother and cousin dead. 👉 https://t.co/XNvVVy8NNy pic.twitter.com/RUfHiIuLvP — Alaska's News Source (@AKNewsNow) September 10, 2026 „Неверојатно жилаво момче“ „Се држеше за тој чамец речиси три дена. Тој е неверојатно жилаво момче“, изјави капетанот на рибарскиот брод, Адам Вајт, за локалната телевизиска станица KTUU. Според извештајот на крајбрежната стража, момчето покажувало знаци на хипотермија кога пристигнало на бродот, а екипажот го стоплил со ќебиња и шишиња со топла вода. „Иако трепереше од студ, можеше да каже дека неговиот брат е сè уште под чамецот“, рече Вајт. „Ноќта пред да пристигнеме, неговиот братучед едноставно се лизнал во водата“, додаде Вајт. Откако момчето беше спасено, беа пронајдени телата на неговиот брат и братучед.Тагови: превртен чамец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаНиколоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад АденауерБи сакал да се заблагодарам на Фондацијата "Конрад Аденауер", за овој прекрасен настан којшто го имаме овие три дена со извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , членовите на Владата, министрите и замениците министри кои што се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Ефективната комуникација е најзначајна за едно добро владеење, она што се наши политики да можеме добро да ги презентираме пред граѓаните, но истовремено да имаме една добра синергија и една добра комуникација помеѓу нас, помеѓу различните структури во партијата, Извршниот комитет, општинските комитети, Унијата на млади сили, Унијата на жени, и секако пратеничката група и Владата, како би можеле заеднички да ги креираме овие политики. Би сакал да се заблагодарам на Кристијан Серак, којшто специјално дојде за овој настан, и за тоа што прави една прекрасна обука за сите нас, има доста да се научи и доста работи кои се иновативни. Ова е начин на којшто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да остане во една добра форма, во кондиција, ова покажува дека и тоа што сега сме на власт, ја водиме државата, не не одлепува од партијата, напротив посветуваме доста време и енергија на организација на партијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период, а со цел економски напредок на Македонија, ефективно владеење на правото и повеќе успеси за државата.- објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во МајамиУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку биде поканет.„Да, секако. мораме да дојдеме. Мораме да се сретнеме, да разговараме и да донесеме одлука“, рече Зеленски во интервју за „Дојче Веле“ во канадската воена база во Норт Беј. Според украинскиот лидер, она што ќе му го каже на рускиот претседател нема да биде најважната работа. Во меѓувреме, најмалку 23-ца луѓе се повредени, а меѓу нив има и петмесечно бебе, кога руски ракети утрово погодиле станбена зграда во украинскиот град одес, соопшти претседателот на одеската обласна воена администрација Олексиј Кипер. Шестмина од повредените, меѓу кои е и бебето, се во болница. „Како резултат на нападот, горните катови на повеќекатна станбена зграда се целосно разрушени. Експлозивниот бран оштети и соседни станбени згради и гасовод со низок притисок“, се вели во соопштението на гувернерот. На уште три станбени згради им е нанесена штета, а оштетен е гасоводниот систем.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter