Барселона и Баерн Минхен нови четвртфиналисти

Европските фудбалски гиганти Барселона и Баерн Минхен се нови патници во четврфиналето на елитната Лига на шампионите,

Најсилното европско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите вечерва ги комплетираше четврфиналните двојки.

Фудбалерите на Барселона местото меѓу осумте најдобри во Лигата на шампините го обезбедија со триумф над Наполи од 3-1 .

Головите за Барса ги постигнаа Ленгле, Меси и Суарез, почесниот погодок за тимот на нашиот Елиф Елмас го постигна Инсиња.

Во вториот вечерешен меч од осминафиналето во Лигата на шампионите германскиот првак Баерн Минхен извојува уште една убедлива победа над Челзи. Баварците како домаќини ги декласираа сините од Лондон со 4-1.

Во четврфиналето од Лигата на шампините ќе играат:

Лајпциг- Атлетико Мадрид.

Аталанта - ПСЖ

Манчестер Сини Лион

Барселона - Баерн Минхен

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија брои 700 починати од корона, Филипче нема ни план ни стратегија, треба да си поднесе оставка

Здравствениот систем во Македонија е во колапс уште пред да почне вториот бран од пандемијата со корона вирусот. 

Тоа е резултат на неспособноста и неодговорноста на Зоран Заев и Венко Филипче. Македонија заклучно со последното деноноќие достигна 700 починати од корона вирус и 16.780 заразени. Овие бројки се погубни и се едни од највисоките во регионот и Европа ако се земе предвид бројот на жители.

Овие податоци се поразителни. Филипче прогнозираше осум пати помалку заразени и починати од корона кризата во првиот бран и заедно со Заев промовираа нова нормалност која придонесе епидемијата да излезе од контрола. Затоа вината е кај нив и она што може Филипче во најмала рака да направи е да си поднесе оставка како неговиот чешки колега.

Владата покажа дека ниту знае, ниту може да се справи со здравствената криза. Единствено ги интересираше да се доберат до власт без да направат конкретен план и стратегија, заштитни протоколи и мерки како да се заштити здравјето и сега во пресрет на вториот бран не знаат што треба да прават.

Заев и Филипче ги интересира само бизнисот на власта да врви, тие не се справуваат со проблемите, бидејќи самите се дел од проблемот.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Прекин во водоснабдувањето во реонот на универзитетот ФОН

Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник 200 милиметри на булевар „Киро Глигоров", денеска без водоснабдување ќе останат корисниците од универзитетот ФОН и фирмата Офис Плус.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" прекинот во водоснабдувањето ќе почне од 12:00 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.

Центар за контрола и превенција на болести на САД : Ковид-19 може да се пренесе со мали честички во воздухот

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести денеска предупреди дека ковид-19 може да се пренесе со мали честички во воздухот и дека вирусите можат да преминат повеќе од два метра.

Претходно, ЦДЦ тврдеше дека вирусот главно се пренесува од човек на човек преку респираторни капки кога болно лице кашла или зборува.

Ажурираните упатства за борба против ковид-19, објавени на веб-страницата на агенцијата, исто така препорачуваат луѓето да користат прочистувачи на воздухот за да го намалат внесот на микробите во затворени простории и со тоа да избегнат ширење на болеста.

Вирусите што се пренесуваат преку воздухот се најзаразни, а ЦДЦ предупредува на зголемен ризик од ширење на болеста во области што не можат да бидат добро проветрени.

Истражувањата покажаа дека новиот коронавирус може да се шири преку аеросолните честички во воздухот, а Светската здравствена организација соопшти дека ги следи „доказите“ за можна трансмисија на болести преку воздух.

притисни ентер