Барометар на корупција за месец март 2025 - Канал 5

Барометар на корупција за месец март 2025

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“.

Барометар на корупција за месец март 2025

Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските чинители и со текот на времето прерасна во релевантен показател на корупцијата и на волјата на државата да се справува со овој проблем. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина.

„МАТНИ” НАСТАНИ ЗА МЕСЕЦ МАРТ 2025 ГОДИНА

Нешто е гнило во Северна Македонија

Истрагата лоцира „верижни пропусти и незаконитост“ кои довеле до пожарот во Кочани - Државниот обвинител Љупчо Коцевски ги изнесе во јавноста сите досега утврдени незаконски дејства поврзани со пожарот во Кочани. За пропустите рече дека датираат уште пред повеќе од 10 години. За внесување на пиротехниката во „Пулс“, осомничен е и член на групата ДНК која имаше концерт. Основното јавно обвинителство - Кочани даде наредба за истрага против 27 лица и три правни лица за кои постои сомнение дека како соизвршители сториле тешки дела против општата сигурност со пожарот во „Пулс“. Сите осомничени во истрагата се обезбедени. Кочанското обвинителство бара притвор за сите осомничени со исклучок на тројца кои се хоспитализирани. Обвинителството соопшти дека сите осомничени од 2012 година до 16 март 2025 година, заеднички, но секој од аспект на своето својство и надлежности, не постапиле по прописите за мерки за заштита и со тоа предизвикале опасност по сите.

,,Кражба на мазут!” – Обвинителството ја продолжува истрагата против 13 осомничени - Обвинителството за организиран криминал и корупција продолжува со истрагата каде бизнисмени и трговци со горива, во соработка и потпомогнати од директори и вработени во електрани на Македонија, манипулирале со тендерската постапка за набавка на мазут на ТЕЦ Неготинo. Ова се случило во временските рамки од 2021 до 2023 година, додека државниот буџет е оштетен за 167,5 милиони евра.

Крива Река „плива“ во најсмртоносниот отров-цијанид, наместо државна акција има партиски препукувања - Наместо итна акција на државата – партиски препукувања, обвинувања за еколошката катастрофа на Крива река во Крива Паланка каде е детектирано зголемено присуство на цијанид и олово, откако отпадната вода од рудникот Тораница се слеал во реката, по што добила сива боја. Реагираат само токсиколозите. Велат цијанидот е еден од најсмртоносните отрови. Делува на клеточното дишење, односно спречува кислородната размена да влегува во клетките и со самото тоа ги убива и клетките. Бидејќи е во вода ќе делува на целиот жив свет во реката, што е еколошка катастрофа. Опасноста од загадување на почвата и храната е голема.

Раководител побарал 13.000 евра мито за дозвола за проект за градење на апартмани - Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека пријавениот, раководител на Одделение за урбанизам, комунални дејности, локален економски развој и заштита на животна средина во општина Маврово и Ростуше, побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати.

„Горица“ во Охрид продолжува да се бетонира и покрај предупредувањата од УНЕСКО: Институциите молчат, градежниците копаат - И покрај јасните препораки од УНЕСКО за итно запирање на урбанизацијата во чувствителните подрачја околу Охридското Езеро, како ридот Горица и Студенчишкото Блато, градежните активности не престануваат. Последното предупредување доаѓа од организацијата СОС Охрид, која алармира дека и по реакциите од меѓународните тела, државата не презема никакви мерки. Во соопштението до медиумите, активистите потсетуваат дека Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО, која во март 2024 година престојуваше во Охрид, регистрирала ново градилиште на ридот Горица. Се работи за изградба на хотелски комплекс, без претходно известување на Центарот за светско наследство – што претставува директно прекршување на став 172 од оперативните насоки на Конвенцијата за светско наследство.

ДКСК: Институциите со низок интегритет - Во насока на објективност и вреднување на постигнувањата, Државната комисија за спречување корупција ја презентира ранг-листата на најуспешни и најслово рангирани институции според степенот на имплементација на системот за интегритет. На врвот Државниот завод со ревизија со 82, отсто, од судовите прединачи судот во Kавадараци со 65 отсто, а оценка ниско и 20 отсто добил Граѓанскиот суд во Скопје. Во истражувањето на антикорпуопцниерите детекетирани се главните пропусти како непостоење на интерни акти за судир на интереси – фалат кај половина од државнтите институции, и толкав процент немаат регулатива за примање пoдароци и гостопримство. Отсуство на обука за интегритет и ниска сертификација на ИСО стандарди.

“БИСТРИ” НАСТАНИ ЗА МЕСЕЦ МАРТ 2025 ГОДИНА

Граѓански организации бараат транспарентна истрага за Кочани - Граѓанските организации за борба против корупција бараат транспарентна истрага за пожарот во Кочани, како и реформа на казнена политика. Тие повикуваат на одговорност на институциите и компаниите, на теренски проверки при вонреден надзор, како и контрола на имотната состојба на инспекторите. Според Платформата на граѓански организации за борба против корупција, потребна е и ревизија на постапките за добивање дозволи и лиценци, вертикална одговорност и итно постапување по насоките на Државната комисија за спречување корупција и Државниот завод за ревизија. „Корупцијата во Северна Македонија е закана за животот и безбедноста на граѓаните, а не само злоупотреба на јавни средства. Трагедиите како пожарот во Кочани, Ласкарци, „Беса Транс“, и модуларната болница во Тетово се директна последица на системски пропусти, политичка заштита, некомпетентни вработувања и институционална негрижа. И покрај континуираните ветувања за реформи, не се спроведени суштински промени во контролата, инспекциските механизми и законската одговорно“, посочија од платформата на прес-конференција во Скопје.

Вработени во „Национални шуми“ и сопственик на фирма добија кривични пријави, осомничени се за злоупотреби - „СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.В.(43), управител во правно лице од с.Горно Добреноец, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“, против С.С.(41) – соработник за евиденција на побарувања и обврски во ЈП „Национални шуми“, В.Р.(58) – финансиски оперативец во ЈП „Национални шуми“ и против З.К.(65) – поранешен директор во ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство Лопушник во Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во текот на 2022, 2023 и 2024 година, по претходно склучен Договор за транспорт на дрвни сортименти помеѓу ЈП „Национални шуми“ и правното лице, првопријавената доставила фактура до ЈП „Национални шуми“ Подрачно шумско стопанство Лопушник во Кичево, во која внела три испратници за превоз со невистинита содржина за услуга која не била извршена од нивна страна, за реализиран транспорт на дабово огревно дрво. Додека, останатите пријавени со пропуштање на должен надзор не ги увиделе неправилностите и фактурата со невистинита содржина ја примиле, процесуирале и исплатиле и на тој начин нанеле штета на ЈП „Национални шуми“, пишува во полициското соопштение.

Кривична за директор на основно училиште во Делчево, ја злоупотребил положбата и овластувањата - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.В.(48) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 3 и став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот Г.В., како директор на општинско основно училиште во Делчево, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во периодот од 01.09.2021 до 19.10.2021 постапил спротивно на член 77 и член 49 од Законот за јавни набавки.

Кривична пријава против полициски службеник за примање поткуп - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник С.Ф. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.Како што информира денес МВР, на 15 декември 2024 година на Граничниот премин Долно Блаце, пријавениот С.Ф., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Долно Блаце побарал и примил пари за да изврши службено дејствие кое не смеел да го изврши.

Транспаренси Интернешнл-Македонија

„Сирена“ остана на дното на аквариумот, сите мислат дека е дел од шоуто (Вознемирувачко видео)

Вознемирувачка снимка од девојка во костим на сирена како забавува гости пред одеднаш да ја изгуби свеста во аквариум во покраината Шанкси кружи на кинеските социјални мрежи.

„Сирена“ остана на дното на аквариумот, сите мислат дека е дел од шоуто (Вознемирувачко видео)

Локалните медиуми објавија дека таа останала под вода најмалку 20 секунди пред еден член на персоналот да скокне во базенот и да ја извлече. Никој не реагирал на почетокот, бидејќи мислеле дека тоа е дел од шоуто на сирената.

Лекувана во болница

Вознемирувачката снимка прикажува несреќна девојка во несвест, згрчена на дното на аквариум, а потоа маж ја влече на површината.

Таа била однесена во болница, а службениците од забавниот парк ги информирале властите дека таа „се онесвестила поради хипогликемија“, објави „Глобал тајмс“.

Предупредуваме дека следното видео може да биде вознемирувачко за некои гледачи!

Инспекција на сите паркови

Снимки од болницата се појавија на кинеските мрежи. Може да се види девојка во кревет, како дише со респиратор, но е свесна. Нејзината состојба е сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.

Таа ќе остане во болница, бидејќи постои страв од инфекција на белите дробови откако вдишала одредена количина вода од базенот.

Забавниот парк во Шанкси ги прекинал активностите поради инспекција за безбедност и загриженоста на јавноста. Во исто време, властите наредија инспекција на сите паркови каде што се организираат слични претстави, фокусирајќи се на подготвеноста на спасувачите, здравствената заштита и проверките на опремата.

Трагедија во училиште: Наставничка колабирала пред шокираните ученици и починала

Наставничката Адриан Гилмор починала ненадејно откако колабирала пред своите ученици во училиште во Њујорк.

Трагедија во училиште: Наставничка колабирала пред шокираните ученици и починала

Адриан, која работела во средното училиште „Алберт Г. Продел“ во Шорхам, Лонг Ајленд, Њујорк, починала во четвртокот. Имала 48 години, предавала во шесто одделение. Таа била фудбалски тренер во средното училиште Шорам-Вејдинг Ривер. Само два дена пред нејзината смрт, таа била нападната пред учениците во училиштето,објави Мирор.

Наставничката била опишана како „многу љубезен човек“ и била итно префрлена во болницата „Џон Т. Матер“ во Порт Џеферсон откако паднала, но за жал починала два дена подоцна.

Службениците не споделија детали за инцидентот или причината за нејзината смрт.

„Адриен Гилмор не беше само посветена и страсна едукаторка, туку и извонреден тренер, ментор и извор на инспирација за многу генерации колеги, семејства и ученици од SWR“, рече Џерард Пул од училиштето Шорехам-Вејдинг Ривер.

„Повеќе од нејзините импресивни достигнувања, Адриан ќе биде запаметена како ментор на други тренери и наставници, страствен водич за децата и доверлив колега чие влијание стигна далеку надвор од ѕидовите на училиштето“, напишаа.

Според страницата на GoFundMe креирана во нејзина чест, Адриан Гилмор зад себе остава сопруг и деца.

„Нашето семејство доживеа незамислива загуба. Адриен Гилмор, сакана сопруга, мајка, ќерка и сестра, пријателка, учителка и тренерка, почина ненадејно, оставајќи го зад себе својот сопруг Тим Гилмор и нивните драгоцени деца кои сега одат по тежок пат“, се наведува на страницата.

„Животот на Адријана беше прекрасен одраз - полн со грациозност, сила и длабока љубов кон другите. Таа го вложи своето срце во сè што правеше, без разлика дали стануваше збор за воспитување на своите деца, грижа за своите ученици или водење на своите спортисти. Адријана не беше само наставничка во училницата или тренер на теренот; таа беше ментор, слушател и светлина во многу животи“, се додава во соопштението.

Нов пресврт: Шведска воведува намалување на штетата од пушење во здравствената политика

Шведскиот парламент официјално усвои намалување на штетите од пушењето како дел од својата политика за јавно здравје.

Нов пресврт: Шведска воведува намалување на штетата од пушење во здравствената политика

Шведскиот парламент официјално усвои намалување на штетите од пушењето како дел од својата политика за јавно здравје, откако Шведска во пракса докажа дека оваа стратегија е најефикасниот пат кон иднина без чад, објави „Бизнис Вајр“.

Шведска е првата земја што постигна статус на земја без чад, бидејќи, според истражувањата, само 4,5 проценти од возрасните Швеѓани сè уште пушат. Според дефиницијата на Светската здравствена организација, една земја може да се смета за земја без чад ако стапката на пушење кај населението е 5 проценти.

Овој резултат не беше постигнат преку забрани и ограничувања, туку преку долгорочен пристап што им овозможува на пушачите да се префрлат на помалку штетни алтернативи.

„Швеѓаните учествуваа во долгорочен експеримент за намалување на штетите од пушењето, обезбедувајќи неоспорни докази дека замената на цигарите со производи што содржат никотин без чад значително ги намалува болестите поврзани со пушењето, инвалидитетот и предвремената смрт, носејќи огромни здравствени и економски придобивки“, рече д-р Делон Хјуман, лидер на иницијативата „Шведска без чад“.

-Со оглед на тоа што намалувањето на штетата сега е официјална политика во Шведска, секоја одлука за јавно здравје ќе го одразува овој пристап. Другите земји треба да го усвојат шведскиот модел без понатамошно одложување, рече Хјуман.

Ова значи дека Шведска сега ќе даде приоритет на помагањето на пушачите да се префрлат на помалку штетни алтернативи како што се оралните никотински производи и други алтернативи без чад, наместо да се фокусира исклучиво на намалување на целокупната употреба на тутун, објавува „Бизнис Вајр“.

Законот усвоен од парламентот во декември 2024 година наведува дека „јавните политики за тутунот мора да ги земат предвид различните штетни ефекти на различните производи. Цигарите претставуваат поголем ризик по здравјето од производите што содржат никотин без чад... Ова мора да се одрази во оданочувањето и политичките цели“.

Поточно, државата воведе систем на оданочување базиран на релативниот ризик на производите, со што се намалија акцизите на оралните никотински производи и другите алтернативи без чад, а истовремено се зголемија даноците на цигарите. На овој начин, беа создадени финансиски стимулации за преминување кон производи со значително помали здравствени ризици.

притисни ентер