Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев, во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол Уркиза
2Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев, во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол Уркиза
„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
1„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
ФудбалБарди со гол дебитираше за КоњаспорКапитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди постигна гол на свој прв официјален натпревар за Коњаспор.Македонецот вчеравечер на средбата со Ејупспор погоди од пенал во 33.минута. Коњаспор го доби мечот со 4:1 и во моменто заедно со Галатасарај и Гезтепе се на врвот на табелата во турската Супер лига. Тагови: фудбалер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Тошковски служи како заштитник на криминалната организација на властПанче Тошковски е последниот човек кој имa кредибилитет да зборува за намалување на криминалот во државата- тој служи како заштитник на криминалната организација на власт. Две години со ВМРО на власт во државата владее селективна правда, криминал, неказнивост, партизирана полиција и институции ставени во служба на власта. Тошковски зборува за успешна борба против криминалот, а пет тони дрога му поминаа преку македонската граница. До ден денес нема одговорност ниту за тоа кој дозволил, ниту кој ќе одговара? Зборува за владеење на правото кога никој од власта не одговара. Бодигарди на Мицкоски, лица блиски до ВМРО и партиски функционери остануваат недопирливи за законот. Зборува за безбедност кога граѓаните сведочеа на убиства, вооружени пресметки, фрлени бомби, запалени автомобили, растечко семејно и врсничко насилство, а МВР не ги заштити жртвите. Тошковски зборува за борба против корупцијата а неговиот шеф Мицкоски со неговата криминална организација ВМРО, вртат милионски тендери. 161 тендер за семејната фирма на Томовски, 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта Пирамид Билдинг, 74 тендери за Ленди груп фрима, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. Полицијата е претворена во партиски инструмент додека јавно се признава дека има систем кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на граѓаните. Тоа е Pegasus – озлогласен шпионски софтвер за таен и тотален надзор. Тошковски велеше „Брат да ми е, ќе одговара“- по две години, никој за ниту еден криминал не одговара - затоа што криминалците се во власта. Тошковски може какви сака статистики да презентира. Реалноста е дека државата е затруена од криминал и корупција, а граѓаните не се чувствуваат безбедно ниту дома, ниту на улица. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на Бирото за јавна безбедност Јанев, во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол УркизаГенералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, денеска (08.07.2026) пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на Република Македонија. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ генералниот секретар Уркиза беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба. На средбата се разговараше за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, размената на информации и унапредување на заедничките механизми за справување со современите безбедносни предизвици, како и за продлабочувањето на партнерството со Интерпол и за унапредувањето на меѓународната полициска соработка, како еден од клучните предуслови за ефикасна борба против прекуграничниот и организираниот криминал и за поголема безбедност на граѓаните. Во рамки на официјалната посета на Охрид, генералниот секретар на Интерпол придружуван од директорот на Бирото за јавна безбедност, ги посети дел од најзначајните културно-историски знаменитости на градот. За време на посетата беше запознаен со богатото културно наследство и историските вредности на Охрид, кој како природно и културно богатство е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО. Посетата на знаменитостите претставуваше можност високиот гостин одблиску да се запознае со традицијата, културата и историското значење на Охрид, еден од најстарите и најпознати градови во регионот. Генералниот секретар на Интерпол Уркиза, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев ги посетија и мешаните македонско-српски полициски патроли, кои се ангажирани во Охрид во текот на летната туристичка сезона. При посетата, генералниот секретар беше запознаен со начинот на функционирање на мешаните патроли и нивната улога во обезбедувањето поголема сигурност за граѓаните и туристите. Беше истакнато дека ваквиот модел на меѓународна полициска соработка придонесува за унапредување на довербата меѓу полициските служби, поефикасна комуникација со странските посетители и повисоко ниво на безбедност во туристичките центри. Охрид, како дел од светското културно и природно наследство заштитено од УНЕСКО, беше симболичен почеток на оваа посета – затоа што безбедноста не значи само справување со заканите, туку и грижа за заштитата на вредностите, наследството и богатството што ги носиме низ генерациите. Посетата на Генералниот секретар на Интерпол продолжува утре во Скопје, со официјалниот дел од програмата, во рамки на кој се предвидени активности во Министерството за внатрешни работи, посета на Полициската академија, средби со највисокото државно раководство и разговори за натамошно унапредување на меѓународната полициска соработка.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХоџа на терен во Сингелиќ: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналотМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните работи за регулација на одводниот канал во населеното место Сингелиќ.Министерството инвестира 21 милион денари во овој проект, а градежните активности на терен се веќе во напредна фаза со бетонирање на коритото со цел трајна заштита од поплави. Овој канал е клучен дел од хидромелиоративниот систем за одводнување „Скопско Поле“ и прифаќање на атмосферските води. ,,МЖСПП спроведува инфраструктурна офанзива низ целата држава. На овој начин ги поставуваме темелите за вистински зелен пресврт”, изјави министерот Хоџа и дополни дека во тек е подготовка и на четири други значајни проекти со кои се модернизира комуналната инфраструктура на општина Гази Баба. Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на системско решавање на децениските проблеми на граѓаните и подигнување на квалитетот на животот во секое населено место.Тагови: Сингелиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook