Барањата за државна матура на „ Средношколски сојуз“ поддржани од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на сојузот, Бленди Ходаи вели дека очекуваат подршка од сите пратеници и додаде дека за понатамошните одлуки ќе се дискутира денес, а засега е познато дека во понеделник настава нема да има.

Сојузот на среношколци на средба закажана за попладнево ќе одлучува за следните чекори, откако МОН не им излезе во пресрет на нивните барања.Денес нивни претставници остварија средба со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно со писмен допис се обратија до Собранието. На средбата средношколците ги презентираа своите барања и воедно порачаа дека нивниот проблем не треба да се политизира.

Претседателот на сојузот, Бленди Ходаи вели дека очекуваат подршка од сите пратеници и додаде дека за понатамошните одлуки ќе се дискутира денес, а засега е познато дека во понеделник настава нема да има.

Игор Здравковски, од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вели дека како партија, тие даваат целосна подршка на средношколците и сметаат дека имаат апсолутно право да си ги бараат своите права.

Матурантите ја бојкотираа наставата со цел МОН да го намали бројот на предмети кои треба да се полагаат во државната матура, односно наместо четири предмети како што е досега, да полагаат два и тоа мајчин јазик и втор предмет по избор на ученикот. Засега од МОН не отстапуваат од своите ставови и потсетуваат дека концепцијата е донесена уште на почетокот на учебната година.

Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони

Руските вооружени сили денеска ја нападнаа енергетската инфраструктура во три украински региони, соопшти украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

Нападнати се објекти во областите Дњепропетровск, Ивано-Франковск и Лавов.

Халушченко информираше дека во нападот е оштетена енергетската опрема, а најмалку еден работник е повреден.

Тој на својот канал во апликацијата „Телеграм“ напиша дека сега се откстрануваат последиците од нападот.

Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје

 Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во  Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација.

На настанот организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ, обраќања ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир, специјалната претставничка на СЗО д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ д-р Патриција ди Џовани и претставник од Министерство за здравство.

- Заедно да ја подигнеме свесноста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија, истакнуваат од Министерство за здравство.

Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО

 Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски е нов светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1, до 88,6 кг, откако синоќа во борба за титулата го совлада Берк Дузенли од Турција.

Бодрен во СЦ „Јане Сандански“ од домашната публика и навивачката група „Комити“, Илиоски го совлада актуелниот аматерски светски првак со судиска одлука од 2-1.

Илиоски во ноември лани го освои златниот медал на Светското ВАКО првенство во категоријата лоу кик до 86 килограми и ја обедини светската и европската титула.

За своите успеси на меѓународната сцена Илиоски беше избран за спортист на Македонија во 2023 година.

притисни ентер