Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
БизарноБарал вода на својот имот, па открил нафта- наместо богатство, добил само проблеми (ФОТО)Сидронио Мореира (63) од државата Сеара, во североисточен Бразил, со години се бори со недостаток на вода на својот имот.Во обид да ја спаси својата фарма, во есента 2024 година, тој започнал проект за дупчење бунар, надевајќи се дека ќе најде извор на вода. Сепак, на длабочина од околу 40 метри, се случи нешто сосема неочекувано - наместо вода, нафта избувна од земјата. Откритието официјално е потврдено Според бразилскиот закон, Мореира морал да го пријави своето откритие кај надлежните органи. Многумина би помислиле дека во тој момент неговата животна борба е завршена и дека неговото семејство конечно ќе ужива во финансиска сигурност. Сепак, се покажало дека тоа не е баш така. Геолози и експерти за рударство наскоро пристигнале на имотот за да го испитаат новото откритие. Областа околу импровизираниот бунар е оградена, а сопственикот има ограничен пристап до дел од своето земјиште, објавува Farmer.pl. Истиот медиум објавува дека Мореира повеќе не може ниту да дупчи во потрага по вода. Пред неколку дена, на 19 мај, Националната агенција за нафта официјално го потврди постоењето на новото поле. Експертите истакнуваат дека појавата на нафта на толку мала длабочина е ретка, поради што експлоатацијата би можела да биде многу поевтина и побрза од вообичаеното. Сепак, сè уште не е познато дали има доволно „црно злато“ во земјата за да се исплати инвестицијата. Líquido achado em sítio no Ceará é petróleo cru, conclui ANP https://t.co/kDrGVKmQVD pic.twitter.com/R9WEsYhhv7 — g1 (@g1) May 20, 2026 Засега нема корист Имотот се простира на 49 хектари, што се смета за „скромен имот“ во бразилски услови. Без можност за наоѓање вода и продолжување на нормалното производство, приходите на семејството се во опасност. Ситуацијата е дополнително комплицирана со административни забрани. Властите привремено ја забранија продажбата на земјиштето каде што е пронајдена нафтата, како и поделбата на парцелата, сè додека не се донесат конечни одлуки за експлоатација на полето. Земјоделецот сè уште нема корист од откритието на нафта. Според бразилскиот закон, природните ресурси ѝ припаѓаат на државата, па затоа евентуално би можел да добие финансиска компензација ако биде експроприран за изградба на нафтен објект, објавува „Фолха де С. Паоло“. Правото на експлоатација најверојатно ќе ѝ биде доделено на голема нафтена компанија.Тагови: вода нафта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаСДСМ: Да му ја решиме дилемата на Мицкоски: Ние сме за институции - не сме за банда!Мицкоски кажа дека СДСМ е против сè, а само за марихуана-економија. Кажа дека сме за распродажба, дека ќе потпишеме бел лист.Нема дилема. Има лаги. Против инвестиции? Најголемите инвестиции беа во време на СДСМ. Сега во време на ВМРО-ОКГ паднаа за над 65 проценти. Од околу 250 милиони просечно по квартал во времето на СДСМ на само 18,7 милиони евра сега во последниот квартал. Мицкоски нема инвестиции затоа што никој не вложува во земја што ја води организирана криминална група. Тој е на чело. Не сме против проекти. Туку сме против неговите лични проекти. Броилата на ЕСМ не се проект. Тоа е грабеж на Адамовиќ, Лазаревиќ, а сè спроведува преку Божиновска, две децении човек на Лазаревиќ. Кога ќе поведе 50 луѓе во Америка на грб на граѓаните - роднини, тетки, стрини, да, сме против тоа. Тоа го плаќа народот. Кога се работи под маса, под радар, има скриена намера. Кога лоби-куќа плаќа состаноци по хотели, кога се чека по ходници - точно, сме против ходник-дипломатија. Приватна каса не дава околу 1,56 милиони долари годишно затоа што арамијата носи часовници од 60.000 евра и одело од 10.000 евра. Дава затоа што интересот е поголем од влогот. Цртање на табла не ни треба. Марихуана-економија? Нека каже што е со заплената од 100 тони. Нека каже што беше со петте тони што завршија кај сестринската партија во Србија. За неговата економија нема да прашуваме. Граѓанинот ја гледа „третата економија на Европа“ во фрижидерот и во паричникот. Не мора да црта како Вучиќ. Македонија на добар пат? На кој - кон дното на слепото црево? Рудници во национален парк? Не може фекалии во вода. Единаесет недели нема извештај од Гостивар. Пет илјади отруени граѓани. Нема одговорни. Нема обвинителство. Над педесет места без вода безбедна за пиење. Лепенец и Вардар без име - кој ги отру. Дали некој му верува дека антимонот нема да ја отруе водата? Дата-центри: прво водено ладење, па потоа воздушно, а притоа не кажа од каде струја и кој ќе плаќа. Странски влијанија? Да, сме против. Не може Орбан и Вучиќ да управуваат со Македонија. Не може руската партија Левица заедно со Мицкоски да ги исполнува желбите на Москва. Не може човек на БИА да биде министер. Најмалку може да се слави осуден српски воен злосторник. Против поделби? Да. Народот не е талог. Тој не е елита затоа што самиот рече дека е зависен од убави и скапи работи. Техники на Ванчо Михајлов. Латас - човек на служба, пропаганда по модел Гебелс заедно со Ивона. Тоа влече корени од фашизам. Како наследници на АСНОМ, и како граѓани - сме против. Вели, конструкции и лаги. Синоќа во Брвеница повторно не даде ниту еден одговор. Еве кажуваме јасно. Ние немаме дилема. Ние сме против криминал и корупција. За Гета чувме. Нула денари беше лага. 5,53 милиони евра народни пари. Многу лаги. А дела нема - освен криминални. За потпис: ние гордо го потпишавме пристапувањето на земјата во НАТО и ги отворивме преговорите со ЕУ. Таа ЕУ што тој ја блокира две и пол години, без реформи. Што потпиша „патриотот“ со куп бугарски пасоши? Задолжување од 4 милијарди евра за две години. Ние сме за институции. Не сме за банда. Дилемата ја нема кај народот. Ја има Мицкоски - секој пат кога ќе зине! А што се однесува до нихилизмот, сега кога изгужваниот професор со безобразни кафански манири, од Фројд премина на Ниче - нихилизмот не е недоверба, туку крштевање на злото во добро и наредба народот да аплаудира. Скопје, 29.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаМицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“.Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата. Настанот ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, каде АД ЕСМ ќе ја претстави третата фаза од проектот за ревитализација на хидроелектраните. Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата „моќта на водата ја преточуваме во енергија“, посветена на развојот на хидроенергетиката и значењето на обновливите извори на енергија. Проектот „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“ е кофинансиран од Европската унија, Германската развојна банка и владата на Германија.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМакедонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промениНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, денеска ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери. „Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски. Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво. „Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“ Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија. „Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски. Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига. „Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски. Натпреварот Словенија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07