Барал од својот идол да ја каже познатата реплика, но тој го избркал зашто ручал (ВИДЕО) - Канал 5

Барал од својот идол да ја каже познатата реплика, но тој го избркал зашто ручал (ВИДЕО)

Познатиот борач и актер Џон Сина одбил да ја каже својата позната реплика откако еден обожавател го прекинал среде ручек и го замолил да ги каже познатите зборови.

Барал од својот идол да ја каже познатата реплика, но тој го избркал зашто ручал (ВИДЕО)

Виралното видео го прикажува борачот како седи во ресторан со пријател, кога тиктокер го прекинува со барање да каже нешто пред камерата.

„Можеш ли да го кажеш тоа уште еднаш?“ го прашал Сина, на што тиктокерот рекол: „Можеш ли да кажеш „Не можеш да ме видиш“?

Легендарниот борач му врати: „А да уживам со пријателите?“, по што фанот се извини и разочарано си замина.

Видеото собра повеќе од половина милион прегледи и предизвика мешани реакции кај тиктокерите.

@alex99rocks my friend met john cena and decided to be a cornball🤣 @Arya ♬ original sound - alex

„Луѓето се лути на Сина затоа што тој има граници, но и фраерот не направи ништо, само кажа што сака“, напишал еден.

Друг предложил подобар пристап: „Тој е богат и сè, но јас попрво би рекол: „Еј, јас сум голем обожавател, може ли да ти купам уште една тура пијалоци?“ и се надевам дека нешто добро ќе се случи после тоа“.

Во меѓувреме, некои се пошегуваа дека фанот требало да свири на неговата позната фраза „Не можеш да ме видиш“.

„Само одете до неговиот пријател и кажете му дека ви е жал што седи сам“, коментира тиктокерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учениците во Берлин ги блокираа училиштата- не сакаат задолжителен воен рок (ВИДЕО)

Студентите во Берлин ги блокираа влезовите на три средни училишта. 

Учениците во Берлин ги блокираа училиштата- не сакаат задолжителен воен рок (ВИДЕО)

Тие протестираа против евентуалното повторно воведување на задолжителен воен рок и побараа поголеми инвестиции во образованието. Десетици студенти се собраа рано наутро пред гимназијата Андреас во населбата Фридрихшајн, каде што го блокираа пристапот со канти за ѓубре.

Тие носеа транспаренти со пораки како „Стоп на регрутацијата и кратењата во образованието“, „Образование, а не војна“ и „Помали класи“. Протестни акции беа одржани и пред гимназијата Лајбниц во Кројцберг, а дел од студентите организираа поворка во близина на училиштето Елен-Кеј-Шуле.

Поддршка за протестите во Франција

Иницијативата „Школски штрајк против регрутирање“ објави дека главната цел на акцијата е да се побараат поголеми средства за образовниот систем и да се спротивстават на плановите за враќање на задолжителната воена служба.

Протестите, исто така, покажуваат солидарност со големите студентски протести во Франција, што е истакнато на транспарентот „Солидарност со Франција“. Дејствијата од петок се продолжение на настаните од почетокот на неделата, кога во понеделник учениците од Француската гимназија во центарот на Берлин го блокираа своето училиште за да ги поддржат протестите во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС

„Браќа и сестри, да не дозволиме разликите да бидат посилни од она што не поврзува, да не дозволиме разочарувањата да бидат поголеми од надежта и да не дозволиме минатото да ја зароби иднината. 

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС

„Нема да не прашуваат колку политички противници сме победиле, туку колку проблеми сме решиле и нема да не паметат по функциите што сме ги имале, туку по делата што сме ги направиле“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од завршниот митинг во општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори.

Мицкоски упати порака до родителите да се сетат на минатите години на власт на СДС кога учебници за нивните деца во училиште немаше и кога наставниците беа принудени да им диктираат лекции, за разлика од сега во период на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ кога сите учебници се доставуваат до училиштата уште пред почетокот на учебната година.

„Сакам да упатам порака и до пензионерите. Сетете се кога пред неколку години пензијата се зголемуваше за 100, 150, 200 денари и денеска кога во овие 24,25 месеци од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, платата на работниците и пензијата на пензионерите се зголемуваше линеарно повеќе од 7.000 денари. Сетете се дека и тоа не е можеби доволно, но е многу повеќе од тоа што се случуваше претходно“, рече Мицкоски.

Мојата порака вечерва, додаде Мицкоски, е и до земјоделците да се сетат кога власта предводена од СДС им должеше две годинишни програми, а денеска без ни малку срам и чувство на вина излегуваат во Собранието и предлагаат небулозни закони, закони коишто ниту тие коишто ги предлагаат не можат да ги разберат онака како што ги напишале.

„И, додека тие мислат дека ние сме го изгубиле помнењето и дека не се сеќаваме за тоа што се случило, ние мораме да излеземе во недела масовно и да го заокружиме бројот 1 за Цоки и да им докажеме дека помниме и дека никогаш нема да дозволиме повторно тие да ни се случат“, порача Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме

Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме, онаа каква нуди СДС полна со навреди и криминал или исправена Македонија, каква гради ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме

„Сакам да ви кажам дека изборите во Брвеница се и порака за тоа во каква држава сакате да живееме. Онаа полна со навреди, криминал, подметнувања и свиткана кичма каква ја сакаат нашите противници, или Македонија во која ќе се бориме за секој човек, исправени и горди и достоинствени“, рече Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот завршен митинг во општина Брвеница.

Мицкоски посочи дека Брвеница има реални потреби за подобрување на инфраструктурата, за создавање подобри услови за локалната економија, за поддршка на земјоделците, за почиста животна средина и за подобри јавни услуги.

„Но, пред сè, има потреба од институции што ќе бидат праведни и достапни. Брвеница ја има поддршката од Владата и со Стојанчо Радичевски, нашиот Цоки, ќе соработуваме за силна општина која ќе биде достапна за сите“, посочи Мицкоски.

Додаде дека како претседател на Владата е свесен дека очекувањата на граѓаните се големи и дека ниту еден економски показател не значи доволно, ако неговото подобрување не се почувствува во семејниот буџет.

„Можеме да зборуваме за раст на бруто-домашниот производ, за инвестиции, за нови работни места, за инфраструктура и за економски развој, но вистинската вредност на секој таков резултат се гледа во тоа дали едно семејство живее посигурно, дали млад човек добил достоинствена и добро платена работа и дали пензионерот може подостоинствено да ги помине своите години“, потенцираше Мицкоски.

Економскиот развој, додаде Мицкоски, не е само бројка во статистички извештај, туку процес кој треба да создава реални можности и затоа Владата мора постојано да биде изложена на проверка.

„Владата мора постојано да биде подложна на проверка, на критика и на барање одговорност и тука сакам да бидам јасен, не барам никој да верува во големи зборови без докази, ниту да прифаќа ветувања без резултати. Напротив, барам институциите да бидат оценувани според нивната работа, а политичарите според исполнувањето на преземените обврски. На Македонија не ѝ се потребни политички пресметки во кои најважно е кој кого ќе навреди, туку сериозна дебата за економијата, здравството, образованието, правдата, инфраструктурата и кој посилно ќе ги штити националните интереси“, посочи, меѓу другото, претседателот Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер