2Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија
БалканБара оставка од ВИ министерката на Албанија, на која ѝ го позајми ликот и гласот: Злоупотребена сум Именувањето на „Диела“ за прва министерка создаден од вештачка интелигенција минатата есен привлече меѓународно внимание како иновација и обид за борба против корупцијата.Сепак, шест месеци подоцна, актерката Анила Биша, чиј лик и глас беа искористени за да се оживее „Диела“, поднесе тужба, барајќи оставка на министерката за вештачка интелигенција. Таа тврди дека била оштетена Биша тврди дека нејзиното право да го користи нејзиниот лик и глас е прекршено, бидејќи договорот дозволувал употреба само во рамките на е-Албанија, а кога „Диела“ станала министерка, не била консултирана, ниту пак бил постигнат нов договор, објави Balkanweb. View this post on Instagram A post shared by Evolving AI (@evolving.ai) Оштетената бара „да се преземе мерка за обезбедување на тужбата, наложувајќи му на трето лице да не ги користи личните податоци на подносителот на барањето Анила Биша, во врска со создавањето на аватарот на министерката за вештачка интелигенција, до крајот на судската постапка“. Актерката тврди дека ѝ е нанесена „голема, непосредна и неповратна штета“ со користењето на нејзиниот лик и глас без дозвола, додека институциите што го создадоа и промовираа ликот на „Диела“ практично го ограничуваат нејзиното право на сопствен лик и глас.Тагови: Албанија министерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПрва фестивалска вечер на „Битолски чалгиски денови“Синоќа, Старата битолска чаршија блесна во фестивалски амбиент и за првпат заживеа во ритамот на чалгијата.Со настапите на „Чапче и Тајфата“, „Филип Шурбевски Езгија квартет“ и „Мерак Чалгии“, со Димитар Андоновски и Бојан Стојков, започна првото издание на „Битолски чалгиски денови“ - фестивал кој ја враќа чалгијата во срцето на Битола. Вечерва, програмата продолжува. Во 18:00 часот, Широк Сокак ќе биде исполнет со фестивскиот дух преку пајтонско дефиле, кое низ препознатливиот битолски амбиент ќе го најави вториот фестивалски ден. Од 20:30 часот, во Старата битолска чаршија повторно настапуваат „Чапче и Тајфата“, а во 22:00 часот следуваат „Љубојна“ и Битолскиот чалгиски оркестар. Битолски чалгиски денови е првиот фестивал посветен на чалгијата во Битола, кој се одржува во рамките на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, во организација на Културно – информативниот центар, со поддршка од Општина Битола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУниверзитетот во Белград падна на Шангајската листа.Универзитетот во Белград забележа голем пад на Шангајската листа на најдобри факултети на светот и сега се наоѓа во групата универзитети рангирани од 501. до 600. место, пренесуваат медиумите.Пред само 10 години, Универзитетот во Белград се наоѓаше меѓу 201-то и 300-то место на Шангајската листа, што претставуваше историски успех. На овогодишната листа на 10-те најдобри светски универзитети се наоѓаат и Принстон, Оксфорд, Колумбија, Универзитетот во Чикаго и Калифорнискиот институт за технологија (Caltech). Во најновото рангирање, универзитетите од Кина постигнаа особено забележителен резултат. Шеснаесет кинески институции сега се меѓу првите 100 во светот. На европскиот континент, најдобро рангиран е Универзитетот Париз-Сакле (Paris-Saclay), кој се наоѓа на 13-тото место, а по него следи ETH Цирих на 19-тото место. Што се однесува до универзитетите од регионот, Универзитетот во Љубљана оваа година исто така забележа пад и сега се наоѓа во групата од 601-то до 700-то место, додека минатата година беше во групата од 501-то до 600-то место. Универзитетот во Загреб го задржа минатогодишниот пласман во групата од 601-то до 700-то место. Универзитетот во Белград (УБ), институција со традиција долга 187 години, падна за дури 39 места на листата „Global 2000“ на Центарот за рангирање на светските универзитети (CWUR), која, покрај онаа од Шангај, претставува најважна листа за рангирање на универзитетите во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКапитенот на Тотенхем заминува во МадридКапитенот на Тотенхем го најавува заминувањето, оди кај Симеоне во Мадрид за 40 милиони евра .Кристијан Ромеро синоќа потврди дека го напушта англискиот премиерлигаш Тотенхем по пет сезони поминати во лондонскиот клуб. Аргентинскиот централен дефанзивец го објави своето заминување преку проштална порака, а неговиот трансфер во Атлетико Мадрид сега чека само официјална потврда. Тотенхем и Атлетико постигнаа договор вреден приближно 40 милиони евра, при што англискиот клуб ќе добие и 15 проценти од евентуална идна продажба. Ромеро имаше договор со Тотенхем до 2029 година, но гласините за неговото заминување кружеа во текот на целото лето, а Атлетико беше неговата посакувана дестинација. Аргентинскиот интернационалец одигра 124 натпревари и постигна 12 гола за Тотенхем во текот на пет сезони. Минатата сезона ја носеше капитенската лента, а сега заминува за да соработува со својот сонародник, Диего Симеоне. Интерес за него покажаа и Интер и Арсенал, но Атлетико беше клубот што на крајот го реализираше трансферот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook