3Гревови од младоста: Началникот на армијата на Нов Зеланд поднесе оставка поради „несоодветен однос„
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
1Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
БалканАлбанија ја добива првата виртуелна министерка создадена со помош на вештачка интелигенцијаАлбанија ја добива првата министерка во светот создадена со вештатка интелегенција. Виртуелната жена облечена во традиционална албанска носија е наречена Диела, што на албански значи „сонце“, а ќе биде додолжена за одлуките за јавните тендери... очекувања на премиерот Еди Рама се дека на овој начин тие ќе бидат целосно транспарентни и 100% ослободени од корупција, бидејки според него вештачката интелегенција не може да биде поткупувана. -Диела треба да стане слуга на јавните набавки, кои сакаме постепено да ги пренесеме на вештачката интелигенција, правејќи ја Албанија земја каде што јавните набавки се 100% неподмитливи и каде што секоја јавна набавка што поминува низ тендерската постапка е 100% чесна. Ова не е научна фантастика, но е една од должностите на Диела. - Еди Рама – премиер на Албанија Рама објасни дека виртуелната министерка на јавноста и институциите ќе им биде достапна преку дигитални канали, но засега нема детали на кој начин таа ќе биде следена од можните ризици за неетичко користење на вештачката интелегенција. Диела почетокот на годината првично беше лансирана како виртуелен асистент на државниот порал е-Албанија, каде преку гласовни команди на граѓаните и бизнисите им помага при извршување на речиси сите граѓански услуги во земјата. Воведувањето на првата „бот“ министерка предизвика дебати низ речиси целиот свет за улогата на вештачката интелигенција во владините процеси. Според комуникологот Бојан Кордалов, програмирањето на вештачката интелегенција доаѓа од човечки фактор, што и натаму не ја исклучува во целост можноста од корупција. - Да, вештачката интелегенција е платформа да биде независна, платформа да не дели и не привилигира, меѓутоа само доколку така биде програмирана..Разочарувањето може да биде големо ако секој човечки фактор не се вклучи во таа борба и изградиме систем во Западниот Балкан кој што целосно ќе ја искорени корупцијата. Вештачката интелегенција не треба да направиме да ги замени луѓето, туку да направиме да биде дополнителна подршка на секој човек. Покрај виртуелната Диела, владиниот состав на Рама вклучува и уште 8 жени. Според него Албанија испраќа порака дека чекори кон европските трендови со засилена застапеност на жените во политиката и интеграција на нови технологии во владините процеси. Неговите очекувања се дека Албанија ќе стане полноправна членка на ЕУ до 2030 година, а дотогаш тој најави и дека има план државата да стане првата земја во светот без готовина, односно сите финансиски трошоци да бидат целосно дигитални.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВо недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови Со претстојната промена на часовникот и пораното затемнување, од недела официјално влегуваме во годишното време кое носи со себе забележителна промена во дневниот ритам и потрошувачките навики на населението. Преминот кон таканареченото зимско сметање на времето традиционално го означува почетокот на сезоната во која фокусот на општествениот и економскиот живот се пренесува од отворените простори во топлината на домот, отворајќи нови полиња на раст за цела низа економски сектори. Пазарните аналитичари истакнуваат дека раното затемнување делува како силен психолошки поттик за враќање на навиките поврзани со удобноста на домот. Од првиот работен ден во новиот ритам, се очекува значителен скок во користењето на платформите за стриминг и услугите за дигитална забава, бидејќи вечерните часови стануваат резервирани за филмови, серии и релаксација со семејството. И тоа е првата неверојатна промена. Нема ни да забележите дека од тој ден всушност поминувате повеќе време пред екранот. Заедно со е-забавата, апликациите за достава на храна и продавниците доживуваат најголем бум. Вечерите дома стануваат попрактичен и поудобен избор за многу граѓани, што отвора можност локалните ресторани и специјализираните услуги за достава значително да го зголемат обемот на работење за време на вечерните врвови. Иако летните градини природно полека ги празни своите места со првиот самрак и посвежите вечери, угостителската индустрија доживува динамична трансформација, а не стагнација. Сопствениците на ресторани со нетрпение го поздравуваат пренасочувањето на гостите кон затворени простори, каде што топлите пијалоци, специјализираните менија и пријатните, интимни ентериери стануваат клучни средства. Сезоната што претстои, со тоа, уште еднаш ја потврдува прилагодливоста на модерната економија, во која темнината не ја гаси потрошувачката, туку само ја пренасочува кон нови, поудобни и потопли текови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!Честит Ден на македонската револуционерна борба!Честит Ден на македонската револуционерна борба! Небото свети Македонија. Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години!, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
СветМеланија Трамп договорила привремено примирје меѓу Русија и Украина во градот ОлешкиБелата куќа објави дека Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави, успешно обезбедила прекин на огнот меѓу Русија и Украина во градот Олешки.„Русија и Украина се согласија привремено да ги суспендираат сите воени дејствија во градот за да се овозможи влез на хуманитарна помош и да се подготви за евакуација на цивилите преку одреден безбеден премин“, додаде Белата куќа. Договорот ќе стапи на сила на 29 октомври. Олешки е украински град на руско окупираната страна од реката Дњепар, спроти Херсон. Откако руските сили го зазедоа во 2022 година, тој е сведен на урнатини и отсечен од светот. Сепак, илјадници цивили, вклучувајќи деца, остануваат таму. Според извештаите, тие живеат без електрична енергија, вода за пиење и редовни залихи на храна. Жителите потврдија за Скај њуз дека многу луѓе варат трева за да преживеат.Тагови: Меланија Трамп русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter