Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
МакедонијаБанките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиитеИ на месечно и на годишно ниво се намалија каматните стапки на вкупните кредити, а се зголемија кај депозитите и новодобрените кредити. Банките ги намалија каматите за кредитите, ги зголемија на депозитети, но дали ќе има намалување на провизиите и надоместоците , како што побара гувернертот Трајко Славески, останува неизвесно.. НБРМ: Вкупни кредити: 5,06 % мај 2025 г. – 0,05 п.п. на годишно ниво - 0,43 п.п. Вкупни депозити: 2,21% мај 2025 г. + 0,01 п.п. на годишно ниво + 0,35 п.п. Од Асоцијацијата на банкарите велат дека ја разгледуиваат опцијата, но повторија дека тоа е индивдиуална одлука на раководствата, а потег треба да напрви и НБРМ со намалување на трошоците за транскациите. „Ние кажавме сите опции ќе бидат разгледани, банките веќе почнаа да си ги разгледуваат тарифите тоа што го даде Гувернерот, но како што нагласив и тогаш тоа е индивидуална одлука на секоја банка. Пред се треба да ги погледнеме и тафити, таму беше ветено и од народната банка дека на долговниот прометот на страната на трансакциите поврзани со МИПС ќе има ослободување и од таа трансакција, тоа се покомплексни пресметки за едното и за другото, така да во соодветно време ќе реагираат...“ - Маја Стевкова Штериева – МБА. Минатата недела Славески најави дека ако банките не се договорат преку измени во законот НБРМ ќе ги регулира провизиите, би се формирало регулаторно тело, како што е случај и со цените на струјата, природниот гас, водата, телекомуникациските услуги. Но, од НБРМ се уверени дека преку дијалог ќе се најде заедничко решение. „НБРМ веќе најави превземање на конретни чекори, коишто значат намалување на трошоците на банките за порамнување на плаќањата преку МИПС системот на НБРМ. Во комуниација сме со банките кои ова прашање секако го разгледуваат низ призма на пазарната динамика и интересите на клиентите и во очекување сме дека во духот на одговорнст и соработка, во кусо време ќе излезат со свои видувања.“- -НБРМ. Инаку според последниот ивештај на централната банка за 2024, македонскиот банкраски сектор остварил вкупен профит од нешто над 280 милиони евра, а само од прозвии и надоместоци имале приход од околу 115 милиони евра, колку што им биле вкупните трошоци за плати за сите вработени.. Тагови: МБА Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
СветИсториска средба на Си, Трамп И Путин Во Кина, утре нивна прва трилатерална средбаОчите на светската јавност се вперени во кинескиот град Шенжен.Очите на светската јавност се вперени во кинескиот град Шенжен, каде што со највисоки државни почести, црвен тепих и свечена церемонија, кинескиот претседател Си Џинпинг лично го пречека својот американски колега Доналд Трамп, на самитот на АПЕК во пресрет на утрешната прва трилатерална средба заедно со рускиот претседател Владимир Путин. Пречекот беше проследен со исклучителен дипломатски гест. За првпат откако ја презеде претседателската функција, Си лично го пречека американскиот колега на аеродром, што дополнително ја нагласи важноста на посетата на Трамп. По свечениот пречек, Трамп и Си се упатија на самитот, каде што се сретнаа со Путин, а нивното ракување веќе медиумите го прогласија за историско. Пред пристигнувањето на Трамп, Си и Путин заедно појадуваа речиси два часа, каде според светските медиуми било разговарано за билатералните односи меѓу суперсилите, економската соработка и светскиот поредок. -Почитуван господине претседателе, почитуван пријателе... Искрено ми е мило што ве видов во Шенжен... Имаме заедничка цел, да обезбедиме мир и просперитет во целиот Азиско-пацифички регион. Имеме цел да работиме, како што велите и самите вие рамо до рамо, во интерес на доброто на народите на Русија и Народна Република Кина. Во услови на сложена геополитичка состојба, остануваме посветени на конструктивни пристапи насочени кон создавање поправеден, мултиполарен светски поредок – рече Путин. -Под стабилното ваше раководството претседателе, и мое, кинеско-руските односи останаа цврсти како планина. Недопрени од ветер и дожд, тие придонесуваат за долгорочната перспектива и обезбедуваат поголема стабилност и сигурност во се посложениот комплексен и променлив свет... Претставувајќи модел за нов вид односи меѓу големите светски сили – изјави Си Џипинг – Претседател на НР Кина. Сепак, зад раскошната церемонија и дипломатските гестови следуваат разговори од кои се очекуваат одговори на некои од најголемите глобални предизвици, потенцираат аналитичарите. -Од друга страна самитот ќе има голема геополитичка заднина. Војната во Иран ќе биде еден од примерите за следење таму. Што ќе прави Трамп по меѓуизборите, тоа е голема област за следење. Од друга страна ја имате триратералната средба Трамп, Си и Путин. Значи, ќе биде еден доста интензиен АПЕК самит – вели Џим Ли – Аналитичар. Утре, за првпат на заедничка преговарачка маса ќе седнат лидерите на трите светски сили, САД, Кина и Русија. Во фокусот на историската средба меѓу Трамп, Си и Путин се очекува да бидат војната во Украина, нуклеарното разоружување, глобалната безбедност и идните односи меѓу трите држави.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
СветНАТО и Пентагон денес разговараат за можно повлекување на американските трупи од ЕвропаСојузниците од НАТО денеска ќе разговараат за американската ревизија на бројноста на војниците во Европа со Елбриџ Колби, шефот за стратегија во Пентагон. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека очекува појасни детали во врска со можното повлекување во текот на следните неколку недели, пренесува Ројтерс. Дискусијата се однесува на шестмесечна ревизија, иницирана во јуни од страна на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Во тоа време, Хегсет предупреди дека САД би можеле да задржат дел од своите придонеси кон НАТО, доколку сојузниците кои не инвестираат доволно во одбраната не ги исполнат своите обврски. Иако Хегсет експлицитно не наведе дека ревизијата би можела да доведе до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани во Европа, тој нагласи дека целта е да се поттикне поголем ангажман од европскиот континент, со што на американската војска би ѝ се овозможило да се фокусира на своите глобални обврски. „Очекуваме промени во бројноста на војниците, но сè уште немаме ништо конкретно“, изјави Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел, на кој ќе присуствува и Колби за време на работниот ручек. Писториус додаде дека до промена во распоредувањето на конвенционалните сили ќе дојдеше без оглед на тоа кој е претседател на САД, бидејќи тоа е резултат на зголемениот фокус на Америка врз регионот на Индо-Пацификот. Во Германија се стационирани околу 35.000 американски војници – што претставува најголем контингент во Европа – а резултатите од извршената анализа се очекува да бидат претставени пред Божиќ. Европски воени извори проценуваат дека Вашингтон би можел да премести една бригада – односно околу 5.000 војници – од Германија во Азија или поблиску до источното крило на НАТО, во Полска. Писториус нагласи дека целта на разговорите со Вашингтон е да се координираат дејствијата, со цел да се избегнат опасни празнини во европската одбрана што би можеле да настанат како последица на повлекувањето на американските сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаСо испитување на економски вештак, продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“Со вкрстено испитување на економскиот вештак Анита Поповска во Кривичниот суд Скопје продолжи судскиот процес за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра. Вештото лице одговараше на прашањ на бранителот на второобвинетиот, поранешен прв вицепремиер Артан Груби, а во најголемиот дел од одговорите таа реагираше до судијата дека од неа се бара да вади правни заклучоци или да одговара на прашања надвор од она што е напишано во вештачењето. Поповска одговараше и за тоа каква била улогата на Министерството за финансии, во делот на спорната набавка на ВЛТ апарати за државна лотарија, на што пред судот кажа дека Министерството изготвило мислење, но имало само административна улога. Покрај Груби, обвинети за случајот со проневери во државна лотарија, се уште и Перпарим Бајрами, поранешниот прв човек на Државна Лотарија, поранешниот генерален секретар на Владата Методија Димовски, како и уште 5 лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45