Не сме секогаш добро само затоа што функционираме – Како емоционалното исцрпување тивко го презема животот
2 Не сме секогаш добро само затоа што функционираме – Како емоционалното исцрпување тивко го презема животот
Други спортовиБањаја ја освои ГН на КаталонијаИталијанецот Франческо Бањаја (Дукати) победи денеска во трката за Големата награда на Каталонија во категоријата МотоГП, минувајќи прв низ пред Шпанецот Хорхе Мартин (Дукати-Прамак).Откако во саботата падна во последниот круг од спринтерската трка додека беше во водство, актуелниот двократен светски шампион се реваншираше победувајќи го лидерот во генералниот пласман, додека Шпанецот Марк Маркез (Дукати-Гресини) заврши трет. Следната трка од Светското првенство во мотоциклизам во класата МотоГП е закажана за следниот викенд во Муџело во Италија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЦената на нафтата се спушти на 83,88 долари откако САД и Иран постигнаа договорЦените на нафтата на светските пазари значително паднаа поради очекувањето дека мировниот договор меѓу САД и Иран би можел да ја заврши најголемата криза во снабдувањето со енергија во историјата на пазарот на нафта.Намалувањето на тензиите на Блискиот Исток веднаш се одрази врз светските финансиски пазари. Инвеститорите позитивно ја примија најавата за мировен договор меѓу САД и Иран, што доведе до пад на цените на нафтата и раст на берзанските индекси ширум светот. Цената на суровата нафта од типот Брент забележа значителен пад од 3,45 долари по барел и се спушти на 83,88 долари, објави Sky News. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите очекуваат намалувањето на геополитичките тензии да придонесе за постабилно снабдување со енергенси и помал ризик од нарушување на транспортните рути. Референтната цена на нафтата на меѓународниот пазар утрово падна за четири проценти, продолжувајќи го трендот на опаѓање забележан на крајот од минатата недела. Цените сега се на најниско ниво од почетокот на март, само неколку дена по избувнувањето на војната со Иран. Падот започна кон крајот на минатата недела, кога цената на нафтата падна од 93 долари за барел во четврток на 87,50 долари на затворањето на тргувањето во петок. Пазарите потоа реагираа на објавата на Трамп дека е блиску до мировен договор со Техеран, со кој би се отстранила блокадата на Иран на клучен трговски пат за нафта. Трамп, исто така, тврдеше дека американската војска тајно помагала во транспортот на милиони барели нафта дневно преку Ормутскиот теснец во последните недели за да се намали притисокот врз глобалниот пазар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСледната седмица натпросечно високи температури во Македонија и Европа08:26Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
МетеоСледната седмица натпросечно високи температури во Македонија и ЕвропаСпоред најавите, температурите во делови од Европа ќе се искачуваат над 30 и 35 степени, а локално може да достигнат и да надминат 40°C,Според најавите, температурите во делови од Европа ќе се искачуваат над 30 и 35 степени, а локално може да достигнат и да надминат 40°C, додека Македонија ќе ја почувствува жештината со послаб интензитет, со највисоки вредности до 35 или 36°C. Најпогодени од бранот треба да бидат централна, западна и југозападна Европа, како и Италија, каде што се очекува воздухот да биде значително потопол од просекот за јуни. Во дел од тие региони температурите може да бидат за 10 до 15 степени повисоки од вообичаените, а локално и повеќе од тоа. Причината за ваквата промена е продор на многу топол воздух од Африка, засилен со поле на висок воздушен притисок. Таквата комбинација најчесто носи многу сонце, слаба нестабилност, малку облаци и долготрајно задржување на жештината над голем дел од континентот. Македонија ќе биде под влијание на истиот топол бран, но со поумерен интензитет. Температурите во текот на следната седмица ќе растат и ќе се движат од 28 до 35, односно локално до 36 степени. Тоа значи дека земјава нема да биде во центарот на најекстремната жештина, но сепак ќе влезе во период на вистински летни температури. Во Македонија повремено ќе има услови и за поретка локална попладневна нестабилност, со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Таквата појава нема да ја смени општата слика на топло време, но може локално и краткотрајно да донесе промена, особено во попладневните часови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 15. јуни 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 15. јуни 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат. Кариера Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински. Здравје и совет Концентрирајте се на позитивните работи. Рак 22.6-22.7. Љубов Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своите хобија. Некои ќе сакаат да останат осамени. Кариера Од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди. Здравје и совет Меланхолија. Лав 23.7-22.8. Љубов Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман , па саканата личниост ќе остане во втор план. Кариера Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија. Знаете кои се тие и затоа игнорирајте ги. Здравје и совет Напредувате во секој поглед. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања. Кариера Работата денеска ќе ја одрабиотувате со леснотија , а по одреден број часови на работното место , со голема радост ќе побрзате на некоја забава. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе. Кариера Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот. Здравје и совет Посилни сте од ден во ден. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов За оние кои бараат сродна душа, постои голема веројатност овие денови да ја препознаат на работното место. Кариера На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива. Здравје и совет Се интересирате за козметика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе изгледа како една личност да консумирате за доручек , а друга за вечера. Решете се веќе еднаш. Кариера Луѓето не се кукли за ваше поигрување. Колегите би можеле да ви замерат дека кон нив се однесувате како со кукли. Здравје и совет Не манипулирајте со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повеќето ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цалосно да се опуштат. Ако сте во врска, добро е , а доколку не сте , повикајте некого. Кариера Веројатно е дека ќе преуредувате дома , а ќе се прозевате додека сте на работното место. Здравје и совет Проанализирајте се себеси. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Многуте средби ќе изнудат насмевка на вашето лице. Луѓето ве сакаат , а вие самите со задоволство ќе излезете. Кариера Во фаза сте кога ви е најдобро ништо да не работите . Сепак , што се мора ,с е мора, па така постапете. Здравје и совет Бидете зрели и воздржани. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Љубовните незадоволства денеска успешно ќе ги компензирате преку други подрачја во животот. Кариера Пред вас е еден стимулативен ден за секаква работа. Што и да направите , ќе се развива над вашите очекувања. Здравје и совет Телесно сте одлично , емотивно сте празни. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него. Кариера Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна. Здравје и совет Внимавајте на главата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни. Кариера Ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите. Здравје и совет Поместете ги своите граници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСледната седмица натпросечно високи температури во Македонија и Европа08:26Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58