Банди со мачети се пресметуваат во трговски центар во Австралија (ВИДЕО) - Канал 5

Банди со мачети се пресметуваат во трговски центар во Австралија (ВИДЕО)

Судир меѓу банди вооружени со мачети во трговски центар во Мелбурн ја натера австралиската држава Викторија да го забрза спроведувањето на првата забрана во земјата за продажба на оружје.

Банди со мачети се пресметуваат во трговски центар во Австралија (ВИДЕО)

Забраната, која требаше да стапи на сила во септември, ќе стапи на сила веќе во среда во Викторија. Одлуката доаѓа откако вчера попладне две банди се судрија во трговскиот центар Нортленд, во предградието на Престон. Дваесетгодишен маж е тешко повреден и е во болница.

Премиерката на Викторија, Џасинта Алан, изјави дека забраната ќе „го прекине снабдувањето“ и додаде: „Заедницата не треба да се справува со такво оружје во трговските центри, ниту пак нашата полиција“.

Меѓу уапсените се и двајца малолетници

Двајца малолетници, на возраст од 16 и 15 години, вчера беа обвинети за нарушување на редот, намерно нанесување повреда и поседување и употреба на забрането оружје. Полицијата денес објави дека се уапсени уште двајца млади мажи, на возраст од 20 и 18 години, и дека нивните испрашувања се во тек. Сите четворица ѝ се познати на полицијата од претходно.

„Ова беше однапред смислен судир меѓу две сопернички банди, при што нема повредени минувачи“, рече заменик-полицискиот комесар Дејвид Клејтон. Тој додаде дека ваквите инциденти во Викторија се „ретки, но застрашувачки“. Тој, исто така, истакна дека еден од десет напади со нож во таа сојузна држава се извршени од млади луѓе и тие често се случуваат на јавни места.

Десет лица учествуваа во конфликтот

Итните служби беа повикани во трговскиот центар во Престон, околу 11 километри северно од центарот на Мелбурн, вчера веднаш по 14:30 часот по локално време, по пријави за тепачка во која учествувале до десет лица. Полицијата соопшти дека истрагата е сè уште во тек и дека очекува нови апсења. Три од четирите мачети употребени во нападот се запленети. Премиерот Алан го нарече нападот ужасен.

„Никогаш не смееме да дозволиме местата каде што се собираме, каде што семејствата се среќаваат, пазаруваат и уживаат во мирен викенд, да станат места од кои се плашиме“, рече таа на прес-конференција. „На Велика Британија ѝ беа потребни 18 месеци за да ги забрани мачетите. Ќе го направиме тоа во рок од шест месеци“, додаде таа.

YouTube video

Во март, Викторија објави измени во Законот за контрола на оружјето со кои продажбата или поседувањето мачети ќе биде нелегална, а законот ќе стапи на сила во септември.

Полицијата му се заблагодари на човекот кој го приведе еден од осомничените

Забраната се однесува на мачетите, кои се широко дефинирани како „ножеви со сечило подолго од 20 сантиметри“. Не вклучува кујнски ножеви. Од септември ќе трае тримесечна амнестија, во која граѓаните ќе можат да предаваат мачети во посебно обележани кутии во полициските станици без казна.

Полицијата му се заблагодари на човекот кој го држеше еден од осомничените додека не пристигнаа полицајците, велејќи дека тој „вршил одлична работа“, но забележа дека тие не ги охрабруваат граѓаните сами да се вклучуваат во такви ситуации.

Во Англија и Велс, минатиот септември стапи на сила забрана за таканаречени зомби ножеви и мачети, со што е нелегално поседувањето, производството, преносот или продажбата на широк спектар на оружје што го користат бандите како средство за заплашување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка.

Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година.

Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување.

Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година.

Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес.

Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството.

Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем.

Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди.

Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења.

Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури.

За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Парискиот мировен форум се обрати на панел дискусијата насловена „Одбрана на линијата: суверенитет во ера на хибридни закани“.. 

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

„Ние живееме во интерегнум , така да се изразам, во меѓувластие, кога старото општество е заминато, а новото уште не се појавило и монструми нѐ опкружуваат. Во време на вештачка интелигенција и дигитализација овие насилници се скриени, но многу моќни. Оттаму ние мериме чекори, документи, политики ,а тие не. Она што мислам дека е многу важно, посебно за ЕУ и секако за НАТО нема никогаш политички вакуум, никогаш. Особено нема политички вакуум на Балканот. Секогаш Балканот бил карта за поткусуравање и големите сили си ги мерат своите сили, за несреќа, на Балканот. Затоа според мое мислење ова е многу важно. Не е важно само за да нѐ охрабрите нас во регионот, за да бидете силни, да бидете трпеливи и така натаму. Не, ние треба да ги направиме вистински чекори. Зашто од внатре ние сме 70 проценти поврзани со економијата на ЕУ. Тогаш, ако ние сме економски партнер и ако сме во НАТО, го знам одговорот. Доколку сме корисни, доколку сме кредибилни, доколку толку многу пати сме биле пофалени како одлични тркачи, тогаш имаме право и да го завршиме нашиот пат кон Брисел. И тогаш нема да речам дека нашиот маратон кон Брисел е како „Чекајќи го Годо“. “ , рече претседателката Сиљановска Давкова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер