3СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта
КултураБалетот „Жизел“ на сцената на Македонската опера и балетНа сцената на Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен балетот „Жизел“ од Адолф Адам. Диригент е Едуард Амбарцумјан (Ерменија), а кореографијата е по Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ (Хрватска). Во насловната улога – Жизел настапува примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Алберт – Балаж Лочеи, како Мирта настапува Илијана Данилов, а во улогата на Хиларион – Бобан Ковачевски, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Костимограф е Александар Ношпал, сценографијата е на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а дизајнот на светло е на Милчо Александров. „Жизел“ ја раскажува приказната за љубовта, измамата и прошката, која во вториот чин се одвива во светот на вилите. Лиричната музика и препознатливата кореографија го прават балетот постојано присутен на светската и домашната сцена. Премиерно изведен во Париз во 1841 година, балетот „Жизел“ се смета за врв на романтичниот балет, особено по прочуениот „бел чин“ – еден од најпрепознатливите симболи на класичната балетска естетика. Тагови: Националната опера и балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТајфунот Бави предизвикува хаос во Јапонија, Кина објави највисока тревога (ВИДЕО)Моќен тајфун Бави денес ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, носејќи ветрови со сила на ураган, обилни врнежи од дожд и прекини во воздушниот сообраќај.Кина издаде црвена тревога, највисоко ниво на тревога, додека се приближува тајфунот. Моќен тајфун Бави денес ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, носејќи обилни врнежи од дожд и силни ветрови, при што пет лица беа полесно повредени, соопштија локалните власти. Според Јапонската метеоролошка агенција, тајфунот достигна брзина на ветерот до 144 километри на час над островот Мијако во Окинава, објави Кјодо. „Џапан ерлајнс“ и „Ол Нипон ервејс“ ги откажаа летовите до и од Окинава, како и до регионот Амами во југозападната префектура Кагошима. Кина издаде црвена тревога Кина издаде највисоко ниво на тревога за дожд додека тајфунот Бави денес се приближува кон североисточниот дел од кинескиот регион Тајван, прекинувајќи ја работата и наставата во повеќето области. Typhoon Bavi LATEST UPDATE Schools were closed Friday in Taipei, and fishing boats have been tied up close together in ports in northern Taiwan. More than 17,000 people have been evacuated in Zhejiang and 170,000 rescue workers placed on standby, the official Xinhua News… pic.twitter.com/78QjwhXcV7 — Abhijit Pathak (@aajtakabhijit) July 10, 2026 Кинеската Национална опсерваторија издаде црвена тревога за дождовни бури, највисоко ниво во систем со четири нивоа, предупредувајќи дека обилни, па дури и екстремни врнежи од дожд би можеле да погодат неколку региони во земјата, објави Ксинхуа. Се очекува тајфунот Бави да стигне до брегот на источна Кина во раните утрински часови во недела. Typhoon Bavi brings strong winds, rain to Taiwan pic.twitter.com/gQLeqe8LKg — Focus Taiwan (CNA English News) (@Focus_Taiwan) July 11, 2026 Обилни врнежи од дожд се прогнозираат за Жеџијанг, северен Фуџијан, североисточен Џангси, јужен Анхуи, како и делови од Пекинг и Хебеј во следните 24 часа. Според прогнозите, акумулираните врнежи од дожд би можеле да достигнат од 250 до 500 милиметри во делови од источен и јужен Жеџијанг и северен Фуџијан, додека се очекува некои области во регионот Тајван во централна и северна Кина да добијат помеѓу 250 и 800 милиметри дожд. Тајфунот Бави, деветтиот тајфун оваа година, рано утрово стигна до копното во регионот Тајван во североисточна Кина, предизвикувајќи откажувања на летови во Тајпеј и Тајчунг и прекини во работата и училиштата низ целиот остров. Метеоролошкиот орган на регионот соопшти дека центарот на тајфунот е околу 360 километри југоисточно од Тајпеј и се движи кон северозапад со брзина од 27 километри на час. 🇹🇼 More than 14,000 people have evacuated their homes in Taiwan as Typhoon Bavi approaches. In Keelung, violent winds, heavy rain and deserted streets signal worsening conditions. More than 27,000 people are already without power. pic.twitter.com/m1L8cHjpY6 — Incas Productions (@IncasProd) July 11, 2026 Регионот пријавил обилни врнежи од дожд и ветрови, како и изолирани случаи на штети, вклучувајќи прекини на електричната енергија и лизгање на земјиштето. Властите ги предупредија граѓаните да го избегнуваат брегот поради високите бранови, а се очекува врнежите од дожд на островот постепено да се намалуваат во недела. Извор: Б92Тагови: јапонија Кина тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во посета на Општина ОхридМицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“.Денес во 11:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“, а потоа и на реконструираната улица „Кленоец“ во Општина Охрид.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во БудимпештаСе продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство располагаат со имот и средства во вредност од над 2 милијарди евра.Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски - човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја издржува казната во Идризово. Така изгледа кога криминална организација е на власт. Се продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство располагаат со имот и средства во вредност од над 2 милијарди евра. Организираната криминална група ВМРО и Христијан Мицкоски како нејзин шеф и денес го слават Груевски. Не бараат негова екстрадиција, ниту ја осудуваат неговата политика на страв и системска кражба на државата. Месеци наназад нема одговор на прашањето дали се испратени документите за негово испорачување. Наместо тоа, Мицкоски продолжува по стапките на својот ментор - носи скапи часовници, купува владини авиони и ја одржува културата на недопирливост и лично богатење на грбот на граѓаните. Се сеќаваме на Мерцедесот од 650.000 евра, наочарите од 60.000 евра и луксузот во кој пловеше Груевски. Денес истото го гледаме и кај Мицкоски, само во понова и поагресивна верзија. Ова не е минато. Ова е сегашноста на ВМРО-ОКГ. Додека народот се бори да преживее, криминалците од минатото и нивните наследници и понатаму се движат слободно. Имотот на Груевски во Македонија е само ситница. Вистинската сума од над две милијарди евра се наоѓа надвор од земјата. Наместо Груевски да биде испорачан и да одговара за изгубените години на цела генерација Македонци, да се конфискува тој имот и тие пари, Владата продава само неколку станови. Така изгледа правдата со Мицкоски и неговата банда. Народот не заборава. И не простува. Наскоро доаѓа време за отчетност. Наскоро доаѓа време за правда. Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните. Фронтот за вистина и правда ќе се погрижи да одговара не само Груевски, туку и сите негови ученици и продолжувачи на неговото дело. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter