Бајрамската порака на Реисул Улема - Канал 5

Бајрамската порака на Реисул Улема

„Спасен е оној кој се очистува, кој го спомнува името на својот Господ и клања намаз.“ 

Бајрамската порака на Реисул Улема

Почитувани верници и вернички,

Браќа и сестри,

Утре е празникот Фитер Бајрам, кој е ден на радост и гордост за верниците кои со посветеност и побожност ги исполнија обврските од месецот Рамазан, постот и другите ибадети.

Денес се разделуваме од светиот месец Рамазан, зашто му благодариме на Семоќниот Алах што ни овозможи да го доживееме овој благословен месец во кој сведочевме дека постот е божествена обврска, чин на силно верување и свест за посветеност кон Бога.

Во текот на овој месец, нашите срца беа исполнети со верба и знаење, го подигнавме моралот, почитта, солидарноста, хуманоста, толеранцијата и мирот. Овој месец не охрабри да работиме за мирна, светла и позитивна иднина.

За верникот, празникот Фитер Бајрам е кулминација на овие заложби и ден на голема радост. Тоа е ден на победата на верата над неверието, победа на доброто над злото, победа на знаењето над незнаењето, победа на мирот над војната, победа на солидарноста над поделбите, победа на почитта над омразата и победа на човечноста над нечовечноста.

Фитер Бајрам е посебен ден, ден кој ја истакнува нашата длабока благодарност за нашата посветеност на Семоќниот Алах. Затоа, нека овој празник биде можност да ги зајакнеме нашите врски со другите, да изразиме љубов и почит кон нашите семејства, да подадеме рака за помирување и да се грижиме за оние на кои им е потребна помош.

Браќа и сестри,

Имам посебна чест, во име на Исламската Верска Заедница и во мое лично име, да ги пренесам најискрените честитки до сите верници, каде и да се наоѓаат, молејќи го Семоќниот Аллах да го прифати нашиот пост, молитвите и ибадетите и да не награди како што само Тој знае.

Честит Фитер Бајрам! Нека е за многу години за сите!

YouTube video

Реисул Улема на ИВЗ

Зубименди се договори со Арсенал

 Шпанскиот фудбалер од средниот ред, Мартин Зубименди (26), за кого беа заинтересирани европски гиганти како Ливерпул и Реал Мадрид, ќе се приклучи на Арсенал ова лето, објавија денеска британските медиуми.

Зубименди се договори со Арсенал

Дваесетишестгодишниот Зубименди пристигнува во Арсенал од Реал Сосиедад и ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред, каде што лондонскиот премиерлигаш имаше многу проблеми оваа сезона.

Медиумите наведуваат дека Арсенал ја активирал откупната клаузула во договорот на Зубименди со тимот од Сан Себастијан, а таа изнесува 60 милиони евра.

Зубименди целата своја кариера е дел од Реал Сосиедад, а стандарден член и на шпанската репрезентација за која досега одигра 15 натпревари./МИА

Неверојатни сцени пред Острог: Луѓе од различни вери се собраа пред манастирот (ВИДЕО)

Манастирот Острог, вграден во карпите на црногорските планини, е едно од најпосетуваните православни светилишта на Балканот.

Неверојатни сцени пред Острог: Луѓе од различни вери се собраа пред манастирот (ВИДЕО)

Секоја година, а особено на 12 мај, кога се слави Свети Василиј Острошки, илјадници верници од целиот свет доаѓаат да му се поклонат на светецот за кого се верува дека прави чуда и носи исцеление.

Ходочасниците, многумина боси и во тишина, се искачуваат по стрмнината до манастирот, носејќи со себе завети, надежи, солзи и молитви. Некои минуваат стотици километри пеш, верувајќи дека нивната жртва ќе биде услишена. Меѓу нив има тешко болни, родители кои се молат за здравје на своите деца, жени кои посакуваат мајчинство, како и оние кои бараат внатрешен мир.

Денес, 12 мај, го славиме Свети Василиј Острошки

Пред белите ѕидови на Острог, вградени во литицата, се собираат различни животи и судбини, сите со иста молитва: „Свети Василиј Острошки, помогни.“

Дека и оваа година не е исклучок сведочи видео објавено на Инстаграм профилот „Подгорички времеплов“ каде јасно се гледаат бескрајни колони луѓе кои одат кон манастирот и многумина кои преноќиле таму за да се помолат на Свети Василиј.

„Денес, 12 мај, го славиме Свети Василиј Острошки, нашиот најголем светител и заштитник. Неговите мошти почиваат во манастирот Острог, место каде со векови се собираат верници од различни вери и народи, барајќи утеха, исцеление и благослов. Свети Василиј е роден во 1610 година во селото Мркоњиќи, а целиот свој живот го посветил на верата, молитвата и заштитата на народот.

Острог денес не е само духовен центар на Црна Гора, туку и место на чуда, надеж и заедништво, каде доаѓаат и православни, и католици, и муслимани.

На овој ден, илјадници луѓе му упатуваат молитви на Свети Василиј, благодарејќи му за чудата и силата што им ја дава на сите кои му се обраќаат. Неговото име е симбол на верата, надежта и љубовта, а манастирот Острог останува светилник на духовноста за сите генерации.

Нека ни биде Свети Василиј заштитник и застапник пред Бога — вечна му слава и благодарност!“ — стои во објавата.

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). 

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 отсто во однос на претходната одлука.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 64,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 73,5, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 75,5 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 65 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,592 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,45 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,847 отсто, кај дизелот има намалување за 1,511 отсто, кај екстра лесното масло за 1,181 и кај мазутот за 2,906 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,3599 отсто.

притисни ентер