Бајден во среда станува претседател, веднаш ќе има тешки обврски

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден во среда, на првиот ден од неговото претседателствување, ќе потпише низа декрети.

Меѓу нив е и повторното ангажирање на САД во Парискиот климатски договор, објави неговиот иден началник на канцеларијата Рон Клајн.

Еден од најавените декрети е укинувањето на забраната за влез во САД за државјани на повеќе земји, претежно со муслиманско мнозинство. Оваа забрана била изгласана само неколку дена откако Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари 2017 година.

Шефот на канцеларијата на новиот претседател не ги објасни детално сите прописи, но посочи дека тие се однесуваат на четирите приоритети на Џо Бајден, а тоа се борбата против пандемијата на коронавирус, борбата против климатските промени, економското закрепнување и борбата за социјална и расна правда.

Што се однесува до пандемијата, 46-от претседател на Соединетите држави ќе донесе декрет со кој задолжително е носење маска во простории и области, како и при патување меѓу државите, што Доналд Трамп секогаш одбивал да го стори.

На економски план, Џо Бајден исто така планира да го продолжи мораториумот на иселувањата и егзекуциите.

Новиот претседател ќе продолжи со низа други декрети во текот на првите десет дена од неговото претседателствување, до 1 февруари, додаде Клејн.

„Овие мерки ќе ги ублажат проблемите на милиони Американци кои страдаат од оваа криза“, објасни Клајн. „Избраниот претседател Бајден ќе дејствува не само за да ја поништи најсериозната штета што ја направи администрацијата на Трамп, туку и за да ја придвижи земјата напред.

Бајден вети дека ќе ја затвори страницата на арогантното и бескомпромисно однесување на Трамп и ќе ја врати американската политика во состојба на цивилизам.

Тој планира да ги укине клучните политики на Трамп - да ги врати САД во Парискиот договор за клима и да го откаже повлекувањето од Светската здравствена организација.

Но, Бајден нема да може толку брзо да го испрати Трамп во минатото, бидејќи судењето на магнатот за недвижнини може да ги засени првите денови од неговото претседателствување.

Бајден ги повика лидерите на Сенатот да избегнат преинтензивно судење за да можат да се фокусираат на потврдата на неговата администрација.

Итните точки на агендата на новата администрација се борбата против пандемијата, поврзаната економска криза и хаосот поради воведување на масовната вакцинација.

Изгледите на Бајден за спроведување на неговата програма се зголемени со неодамнешната победа на двајца демократи во трката за Сенатот во Џорџија, што резултира со еднаков број на републиканци и демократи во горниот дом на парламентот. Одлучувачкиот глас на тој начин му припаѓа на идниот потпретседател Камала Харис. Демократите исто така го контролираат Претставничкиот дом, долниот дом на парламентот.

Бајден на 78-годишна возраст ќе положи заклетва како најстар претседател во историјата на Америка. Претходно 36 години го претставуваше Делавер во Сенатот на САД, а потоа беше потпретседател во кабинетот на Барак Обама уште осум години.

Поранешниот адвокат се претстави во предизборната кампања како умерен „човек за сите“ кој може да се идентификува со проблемите на работничката класа и истовремено да прифати некои прогресивни идеи како што се борбата против климатските промени и подобрувањето на здравствената заштита.

Изборната победа на Бајден дојде по два неуспешни обида во 1988 и 2008 година, кои биле проследени со бројни семејни трагедии.

Надежите на Бајден да стане претседател брзо згаснаа во 1988 година кога беше обвинет за плагијаторски говори во изборната кампања. Во 2008 година, тој немал шанса покрај sвезда во метеорскиот подем, Барак Обама.

Кон крајот на вториот мандат на Обама, кога неговиот син умирал од рак, тој одлучил да не се кандидира повторно за претседател, туку да поминува повеќе време со своите внуци.

Првата сопруга и ќерката на Бајден загинале во сообраќајна несреќа во 1972 година, само неколку недели по неговата прва победа на изборите во Сенатот. Двата сина биле тешко повредени.

Тој го зазеде своето место во Сенатот и секојдневно патувал со воз на линијата Делавер-Вашингтон за да може да биде со неговите синови навечер. Железничкиот транспорт стана нешто како негова ознака и придонесе за неговата популарност.

Тој бил критикуван за поддршка на казнениот законик, што придонесе за големото зголемување на бројот на затвореници и за контроверзното сведочење на Анита Хил за сексуално вознемирување, момент во Конгресот со кој либералите денес не се горди.

Бајден призна дека погрешил во пристапот кон казнената политика и ветил реформи.

Кога станува збор за надворешната политика, тој навести дека ќе биде построг во трговските односи со Кина.

Но, неговиот главен приоритет е да ги врати стабилноста и компетентноста во Белата куќа. Многу луѓе избрани во неговиот тим ја одразуваат таа цел затоа што тие носат искуство и кредибилитет во кабинетот.

Анализа: Вештачката интелигенција силно ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија

Вештачката интелигенција (ВИ) во голема мера ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија, според проценката на една од најголемите банки во земјата, објавена во локалните медиуми. 

Во текстот се наведува дека денес 3,3 милиони белгиски вработени работат во области директно поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

Секој трет работник во Белгија има позитивни очекувања од распространувањето на вештачката интелигенција за подобрување на економијата во следните пет години, но 42 отсто стравуваат дека тоа ќе доведе до губење на работни места. Проценката покажува дека во една третина од работните места (1,6 милиони) денес, имплементацијата на вештачката интелигенција ќе помогне да се зголеми продуктивноста, но во 34 проценти (1,7 милиони) може да биде потребна целосна автоматизација.

Најпогодени се очекува да бидат вработени во администрацијата, каде најверојатно ќе има отпуштања, додека вештачката интелигенција ќе може да им помогне на директорите на компаниите, хирурзите и судиите без да ги смени. Досега, само 3 отсто од работниците во Белгија стравуваат дека ќе бидат погодени поради вештачката интелигенција во следните пет години, а најрелаксирани се хонорарците, покажуваат податоците. Според проценките, може да се очекува дека воведувањето на вештачката интелигенција ќе ја зголеми економијата за 0,1-0,5 отсто годишно.

Цитираните експерти прецизираат дека европското законодавство за вештачка интелигенција не и дава предност на ЕУ во однос на САД. Според нив, промените на европскиот пазар на труд ќе бидат постепени и може да се очекува појава на нови професии. /МИА

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

притисни ентер