Бајден вети одлучна борба против тргувањето со наркотици

Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа изјави дека Администрацијата ќе продолжи со борбата против опасни дроги кои илегално се криумчарени во САД преку Мексико и решавање на кризата со опиоди.

Здравствената криза во Америка е поттикната од синтетичките лекарства против болка наречени и опиоди, една од најсилните форми на вакви лекарства е фентанилот, кој се смета дека е 50 до 100 пати посилен од хероинот.

Фентанилот во САД легални и криумчарен, е од кинеско производство и затоа Бајден рече дека ќе ја „соочува Кина" околу ова прашање.

За време на средба со граѓаните во Синсинати, организирана од Си-Ен-Ен, тој изјави дека неговата Администрација значително го зголемилa бројот на вработени во Одделот за правда, каде се работи на проблемот со наркотици и опиоди.

Смртноста од предозирање во САД лани се зголемила до 91.331 лице, се дознава од податоците на државните Центри за спречување на заболувањата. Опиодите и фентанилот се нејголемите причинители.

Поранешни советници за национална безбедност на САД минатат недела потпишаа писмо до претседателот да прокламира дека фентанилот е оружје за масовно уништување.

Во меѓувреме, сојузните држави најавија склучување зделка со фармацевтот „Џонсон и Џонсон" и три други дистрибутери на опиоди во виснба од 26 милијарди долари за оштета на илјадници тужители настрадани од епидемијата со опиоди во САД во изминативе две децении.

Мичиген за прв пат во историјата воведе вонредна состојба- 50 луѓе се затрупани во урнатини

Серија моќни торнада го погодија средниот запад на Соединетите Американски Држави, што го натера Мичиген да ја прогласи својата прва вонредна состојба поради невреме.

Како што објави „Дејлимејл“, невремето доведе до уривање на дистрибутивниот објект „ФедЕКС“, по што повеќе од 50 луѓе беа затрупани во урнатините.

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Вајтмер потврди дека прогласила вонредна состојба во четири области.

„Моето срце е со сите погодени од невремето во југозападен Мичиген. Екипите за итни случаи се на терен и им помагаат на граѓаните. Ги советувам сите да ги следат предупредувањата на метеоролозите и советите на вработените во итните служби“, рече таа во обраќањето на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.

Таа потврди и дека е активиран државниот центар за вонредни ситуации.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги координираме спасувачките операции во текот на ноќта“, додаде таа.

Како што објави „Еј-би-си њуз“, ова е првпат да се воведе вонредна состојба поради торнадо во Мичиген, повикувајќи се на податоци од 1999 година. Еден од најтешко погодените е градот Портаџ, на југот на државата, каде живеат околу 50.000 жители. Невремето оштети електрични кабли, собори голем број дрвја и оштети многу куќи и згради.

„Штетата е голема, нејзиниот размер сè уште се проценува“, изјави градоначалничката Патриша Рандал за Вашингтон пост.

Најмалку 50 луѓе се затрупани во урнатините на дистрибутивниот центар „ФедЕкс“, кој се урна под налетите на ветрот. Покривот делумно се урнал, а спасувачките екипи успеале да ги лоцираат и извлечат сите работници.

Серија торнада го погодија Мичиген само еден ден откако 15 од нив пустошеа низ Оклахома.

Повеќе од 35 милиони луѓе живеат во зоната на ризик од бура и торнадо која се протега од Чикаго до Нешвил, Тенеси. Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека е можно невреме во делови од Илиноис, Индијана, Мичиген, Охајо и Кентаки.

Силјановска Давкова: Најголеми честитки за граѓаните, ова е голема одговорност

Прес-конференција на Гордана Силјановска Давкова

Таа изјави дека ќе се однесува како претседателка на сите.

притисни ентер