СветБајден: Путин е ставен во лоша позиција во однос на Украина по воведувањето на новите санкции-Навистина е многу важно да не му се даде никаков одмор, изјави американскиот претседател за неговиот руски колега.Американскиот претседател во заминување Џо Бајден синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „во лоша позиција“ откако САД и Велика Британија соопштија за воведувањето нови координирани санкции против рускиот енергетски сектор поради војната во Украина. -Навистина е многу важно да не му се даде никаков одмор, изјави американскиот претседател за неговиот руски колега. Американската и британската Влада вчера објавија нови санкции против рускиот енергетски сектор, вклучително и „Газпромњефт“, со цел да се прекине „најголемиот извор на финансирање на Кремљ“ што ја помага војната во Украина. Бајден на прес-конференција рече дека санкциите може да доведат до зголемување на цената на бензинот за три или четири центи по галон. -Но, тоа ќе има многу поголемо влијание врз капацитетот на Русија да продолжи да дејствува како што дејствуваше во водењето на војната, рече Бајден. Неколку дена пред инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, на 20 јануари, американското Министерство за финансии објави серија санкции насочени, меѓу другото, против двете главни руски компании во овој сектор, „Газпромњефт“ и „Сургутнефтгас“. Лондон воведе санкции и за двете компании, кои, според него, „самите произведуваат повеќе од милион барели нафта дневно, што по сегашните цени вреди околу 23 милијарди долари годишно“. Одлуката веднаш беше осудена од „Газпромњефт“, подружница на државната групација „Газпром“, како „неоправдана и нелегитимна“, јавија руските медиуми. Помошникот советник за национална безбедност на Белата куќа, Далип Синг, рече дека санкциите се најголемите што САД некогаш ги вовеле на рускиот енергетски сектор. -Овие санкции силно ги погодија сите клучни алки во синџирот на производство и дистрибуција на руската нафта, додаде тој. Британското Министерство за надворешни работи, исто така, изјави дека приходите од нафта се „суштински за руската воена економија и претставуваат околу една четвртина од вкупниот буџет на Русија во 2023 година“. Акциите насочени кон нафтените компании ќе ја исцрпат руската воена ризница, а „секоја рубља земена од рацете на Путин ќе придонесе за спасување на животи на Украина“, изјави шефот на британската дипломатија Дејвид Лами. Вашингтон вчера објави и санкции за околу 200 танкери што работат за потребите на Русија и се претставени како дел од таканаречената „фантомска флота“ на Москва, која се користи за заобиколување на санкциите. Некои од овие танкери се регистрирани под знамето на Барбадос или Панама. Покрај производителите на нафта и бродовите, американските санкции се насочени кон целиот синџир, што влијае на голем број посредници, даватели на услуги во нафтените полиња, како и политички претставници од секторот. Американското Министерство за финансии соопшти дека санкциите ќе стапат на сила на 27 јануари./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook