Бајден предупреди на лажниот популизам што се шири на американскиот и европскиот континент

Американскиот претседател Џо Бајден, денеска, на почетокот на самитот со лидерите на Европската унија, предупреди на „лажниот популизам" што се шири на американскиот и европскиот континент.

-Ние сме средината од застрашувачката убавина што се роди, кажа тој, цитирајќи го ирскиот писател Вилијам Батлер Јетс, пренесе Си-Ен-Ен.

Станува збор за, како што вели, големата промена во технологијата и големата промена во развојот во светот.

-Тоа предизвикува голема вознемиреност во нашите земји, додаде американскиот претседател, кој седна на големата тркалезна маса, заедно со европски претставници и членови на американската Влада.

Бајден изјави дека економските и технолошките промени предизвикаа политичка нестабилност што доведе до несреќни исходи.

-Тоа ги тера некои луѓе, кои се нешто како шарлатани, да се обидат да имаат корист од овие проблеми, додаде тој. „Тоа го гледаме во Европа и САД, го гледаме низ целиот свет – лажен популизам. Ми се чини дека најдобриот одговор за решавање на овие промени е доколку имаме околности во кои растат нашите економии и доколку тие растат заедно", порача американскиот претседател.

Бајден додаде дека сака да ги реши овие прашања за време на тековните разговори со европските лидери, еден ден пред неговото патување во Женева на средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

-Европа е нашиот природен партнер, а причината е што за тоа е што ние сме посветени на истите демократски норми, и тие се се повеќе на удар, заклучи американскиот претседател.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

притисни ентер